Кој е најздрав начин на слабеење?

  • Креатор на темата Креатор на темата invisible54
  • Време на започнување Време на започнување
Мислам дека најздрав начин на слабеење е сексот. Има 2 месеци откако идеме со женска ми и падна од 85 на 65, ваљда сум јако путоклепало :D

Шала на страна: Мислам дека тоа е до психата, имав познаничка која за во рок од 3 месеци падна мн килограми само од посабаљечко трчање и јадење само вечера по 1 чинија супа. :)
 
не те сфатив...мислиш на апчето или калориите...оти калории не спомнав. Јадење зелка за 7 дена и слабеење е лудост чии последици ги имам приметено кај некои мои колеги. Ќе се воздржат со вакви ригорозни методи (исклучиво на зелка или сличен производ наместо да ги отстранат причините-неактивност и еднолична исхрана) месец, два, три...после се фрлаат на уште повеќе јадење. Башка што и одреден број калории се потребни за секојдневно функционирање, и масти...вакви шок терапии подоцна (во подоцнежни години) само му штетат на организмот (кој шеќер, кој холестерол...). Инаку дел од дебелеењето и здравствените проблеми е резултат и на нискиот животен стандард.
Уосталом, еве што придонесува за забуната кај нас...првото видео, многу добар опис
http://forum.kajgana.com/threads/Никола-Тодороски-љ.55019/
стануваме со мисла што да каснам за здравје, живееме со што да каснам за здравје. И наместо да одиме за викенд на излет на планина, на пешачење вон градот, ни ги донесоа пешачките патеки и карпите за качување во градот...да не се помрднуваме. Фудбалче во маало, брканица, џамија...немам видено десетици и повеќе години. Затоа се повеќе напор, пари и храна се вложува во слабеење, нешто кое ние без напор сме го постигнувале иако не сме знаеле за јх или за масти. Срцеви заболувања воглавно беа болест на директорите, шеќерот беше болест на постарата генерација (пензионерите). Сега од толку здрава храна, суплементи и списанија, стануваме се понездрави, се помлади имаат вакви заболувања.

за апчето :D Иначе факт е дека кој сака да ослабе може да јаде колку сака зеленчук !! Најоптимално е да ги избере оние со најмалку калории што ќе го заситат.. Спанаќ,зелка,краставица и др.. 2-3 кила од нив да изедеш нема ни 500 калории да направиш а ќе те заситат и ќе ти остават простор да каснеш нешто друго со тоа.. А не да се купуваат суплементи за слабеење..

И да неактивноста си го прави своето и мрсна храна..
 
Пазење шо и кога се јади, зелен чај и физичка активност било работата или трчкарање или пак возење точак. Не пушам цигари, не пијам газирани сокови, а хамбургер јадам еднаш месечно.
Жив пример сум јас. Јануари имав негде 92-93 кила...сега сигурно имам 5-6 помалце и секогаш кога си одам дома мајка ми ми вика: Абе ти секое идење се послаб си од претходно :pos: А и по облеката си гледам. Фармерки што одвај ги запетлував сега ми се широки :ROFLMAO:
 
Ме интересира како успевате психички да се справите со гладот?Бидејки јас некое време се обидувам да ослабнам,и вака кога ке читам нешто за слабеење со полн стомак си викам ајде од утре вртам нов лист,почнувам здрава исхрана ама кога ке почне да кркори мешето го мењам мислењето и си се најадувам :) Проблемот е што во последно време стварно имам апетит повеке од порано,па и дека сега учам за колоквиуми мислам дека ке се здебелам месецов 5 кг минимум.Имате ли вие поголема потреба од храна,особено благо при интелектуален напор и како се справувате.Ајде кажувајте чаре оти отидов јас во тешка категорија :S
 
а добро, има некој ослабнато со физичка активност?
дај кажете што вежби сте праеле :D

Минатото лето се попраиф 6 кила. Како? Ждерење се и сешто, јадење тешка храна навечер (особено благо и тестасти ствари - лиснати буреци ау)
И од септември 2010 се стаив не на диета туку решив да сменам начина на исхрана. Исфлив: вештачки мармалади, паштети, сувомеснато, кашкавал, сирење но не целосно, (не јади мн козјо масно е) ЛЕБ и се што е поврзано со пченкарно брашно (барем според мојата нулта крвна група тоа ми смета) благо никако... само не укинувај нагло тешко ке ти дое и ќе сакаш да се откажеш, така витанова нешо коа ке ти се пријаде...

Внесувај насабајле овошје (особено јужно - најбитно ананас има мн поташа помага во ензимските реакции) па после малце двопек со путер и брокула на пример и остатокот од денот само протеини, месо туна, млеко, кефири јогурти така нешо. Зеленчуци - брокула, зелка, цвекло, домати краставици се... Мн е битно ја кснуваш и по малку бадеми ореви лешници али само пола рака онака... не е убаво мн ако ги јадеш можат да имаат обратен ефект.

