Сакам да зготвам: ... помош!

@cool@

Η Μακεδονία δεν είναι Ελληνική
Член од
2 јуни 2007
Мислења
23.601
Поени од реакции
27.114
Рецепт некој да не знае за пржени банани
преполовени банани, издлабени -наполнети со чоко-трошки или изрендано чоколадо и на зејтин пропржени дур не се растопи чоколадата .Ко додаток кон нив- сладолед;)
ЛИНК
 
Cannabinoid

Cannabinologist, MMD
Член од
18 јануари 2008
Мислења
597
Поени од реакции
466
Тава ориз во рерна на кинески начин?

Ама сакам оризот да биде разделен/одвоен ко кинезине што го прават, да не биде споен ко италијанското кашесто ризото!

Фала ви однапред. :)
 
Член од
6 декември 2011
Мислења
2.027
Поени од реакции
3.357
Тапа сум со готвењето не знам ни јајца да спржам ни кафе да направам. Моментално имам салеп млеко и желба за пиење што треба друго да додадам и да направам нема кој да го направи а ако почнам да го правам знам дека ке испаднит нешто или преблаго или не знам какво ама нема да е за пиење, што е најтрагично ја нема ни паковката од салепот на неа имаше како се подготвува ама не можам да ја најдам. Ве поканувам на салеп ако си го направите сами :)
 
Член од
19 март 2011
Мислења
1.432
Поени од реакции
2.543
Тава ориз во рерна на кинески начин?

Ама сакам оризот да биде разделен/одвоен ко кинезине што го прават, да не биде споен ко италијанското кашесто ризото!

Фала ви однапред. :)
Ако сакаш таков да ти биде оризот, ќе земеш во тавче на загреано масло ќе пржиш прво кромид една главица, сецкан и ќе додадеш сецкан морков во него и пржиш уште некоја минута...Потоа го ставаш оризот во кромидот и со непрекинато мешање пржиш 2-3 мин ( така ќе спречиш оризот да се навари и зрната ќе останат покомпактни...) Потоа ја тргаш тавата од шпорет...
Во тава округла за печење ја истураш смесата и врз неа посипуваш зовриена вода, колку да го покрие оризот...Колку ставаш повеќе вода и динсташ, толку оризот повеќе се наварува и станува густ и течен...Затоа помалку вода...

По желба заедно со кромидот можеш да ставиш и бибер, вегета, магдонос итн... Или пак со копанчиња да го направиш...
Во поголемите маркети имаш од поситниот ориз, со помали и потенки зрна, а имаш и интегрален ориз...И тој ти е исто така добар за вакво јадење :)
 
Хаха, неверојатно, ја имаме истата рецепта! :)
Разликата кај мене е што јас ставам нешто повеќе вода т.е. 1 цм над покриениот ориз. Следејќи ја мојата рецепта супер ми излегува споениот ориз, без разлика дали е со копанчињата/бело месо или без нив. Но, би сакал да ја научам и другата варијанта со одвоените зрна.

Ај прво да пробам со помалку вода како што ми предложи, па доколку не испадне како што сакам, тогаш ќе ја побарам рецептата од тетка ми (веќе 40 год. одвоени ги прави зрната). ;)

П.С. На 180°C печеш или? И колку минути отприлика во рерна?
Thx a lot again! (y)
 
Многу е битно и повеќе да го испржиш оризот, во кромидот кога ќе го ставиш, али мораш непрекинато да мешаш за да не ти се залепи...Значи отприлика околу 2-3 мин го пржиш...И помалку вода се разбира...
Тавата ќе ја ставиш во загреана рерна на 200 C и кога ќе почне да зоврива намалуваш на 150 -160 C.
Јас на долниот дел од рерната ја ставам тавата...
 
Kaiser

Hidden Fortress
Член од
6 мај 2011
Мислења
3.202
Поени од реакции
2.443
Можно е оризот и да не биде пржен (за тие што пазат на калории или сакаат попосно јадење) но многу е битно да се погоди количината на вода во оризот. Еднаш се става на почеток и треба да се темпира кога е испарена да е готов. Ако се додаде вода накнадно се раскашавува и почнува да се лепи.
 
