Фан клуб - РК Металург

Значи ни треба само 1 единствена победа од овие 3 преостанати натпревари за да останеме втори во групата... Се прашувате КАКО ? Па едноставно, имаме исто бодови со Копер, и ние и Копер играме против Хамбург до крајот уште еднаш и нормално е за очекување дека ќе изгубиме и ние и Копер од Хамбург и ни преостануваат 2 натпревари, а и двете екипи остануваат со по 9 бода ... После тоа, ние гостуваме во Плок против Висла и го губиме тој натпревар, додека Копер дома игра против Петерзбург и го добива тој натпревар (што е реално) и ние имаме 9 бода а Копер 11 и останува уште 1 коло до крајот... Во ова коло ние вкрстуваме со Копер и потребно е само против нив да победиме (автоматски они имаат пораз) и ние и Копер имаме по 11 бодови и се е јасно понатаму кој иде како второ пласиран ( ако имаат 2 екипи исто бодови, се гледаат меѓусебни дуели а ние против Копер би имале 2 победи)... END OF STORY !
една победа ама не било која туку против копер!
 
една победа ама не било која туку против копер!
Логично е да има и математика со пораз кај Цимос и победа кај Висла, па да одговара и пораз во Словенија со помалку голови од тоа што тука ги добивме, ама тоа е многу компликација безвезе.Металург може двете во гости да ги добие, АКО не си создаде дополнителен притисок самиот себе.
 
Секоја чест! Фалат вакви моменти во Македонскиот спорт. Искрено се надевам дека ќе продолжат вака да не радуваат со години.

Еве едно видео со репортажа и интервјуа за легендарниот пласман на Металург во 1/8 финалето.

Металург меѓу 16-те најдобри во ЛШ
http://mesto.com.mk/video/HDA24AO3R295/Металург-меѓу-16-те-најдобри-во-ЛШ
 
Кога Металург го игра наредниот натпревар во Скопје и во која сала? :) :) :)
 
Натпреварите со Босна се играат оваа недела и вторник во Автокоманда? Ако е така, во колку часот се ? :)
 
Натпреварите со Босна се играат оваа недела и вторник во Автокоманда? Ако е така, во колку часот се ? :)
Босна не сакала да игра со Металург :icon_lol:
Толку е за оваа полусезона за Металург:)
 
Натпреварите со Босна се играат оваа недела и вторник во Автокоманда? Ако е така, во колку часот се ? :)
Мислам дека нема да се одиграат....
Босна не прифаќа да се играат мечевите до Нова Година...поради беспарица....
Па најверојатно ќе се одиграат на пролет(доколку продолжат да играат Босанците,имаше најави дека ќе се откажуваат од СЕХА):eek:
 
Ахам..Фала :) Мислев да одам ама штом се одложени..наредниот пат :P
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom