Ако добро се сеќавам мојата "најголема кражба" беше во 4то одделение се собравме 5 души и си рековме ќе украдиме нешто од продавница.....
И сеа смисливме "операција", еден да влезе да ја забушоткува продавачката,другите 4ца да земаат од картонот со смоки...
Арно ама тоа скалите тесни,па рековме сите еден по еден ќе земат по 1-2 пакетче со смоки.. сите одат по ред,јас последен....
И таман ги зедов тоа смоките ме фати паника станав и ме виде продавачката!
И ние шпринто низ долот бегаме дали бегаме,раце и нозе ни се тресат и го чекаме другарчево да се врати што беше во продавницата.Се враќа тој и ни вели:
-Сега ме претресуваше мене дали украдов нешто и ме прашуваше како се викате и во кое училиште учите...
(училиштето беше само 50тина метри оддалечено...)
И тој им кажал се.
Другиот ден се начекавме 4цата (5тиот не беше дојден на школо) и се договоривме да го налепиме него....
Демек тој не терал да го правиме ова,тој бил некој си манга.....
И после часовите од школо отидовме во продавницата и се извинивме на продавачката и ден денес кога ќе поминам тука се присетувам на оваа кражба....