Паралелно идев на пилатес и уште идам.

А резултатот - можеш да го замислиш каков е за 8 месеци 7 кила симнав и неам ни целулит ни стрии нишо. Само мускул ;) И баш поради тоа највеќе се нервирам коа некој пополничок ке каже: Јас неможам да ослабам. АКО СЕ САКА СЕ СЕ МОЖЕ.

И братче за вежби имаш на нет. Али да не се лажеме - дома кој почнал да вежба скоро сите се откажале. Друго е у сала или теретаана, глеаш сите вежбаат ке вежбаш и ти. + за џабе пари ли даваш? ;)
 
Ме интересира како успевате психички да се справите со гладот?Бидејки јас некое време се обидувам да ослабнам,и вака кога ке читам нешто за слабеење со полн стомак си викам ајде од утре вртам нов лист,почнувам здрава исхрана ама кога ке почне да кркори мешето го мењам мислењето и си се најадувам :) Проблемот е што во последно време стварно имам апетит повеке од порано,па и дека сега учам за колоквиуми мислам дека ке се здебелам месецов 5 кг минимум.Имате ли вие поголема потреба од храна,особено благо при интелектуален напор и како се справувате.Ајде кажувајте чаре оти отидов јас во тешка категорија :S

па немој да се пресекуваш "од утре не јадам ништо друго, само здрава храна". нишо нема да напраиш така. пробај 2-3 недели да користиш црн леб. кога целосно ќе се одвикнеш од белиот леб, пробај да намалиш со чоколатца и чипсови, па за неколку месеци ќе ги исфрлиш СКРОЗ од својата исхрана. а у меѓувреме оди до виталиа или хербалајф и нарачај си соја млеко, милкшејк нешо ово оно, и за помалце од година кје успееш пополека да ги отстраниш сите лоши навики. немој одеднаш бидејќи премногу ќе го напнеш организмот и нема да ти успее бидејќи си велиш "ај денес ќе напраам исклучок и ќе јадам се што сакам бидејќи неможам се одеднаш" и повторно ќе се опуштиш. :)
 
Ах, пак тие со млекото од соја. :confused: Кога ќе научи народов дека се што лета не се јаде!!! Па уште хербалајф го асоцираш со здрава храна??? o_O
 
Овошје претпладне, пилешко, риба или (ајде...)мелено со салата за ручек, несолени бадеми, лешници ин медиас рес, за вечера малку салата или туна или ништо, вкопмонирано со мноогу вода дневно и солиден кардио/strenght тренинг барем 4хнеделно и ќе викаш Еурека!
Што се однесува до секакви суплементи освен витамини,минерали важи `не бије бој свијетло оружје веч га бије срце јуначко`.
 
Ах, пак тие со млекото од соја. :confused: Кога ќе научи народов дека се што лета не се јаде!!! Па уште хербалајф го асоцираш со здрава храна??? o_O

наведов хербалајф бидејќи има многу производи кои помагаат за намалување на телесна тежина и губење на маснотии :cautious:
 
наведов хербалајф бидејќи има многу производи кои помагаат за намалување на телесна тежина и губење на маснотии :cautious:
Постојат многу здрави начини на намалување на телесна маса и губење сало, но за жал ХЛ не е еден од нив.
 
LOL , Хербаллајф .. GTFO со таа реклама ..

Слабеење = трачање
Немој да мислете дека ќе дремете на гзот и ќе направете тело со пиење на чаеви од некои тревки .. dont be dumbasses ..
 
Редовна физичка активност, ако е координарана од професионалец уште подобро, и здрава, разновидна храна во нормална мера
 
Пробав сама и не успејав да симнам ништо од мојата тежина, тоа си варираше плус минус пет. Откако отидов кај нутриционист толку ми ја наполни главата со што треба а што не и кога што и како се јаде, што со што не се меша мојот ефект имаше гооооолеми резултати. Отсекогаш сум била слаба ама во бременост од 50 на 80. Сега сум си пак на 50. Многу ми помогна и орбитрек секој ден по пола сат ништо више. Се живо ме болеше ми се спиеше ама вртев секое сабајле понекогаш и навечер
Кој сака да ослабне прво мора да стави во глава дека навистина сака, јака воља, да знае дека овошје не се јаде веднаш по ручек, или вода не се пие додека се јаде......
 
Orbitrek-Elite-Elliptical-Machine.jpg

Јаже+стомачни+вратило+склекови.
И едно тегче за бицепс и трицепс.
И амино како додаток.
За 6 месеци треба резултати.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom