Фан Клуб: Вардар

DracevoTheCity

Чиста Македонија !
Член од
7 ноември 2008
Мислења
8.662
Поени од реакции
9.983
Вардаровите „надежи“ поуспешни од Раднички Ниш

На двете средби младите играчи на Вардар беа подобри и забележаа победи од 2:0. Ова е дел од соработката која ја има младинската школа на Вардар со фудбалската школа на Раднички од Ниш.
Вардаровите надежи имаа можност преку овие натпревари да видат до каде се со фудбалските знаења во однос на своите врсници од Ниш. Гостите од Србија ќе останат во Скопје и во среда и ќе одиграат уште по еден натпревар.
Инаку планирано е и вардаровите фудбалери да гостуваат во Ниш во наредниот период.



Инаку читав во Спорт денеска, Филип Ивановски изјавил дека и покрај тоа што има доста понуди од странство, најверојатно ќе остане до крај на сезоната во Вардар. Освен ако не стигнела некоа добра понуда како за него така и за клубот.
И од клубот има најави за нови квалитетни засилувања зимово. Одлична есен имавме, се надеваме на уште подобра пролет. :)
И дај побрзо нека кажат кога ќе се игра утакмицава со Брегалница да знам кога да го умрам дедо ми за слободен ден. :icon_mrgr:
 
Член од
27 ноември 2007
Мислења
31.099
Поени од реакции
74.909
Детено што е најдоле и најдесно ќе биде одличен играч, ако е тој што мислам дека е :)
 
П

Паспарту

Гостин
Вардар ја добива првата слика за Огбона



"Огбона ги мина лекарските прегледи, и од тој аспект нема никаков проблем. Наредниов период треба да го видиме низ неколку тест дуели пред да следи ангажман", вели Илчо Ѓорѓиоски
По неколкудневните тренинзи со најтрофејниот македонски клуб позитивни се првите впечатоци за најновото евентуално засилување на Вардар за пролетниот дел од сезоната, Нигериецот Ибе Зито Огбона.





http://sport.com.mk/?ItemID=7FA62616B992F04CB834760F2230E028
 
Член од
11 мај 2008
Мислења
3.358
Поени од реакции
7.343
Вардар ќе се „загрева“ за шампионската пролет во Анталија

http://sport.mnogoo.mk/mk/articles/Fudbal/vardar-kje-se-zagreva-za-shampionskata-prolet-vo-antalija

П.С Првиот тест за сериозноста на проектот ќе биде Филип Ивановски. Ако го продадат после само 6 месеци, освен да има некоја астрономска понуда за наши услови, ќе ги покажат првите знаци на несериозност.
 
Член од
24 јануари 2011
Мислења
523
Поени од реакции
148
Уште ли не се знае кога ќе се игра утакмицава???
Сабота или недела?
Гледам и на страната на ФФМ уште нема...
И извлекувањето за купот кога е ?
 
Член од
8 јуни 2011
Мислења
2.502
Поени од реакции
2.805
нема да има пријателска
Ќе има или ќе нема ???
--- надополнето: Dec 7, 2011 11:46 AM ---
Добро бе на Ѕоне (десно на крај) дајте му опрема од Вардар ја утепа од носење од Ѓорче јакнава, а и на Љубе економот дајте му некоја Вардар јакна не сваќајте како провокација ама не личи искрено !!!
 
П

Паспарту

Гостин
Ѓорѓиоски: Огбона има квалитет, ама има и повеќе килограми од потребното



Нигерискиот интернационалец Ибе Зито Огбона, кој е потенцијално засилување на Вардар, денеска одигра тест натпревар, а првата слика е дека има квалитет, но и повеќе килограми од потребното. Вардарци одиграа натпревар меѓу себе на стадионот во Ѓорче Петров, а очите беа вперени во напаѓачот што во наредните десетина денови ќе биде на проба во најтрофејниот македонски фудбалски клуб.

Очигледно е дека Огбона има неспорни фудбалски квалитети, но покрај периодот за адаптација ќе му биде потребен и дополнителен период за да влезе во полна натпреварувачка форма. Во моментов, тој има неколку килограми повеќе од неговата идеална тежина. Таква е првичната перцепција и на тренерот на Вардар, Илчо Ѓорѓиоски.

„Огбона е со нас само три дена и од досега виденото може да се забележи дека се работи за робусен напаѓач кој поседува неспорни квалитети. Но, исто така е факт дека нигерискиот фудбалер има зголемена телесна тежина и дека ќе мора да ги регулира килограмите доколку сака да потпише за Вардар. Добро е што има доволно време за да се подготви и да помине низ еден комплетен режим во текот на зимските подготовки. Сепак, се уште не би сакал да го кажам конечниот збор, Огбона ќе тренира со нас и во наредните денови, се додека не заминеме на зимски одмор“, вели тренерот на Вардар, Илќо Ѓорѓиоски.

Вардарци се подготвуваат за последното есенско коло, во кое на стадионот во Ѓорче Петров ќе ја пречекаат Брегалница.
http://ekipa.mk/News.aspx?newsId=3400
 
Член од
14 април 2010
Мислења
4.701
Поени од реакции
6.087
Гледам динамо загреб ќе се ослободуваат од Педро Моралес би било добро да го земеме само колку плата зема овој инаку одличен играче е мислам дека и беше у репрезентацијата на Чиле на светското треба да се респрашаат за него
 
Член од
27 ноември 2007
Мислења
31.099
Поени од реакции
74.909
Гледам динамо загреб ќе се ослободуваат од Педро Моралес би било добро да го земеме само колку плата зема овој инаку одличен играче е мислам дека и беше у репрезентацијата на Чиле на светското треба да се респрашаат за него
Аха ќе го земеме него :D
Да не шпекулирам, од тоа што имам читано ако ме држат добро сеќавањава Динамо плаќаше огромна плата за него, а типот беше како изгубен на теренот.
Ептен не се снајде во тимот. The trooper е подобро запознаен со состојбата во Динамо, па чекам потврда од него за тоа што го кажувам :)
Иначе Огбона машала како трупче е:D
Баш таков играч ни фали, само да ја има брзината што ја демонстрирал порано (бар од тоа што може да се види од клиповине:)).
Инаку имало ли инфо до каде е повредата на Бојовиќ???
Претходниот меч и Лико излезе поради повреда, ама океј е сега.
Исто ОСа се повредил пред мечот на загревање, ама мислам дека и тој ќе биде подготвен за во недела.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom