По завчерашниот пораз и сознавањето дека не е крај на светот, продолжуваме понатаму фокусирајќи се на она што ни преостанува.
За ЛЕ мое мислење е дека воопшто не треба да се замараме. Се согласувам со тоа дека би било одлично искуство за младите играчи, но ако сакаме да постигнеме успех ќе мора да се игра и со доста поискусни(што претставува ризик за нови повреди кои можат и те како да ни отежнат во трката во ПЛ) бидејќи квалитетот на противниците не заостанува многу од оние во ЛШ. Сепак останува да видиме во каков ритам и форма ќе се наоѓа Манчестер во средината на фебруари, тогаш многу полесно ке може да се одлучи дали вреди да се тргне и по тој трофеј.
Што се однесува до ПЛ, нешто што ни се погоди оваа сезона е распоредот. Нејќам ни да помислам како ќе ни беше сега да ги игравме натпреварите со Тотенхем, Арсенал, Челси кои ги изигравме на почеток од сезона. Иако до нова година неаме дерби дуели, никако не смееме да ги потцениме и послабите екипи (многу често знаат да бидат и те како незгодни противници). За разлика од нас Сити имаат 2 дерби дуели и со тоа очекувам до нова година да им се доближиме на 2 или 1 бод. Никако не смеам да ги заборавам и Тотенхем (кои најверојатно ќе испаднат од ЛЕ и со тоа кажуваат дека ќе се борат за висок пласман у ПЛ) кои по почетните 2 порази имаат 10 победи и 1 нерешена и со тоа со натпревар помалку се на -2 бода од Јунајтед. (типувам дека ќе кикснат со Стоук ова коло а и време им е веќе
)
За капитенов ептен ми е криво што оваа сезона вака ќе му пројде ама ајде еве шанса на другиве да се покажат, па после и нив да ги величаме. Во отсуство на Чича и Бербатов (нели имаше некоја повреда, незнам дали ќе биде фит) очекувам Руни да си ја удри главата од ѕид и да свати дека сега е најпотребен и да се жртвува како што тоа го праеше изминатите сезони. Со Волвс нема да биде воопшто лесен меч (никад и не бил лесен со нив) но се надевам дека фудбалериве сватиле дека несмеат да ни приредуваат уште изненадувања. (типувам на победа со резултат 2-1
)