Власта ќе бара 10.000 евра за лиценца за веб медиум?

  • Креатор на темата Креатор на темата Топче
  • Време на започнување Време на започнување
А целата убавина и придобивка на интернетот е баш тоа, секоја будала да си отвори портал, сајт, блог и да пишува што сака, вклучително и типови како авторот на текстот, не знам на квази-фашистичкиот тип што му пречи да има што е можно повеќе портали, ако не се квалитетни, нема да бидат читани и посетувани, никој не губи да постојат.

А со вакви мерки само повеќе револт се ствара кај луѓето, што би било следно, секој треба да плати за да напише мислење на форум, и ако во рок од 24 часа никој не го „лајкне„ неговото мислење, да плати дупло.

Авторот слободно може да емигрира во Кина, С.Кореја, Иран или некое друго егзотично место, ќе му одговара.

На место ти е коментарот, само би те надополнил дека без разлика какви "будали", "копуци" или не знам какви луѓе ќе отворат Интернет портали, сајтови, блогови и слични Интернет содржини и ќе пишуваат што сакаат, сепак никој не не тера со сила да ја прелистуваме содржината на истите тие Интернет портали, сајтови, блогови и слични Интернет содржини.

Како што никој не не тера со сила да ги читаме одреден весник, одреден магазин, одредено списание или одредена книга, како што никој не не тера со сила да слушаме одреден радио канал или да гледаме одреден телевизиски канал, така никој не не тера со сила да прелистуваме одредени Интернет содржини, сето тоа е прашање на избор, така да, без разлика за какви "будали", "копуци" или не знам какви луѓе станува збор, сепак, никој не не тера со сила да им обрнуваме внимание, па така и господинот Златко Манчевски никој не го тера со сила да им обрнува внимание на тие луѓе.
 
па затоа, лиценците да бидат бесплатни и да ги дава здружение на новинари или медиуми.

А зошто некои си таму кои си направиле здружени ќе треба да кажат дали јас ќе можам или нема да можам да имам портал? Или истото тоа да го врши некое друго тело формирано од владата или собранието?

Да не треба и лиценци за блоговои?
 
Мислам дека треба да се прави разлика помеѓу лично мислење и мислење кое влијае врз општото мислење. Значи друго е некој на форум да ги каже своите ставови а друго е некој да се представи како новинар и да пишува неточни или извртени информации.
Според мене треба дефинитивно да се стави ред особено во новинарството и медиумите кои имат поголемо влијание во етерот. И тука не зборам само за интернет порталите туку и за телевизиите.
Неможе некоја телевизија како Сител или Канал 5 да си дозволот „шпиц„ термините да ги поминуват со Индиски, Турски и не ти знам какви сапуници. За тоа според мене исто треба да има регулатива. Треба исто да се регулират и информациите кои не се точни и кои ни ги палсират некој квази новинарчиња, најдобар пример за вадење информации од контектс беше на времето сега веќе покојниот А1 а по негови стапки продолжија порталите Скај и инфо плус. Според мене секој новинар треба да биде професионален во својата област и кога информира тоа треба да биде коректно и врз база на сигурни податоци, а не рекла казала како на улица. За тоа треба да се носи одговорност и тоа е така секаде во светот. Кај нас е проблемот тоа што демократијата често ја сфаќаме како анархија, па така секој обид да се стави ред се оквалификува како диктатура.
 
Уште интернетот да се цензурира...да ти се плукнам во државата ... колку што знам ваков закон им само во северна кореја , кина и уште една држава ако не грешам.
 
А зошто некои си таму кои си направиле здружени ќе треба да кажат дали јас ќе можам или нема да можам да имам портал? Или истото тоа да го врши некое друго тело формирано од владата или собранието?

Да не треба и лиценци за блоговои?
заради професионалност
 
За тоа според мене исто треба да има регулатива. Треба исто да се регулират и информациите кои не се точни и кои ни ги палсират некој квази новинарчиња, најдобар пример за вадење информации од контектс беше на времето сега веќе покојниот А1 а по негови стапки продолжија порталите Скај и инфо плус. Според мене секој новинар треба да биде професионален во својата област и кога информира тоа треба да биде коректно и врз база на сигурни податоци, а не рекла казала како на улица.

А што, ти као се сметаш за кадарен да ги исправуваш информациите и да ги враќаш назад во контекст? Зошто мислиш дека ако ти сметаш дека се надвор од контекст, сите го сметаат истото?

Јас следам интернет портали од Италија, конкретно спортски портали. Таму, како и секаде новинарите шпекулираат во врска со играчи, трансфери, клубови. Што, треба да им се забрани тоа и да изнесуваат 100% сигурни информации? Уствари да бе, А1, Скај, Плус Инфо беа медиумите на опозицијата, тие треба да се затворат затоа што под дифолт изнесуваат неточни информации и вадат реченици од контекст...
 
Мислам дека треба да се прави разлика помеѓу лично мислење и мислење кое влијае врз општото мислење. Значи друго е некој на форум да ги каже своите ставови а друго е некој да се представи како новинар и да пишува неточни или извртени информации.
Според мене треба дефинитивно да се стави ред особено во новинарството и медиумите кои имат поголемо влијание во етерот. И тука не зборам само за интернет порталите туку и за телевизиите.
Неможе некоја телевизија како Сител или Канал 5 да си дозволот „шпиц„ термините да ги поминуват со Индиски, Турски и не ти знам какви сапуници. За тоа според мене исто треба да има регулатива. Треба исто да се регулират и информациите кои не се точни и кои ни ги палсират некој квази новинарчиња, најдобар пример за вадење информации од контектс беше на времето сега веќе покојниот А1 а по негови стапки продолжија порталите Скај и инфо плус. Според мене секој новинар треба да биде професионален во својата област и кога информира тоа треба да биде коректно и врз база на сигурни податоци, а не рекла казала како на улица. За тоа треба да се носи одговорност и тоа е така секаде во светот. Кај нас е проблемот тоа што демократијата често ја сфаќаме како анархија, па така секој обид да се стави ред се оквалификува како диктатура.

Единствената потребна регулатива околу новинарското известување, е новинарите да бидат обврзани да ги прикажат целосно информациите кои ги објавуваат и да го посочат изворот од кој дошле до конкретните информации, а за тоа како новинарите ги сфаќаат тие информации, тоа веќе е заштитено со правото на независно и слободно самоопределување и независно, слободно и јавно самоизразување.

Доколку новинарите ги објавуваат информациите целосно, а не само делумно за да предизвикуваат збунетост и за да ја испревртуваат вистината и манипулираат со неа, и доколку новинарите ги објават изворите од кои дошле до таквите информации, се ќе биде во ред во новинарството.

Кога сме кај турските и индиските серии, тоа е работа на уредувачката политика на конкретниот медиум, а ако добро помнам, во Македонија со закон телевизиите се обврзани одреден процент од нивната дневна програма да биде на македонски јазик, така да, што ќе емитуваат телевизиите и во кој временски период, е нивна работа, а колкав процент од програмата е на македонски јазик е работа на државата.

Јас мислам дека најдобро решение за независност на македонските медиуми е решението кое летото 2011 го предложи Александар Чомовски на една јавна дебата организирана од страна на ЗНМ ако добро помнам:

Сите медиуми да бидат акционерски друштва, нивните акции да се продаваат на Македонската Берза и така независно да се финансираат.

Но кога сме кај Интернетот, неговата цензура во било која форма не доаѓа во предвид.

Додека телевизијата во Македонија сеуште не е дигитална, поради што некои граѓани можат да си дозволат, а други граѓани не можат да си дозволат некои канали да им бидат достапни доколку сакаат да ги гледаат, а други канали да им бидат недостапни бидејќи не сакаат да ги следат, Интернетот од друга страна е целосно дигитален и секој од нас може да си воведе цензура дома, никој со сила не не тера да ги читаме информациите и коментарите кои се објавени на одреден веб сајт.