Олимпија

Македонија во срцето!!!
Член од
26 март 2008
Мислења
5.624
Поени од реакции
9.146
..И помалку вода се разбира...
Ако оризот нема доволно вода како ќе се свари? Сигурно нема да јадете потпржен и несварен ориз.
Јас знам дека вода во ориз се става 2:1 т.е една шоља за кафе ориз и две шољи вода.
Иако јас практикувам да ставам една шоља вода помалку. Значи ако стаам 3 шољи ориз, ставам 5 шољи вода....наместо 6 :) И го печам 30-40 минути додека да ја впие/испари водата на 250 степени.
До сеа не сум утнала коа сум го праела така и ми се двоеле зрно по зрно, а оризот бил топ.
 
Хмм, мора на 250°C?
Прво ми делуваат премногу овие 250°, а проблем е што ќе треба и ново малсо да купувам - некое што нема да стане канцерогено на таа температура (рафинираното масло од авокадо мислам имаше точка на чадење околу 270°C).

Thx. :)
 
Да ти кажам право ја се печам на 250 степени, освен ако не ми е посочено у рецепт дека треба на пониска температура :D
 
Kaiser

Hidden Fortress
Член од
6 мај 2011
Мислења
3.202
Поени од реакции
2.443
Хмм, мора на 250°C?
Прво ми делуваат премногу овие 250°, а проблем е што ќе треба и ново малсо да купувам - некое што нема да стане канцерогено на таа температура (рафинираното масло од авокадо мислам имаше точка на чадење околу 270°C).

Thx. :)
Јас никогаш не печам на повеќе од 200°C макар траело и подолго од истата причина која и тебе ти е битна :).

Најчесто готвам или пржам со кокосово ладно цедено масло затоа што е од ретките што не менува структура на висока температура (не станува канцерогено) а и вкусот што го дава е феноменален :) .
 
Член од
19 март 2011
Мислења
1.432
Поени од реакции
2.543
Ако оризот нема доволно вода како ќе се свари? Сигурно нема да јадете потпржен и несварен ориз.
Јас знам дека вода во ориз се става 2:1 т.е една шоља за кафе ориз и две шољи вода.
Иако јас практикувам да ставам една шоља вода помалку. Значи ако стаам 3 шољи ориз, ставам 5 шољи вода....наместо 6 :) И го печам 30-40 минути додека да ја впие/испари водата на 250 степени.
До сеа не сум утнала коа сум го праела така и ми се двоеле зрно по зрно, а оризот бил топ.
Јас никогаш не мерам колку ставам ориз, а колку вода...Си знам "од око" колку треба да ставам и секогаш ми испаѓа како што сакам...Иако за оризот има некои правила колку треба вода...
А што е со други јадења...? На пример -Во колку вода треба да се вари гравчето за да направиш тавче-гравче после тоа? Или мусака кога правиш- во колку вода треба да се динста смесата во тавата...? Итн.....
Тука нема мерки, во dl, l или kg...Треба ориентационо да се знае...
 
Олимпија

Македонија во срцето!!!
Член од
26 март 2008
Мислења
5.624
Поени од реакции
9.146
Јас никогаш не мерам колку ставам ориз, а колку вода...Си знам "од око" колку треба да ставам и секогаш ми испаѓа како што сакам...Иако за оризот има некои правила колку треба вода...
А што е со други јадења...? На пример -Во колку вода треба да се вари гравчето за да направиш тавче-гравче после тоа? Или мусака кога правиш- во колку вода треба да се динста смесата во тавата...? Итн.....
Тука нема мерки, во dl, l или kg...Треба ориентационо да се знае...
За други јадења ставам вода од око, ама за ориз ако не му стаиш доволно вода зрната нема да набабрат и ќе биде тврд за јадење т.е несварен.
За мусака, гравче тавче или друго јадење шо се пече (само не ориз :) ), секоаш ставам вода колку да се покријат компирите, гравчето.....
А и кога варам јадење пред печење мерка за вода зиам ориентационо. Еднаш ако не се погоди јадење, канта ќе го јаде 100 % :pos:
 
bobipp

Let's cook!
Член од
15 август 2008
Мислења
11.980
Поени од реакции
7.119
Јас никогаш не печам на повеќе од 200°C макар траело и подолго од истата причина која и тебе ти е битна :).

Најчесто готвам или пржам со кокосово ладно цедено масло затоа што е од ретките што не менува структура на висока температура (не станува канцерогено) а и вкусот што го дава е феноменален :) .
Абе фудбалер, ти и по готвењето си бил, а? Добар... :) А кај го купуваш тоа кокосово масло и колку пари е?
 
Kajgana Shop

На врв Bottom