Најлоши возачи по скопските улици?

  • Креатор на темата Креатор на темата Acid
  • Време на започнување Време на започнување

Најлоши возачи по скопските улици?

  • Копиљаците на скутери

    Гласови: 97 17,0%
  • Штипјаните

    Гласови: 37 6,5%
  • Таксистите

    Гласови: 135 23,7%
  • Децата со тазе возачка

    Гласови: 59 10,4%
  • Тетките со југовци

    Гласови: 77 13,5%
  • Плавушите со џипови

    Гласови: 110 19,3%
  • Возачите на автобуси

    Гласови: 33 5,8%
  • Тетовчани

    Гласови: 24 4,2%
  • Сите од Бит-пазар до Чаир

    Гласови: 160 28,1%
  • Не сум од Скопје и ич не ме боли кој како вози :)

    Гласови: 121 21,2%

  • Вкупно гласачи
    570
Најлоши возачи? Јас мислам дека се пешаците.:)
Зошто?
Очигледно можеби затоа што мислат дека ако се пешаци имат предност пред сите. Пред некој ден си возам накај афтокоманда пред Алкалоид со брзина од 80-100км/ч, и се беше мирно, немаше пешаци кои чекат да поминат, и како се доближувам на тоа место намалувам брзина, знаев дека може некој да улета и оп одеднаш еден селјак да фати афтобус трча ко луд(спринт) од спротивната страна и нит гледа нит ништо, за малку ќе го плеснав по земја, фала богу бев подготвен на таква ситуација и успеав одма да намалам брзина. И откако спаси жива глава мочкото, ја веќе намалив на 10-20 и кога гледам на ретровизорот се дере ко луд, бев со моите во колата инаку ќе му излезев да му покажам малку култура, и да и давам малку лекции по боречки вештини:icon_lol: .
 
:pos::pos::pos::pos::pos::pos: Комедија си.
 
Абе бриши анкетата од вас Скопјаните нема полоши возачи and that's a fact.
 
кој ти даде тебе возачка бре?
у населено место не се вози 80-100 км/ч.

Е не, да не сакаш 20км/ч на трета лента. Претпоставувам дека си некоја тетка со југо, па мислиш дека ако возиш 20 супер си, а дека во собраќајот си направил хаос ич не гледаш на ретровизор. И друг пат прочитај убаво, немој ти да ми кажеш мене кој ми дал возачка, добро?

:pos::pos::pos::pos::pos::pos: Комедија си.

Ти кога ќе положиш и ќе добиеш возачка дозвола, дојди тука коментирај. До тогаш комедија можеш да видиш само кај твоите дома.(y)
 
80-100 Автокоманда кај Алкалоид... супер....
И јас обично со таа брзина таму. Многу мерак ми се праи кога ќе нагазиме неколку коли 100ка во колона.
Многу почесто ми се случува како пешак да поминувам таму, и кога ќе видам дека иде колона си се повлекувам. Знам дека овие што возат 100ка ќе поминат додека да трепнам и после ги чекам минута-две тетките што возат по 40 во трета лента.
 
Некој ден ваше дете може по топка да истрча така.....
 
Е не, да не сакаш 20км/ч на трета лента. Претпоставувам дека си некоја тетка со југо, па мислиш дека ако возиш 20 супер си, а дека во собраќајот си направил хаос ич не гледаш на ретровизор. И друг пат прочитај убаво, немој ти да ми кажеш мене кој ми дал возачка, добро?

Ти кога ќе положиш и ќе добиеш возачка дозвола, дојди тука коментирај. До тогаш комедија можеш да видиш само кај твоите дома.(y)

Јас имам возачка другар. А ти? :pos:
Со 100 км ли се вози во град бе? Затоа и после згазен пешак, убиен пешак со кола. Кај си крив што возиш брзо па уште и си сакал да му излезеш да го тепаш. :( Јас колку толку ги почитувам знаците.
 