Интернетот е библиотека со неограничени количини на информации, да го објавиш своето лично мислење за било што на некој Интернет портал или на приватен блог или слично, е исто како да пишуваш книга, и исто како што никој не може да ги забрани продажбата и читањето на твојата книга, така и твоето мислење на Интернет никој не може и не смее да го цензурира.

Мојата борба од Адолф Хитлер денес е достапна за продажба во македонските книжарници и за читање во македонските библиотеки, а претставува многу поопасно средство за ширење на национална омраза, раздор и нетрпеливост, во споредба со ставовите на одредени луѓе објавени на Интернет.
 
А која е таа света инквизаторска комисија која што ќе одреди што вистина а што не, што професионалност а што не.

Или 10000 евра се доволен аргумент кој што олигархијата која што владее со телевизиските медиуми само таа со нејзината вистина да биде застапена на македонскиот дел од интернетот?
 
Тоа е најтрагикомично во ситуацијава, одредени индивидуи се сметаат за кадарни да оценуваат квалитет на информација, како и тоа дека знаат што одредена индивидуа сака да чита.
 
заради професионалност

Што е тоа професионалност? Кој медиум е професионален? Од десет члена на Кајгана ќе добиеме барем 5 различни одговори.

Зошто некоја си комисија ќе утврдува кој портал ќе биде професионален и треба да постои, а не тоа да го одлучат читателите?! Доколку некој портал си има читатели тој треба да постои, а не да одредува некоја комисија составена од разни експерти и стручњаци.

Јас не познавам такви луѓе кои што ќе можат тоа да го одредат, ако некој познава нека каже. Кои се тие луѓе на кои ќе им дозволите да одлучуваат како ќе бидете (професионално) информирани и слично?
 
Мислам дека треба да се прави разлика помеѓу лично мислење и мислење кое влијае врз општото мислење. Значи друго е некој на форум да ги каже своите ставови а друго е некој да се представи како новинар и да пишува неточни или извртени информации.
Според мене треба дефинитивно да се стави ред особено во новинарството и медиумите кои имат поголемо влијание во етерот. И тука не зборам само за интернет порталите туку и за телевизиите.
Неможе некоја телевизија како Сител или Канал 5 која е најдобар пример за вадење информации од контектс како што беше на времето сега веќе покојниот А1 Кај нас е проблемот тоа што демократијата често ја сфаќаме како анархија, па така секој обид да се стави ред се оквалификува како диктатура.

Си дозволив да те поправам, имаше грешка во реченицата. Е вака е точна.

И бидете барем еднаш реални во животот, абе барем еднаш. Диктатура е ова што се прави, класична диктатура!
 
Ставање ред си нема врска со диктатура. Ако е така Германија е најдиктаторската земја во светот. Секаде во цивилизиранит свет се знае што смее и кога смее да се прикажува во етерот. Плус ако некој сака да го формира јавното мислење тоа треба да биде професионално а не по принципот рекла казала. И кога викам треба да се стави ред тоа важи за сите не само за одредени медиуми.
На пример мислам дека македонската телевизија иако во последно време има подобрување, сеуште е некако без концепт и дават сваштарии што не доликува на една национална телевизиска куќа плаќана од средства на граѓаните. За МТВ треба да има посебен закон со кој точно ќе им биде наложено што и кога ќе прикажуват.
 
Кој не знае сега треба да прочита малку историја за тоа која е целта на интернетот, значи бил направен за во случај на било каков напад на САД и било што да се случи т.е било каква катастрофа, Интернетот да си ја обавува својата функција и едноставно нема како да се контролира. Етерот што го издава Државата под концесија т.е радио фрекфренциите на кои се емитуваат радиата и телевизиите може да се контролираат.
Како што експертот наведува Македонскиот Веб просторот, таа работа не постои т.е страниците се хостирани на некои сервери било во Македонија било во странство. И еве ако некоја од тие страници нема лиценца тоа не значи дека нема да ја има на интернет, ќе побараат сервери некаде во странство и таму ќе ја хостираат и пак ќе ги постојат.
Работата е што некои немаат основно познавање на интернетот и како функционира и тресат зелени
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom