- Член од
- 4 октомври 2010
- Мислења
- 8.220
- Поени од реакции
- 14.495
УЕФА е една голема бирократска, коруптивна, клиентелистичка органзација. Како се повеќе ќе зајакнува на сметка на клубовите, така се повеќе ќе биде опасна и штетна.Платини отсекогаш ми бил одвратно лигле, никогаш не сум можел да го смислам, не знам како тогаш го избраа.
Платини со носталгични приказни за фудбал кој ќе се игра за љубов, разни приказни за враќање на фудбалот, со кампања за помалите и послабите (што е право и им помогна со тоа што влегуваат почесто во ЛШ, а да не зборуваме во ЛЕ, но не сум сигурен дека тоа донесе квалитет, а ЛЕ му е тотален промашај), успеа да победи и да постави таква мрежа која тешко може да се урне. Секако, овие бајки беа само маска, сега на чело го држи корупцијата, односно големите пари кои се влеваат во касата на УЕФА, а платини ги користи за корупција на националните сојузи. Ако ви текнува на иницијативата во македонскиот фудбал за менување на Хари и компанија, тогаш дојдоа разни бирократски претставници од УЕФА и го штитеа. Тоа беше пример на дело како функционира корупцијата во УЕФА, а притоа да има врска и со нас.
Кој ги прати работи ќе најде слични вакви примери, посебно во источна Европа.
Уште една голема утка му е и фер плеј правилото. Тоа е само уште едно правило кое што ја намалува улогата на клубовите за сметка на бирократите од УЕФА, а башка што тоа оди на рака на веќе богатите клубови, а нема да донесе никаква рамноправност како што зборуваше Платини.
Се на се, овој е поголемо зло за европскиот фудбал и од тоа што беше Моџи за исталијанскиот.