Ако сакаш таков да ти биде оризот, ќе земеш во тавче на загреано масло ќе пржиш прво кромид една главица, сецкан и ќе додадеш сецкан морков во него и пржиш уште некоја минута...Потоа го ставаш оризот во кромидот и со непрекинато мешање пржиш 2-3 мин ( така ќе спречиш оризот да се навари и зрната ќе останат покомпактни...) Потоа ја тргаш тавата од шпорет...
Во тава округла за печење ја истураш смесата и врз неа посипуваш зовриена вода, колку да го покрие оризот...Колку ставаш повеќе вода и динсташ, толку оризот повеќе се наварува и станува густ и течен...Затоа помалку вода...
По желба заедно со кромидот можеш да ставиш и бибер, вегета, магдонос итн... Или пак со копанчиња да го направиш...
Во поголемите маркети имаш од поситниот ориз, со помали и потенки зрна, а имаш и интегрален ориз...И тој ти е исто така добар за вакво јадење