хотмаил. постот ти го оправдувам 50 50. еве зашто - се согласувам дека тоа пешаците летаат ко муви без глави и мислат дека ако стапнале на коловоз имаат право да поминат што за жал не е така па ги маваат ги газат и така натака.. а инаку не те оправудвам зашто си возел 80 на место кое е пропишаноп 50 да се вози. значи ти си возел 50% побрзо од дозволеното а за закочиш во место со 50 и со 80 не е исто нели? а вие другите не се правете многу паметни зашто сигурен сум дека и вие ако начекате да нема сообраќај ке стиснете барем 80 и немојте да ми докажувате дека не е така.
 
Дефинитивно возилата со штипски таблици треба да се паркираат во Ченто или Маџари, а оттаму да користат автобуски превоз.
Така да тој дел на Скопје ќе биде многу среќен.
И дај рангирајте ги и Велешани затоа што само тие се полоши возачи од Штипјани .
 
Хотмаил мислам дека е од тие Бит-Пазар Чаир категорија на возачи. Што пичат ориентална музика внатре, брчат и свиркаат по девојки, жени, баби и мали девојчиња зашто немаат појма што возраст е индивидуата од женски пол. Е такви се најлоши возачи. Битно е народ да ги види дека возат кола. Нема везе дека после може да ги гледаме по весници дека згазиле некој пешак. Битно се во Полат филм и пичат 9000 на саат по градов. Ај да не бидам толку со затворен ум, ете и таксисте се најлоши. Се паркираат каде што ни куче неможе да помине. Битно се паркирани и чекаат муштерии. Нема везе што позади нив пола Скопје му свирка и му колне до 7мо колено од Австралија, битно он си седи таму.
 
Па пешаците и имаат предност на пешачки.
--- надополнето: Dec 8, 2011 6:36 PM ---
Хотмаил мислам дека е од тие Бит-Пазар Чаир категорија на возачи. Што пичат ориентална музика внатре, брчат и свиркаат по девојки, жени, баби и мали девојчиња зашто немаат појма што возраст е индивидуата од женски пол. Е такви се најлоши возачи. Битно е народ да ги види дека возат кола. Нема везе дека после може да ги гледаме по весници дека згазиле некој пешак. Битно се во Полат филм и пичат 9000 на саат по градов. Ај да не бидам толку со затворен ум, ете и таксисте се најлоши. Се паркираат каде што ни куче неможе да помине. Битно се паркирани и чекаат муштерии. Нема везе што позади нив пола Скопје му свирка и му колне до 7мо колено од Австралија, битно он си седи таму.
:icon_lol:
 
Имав така “фино“ искуство со еден “господин“ сељак од Штип, што колата ми е сеуште во сервис (веќе 2 и пол месеци) затоа што близу до тоталка ме оштети. Дечкото стои во колона во десна лента пред кружен тек кај хотел Континентал и одеднаш му текнало да сврти пуна лева и да даде гас до даска и некако јас да возам во лева лента со 50 случајно така... Кај што ми ги “среди“ и двете врати, крилото, браникот, ретровизорот и оската на десно тркало па уште и ми вика “Дека глеаш бе ти??“ Или неговото Цитроен Ксантија е тенк или мојов Матиз е ептен ко од пластелин. Успеав некако да го довлечкам до осигурителна полиса да потпише дека е крив и коа отвори тоа возачката што да видам: 23 години, одзимана возачка 5 пати!!:pos:
 
Имав така “фино“ искуство со еден “господин“ сељак од Штип, што колата ми е сеуште во сервис (веќе 2 и пол месеци) затоа што близу до тоталка ме оштети. Дечкото стои во колона во десна лента пред крижен тек кај хотел Континентал и одеднаш му текнало да сврти пуна лева и да даде гас до даска и некако јас да возам во лева лента со 50 случајно така... Кај што ми ги “среди“ и двете врати, крилото, браникот, ретровизорот и оската на десно тркало па уште и ми вика “Дека глеаш бе ти??“ Или неговото Рено Ксантија е тенк или мојов Матиз е ептен ко од пластелин. Успеав некако да го довлечкам до осигурителна полиса да потпише дека е крив и коа отвори тоа возачката што да видам: 23 години, одзимана возачка 5 пати!!:pos:

Човекот само за точак е. Штом 5 пати му била одзимана возачката. :pos::pos:
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom