N
Nicky Santoro
Гостин
една победа ама не било која туку против копер!Значи ни треба само 1 единствена победа од овие 3 преостанати натпревари за да останеме втори во групата... Се прашувате КАКО ? Па едноставно, имаме исто бодови со Копер, и ние и Копер играме против Хамбург до крајот уште еднаш и нормално е за очекување дека ќе изгубиме и ние и Копер од Хамбург и ни преостануваат 2 натпревари, а и двете екипи остануваат со по 9 бода ... После тоа, ние гостуваме во Плок против Висла и го губиме тој натпревар, додека Копер дома игра против Петерзбург и го добива тој натпревар (што е реално) и ние имаме 9 бода а Копер 11 и останува уште 1 коло до крајот... Во ова коло ние вкрстуваме со Копер и потребно е само против нив да победиме (автоматски они имаат пораз) и ние и Копер имаме по 11 бодови и се е јасно понатаму кој иде како второ пласиран ( ако имаат 2 екипи исто бодови, се гледаат меѓусебни дуели а ние против Копер би имале 2 победи)... END OF STORY !