Најлоши возачи по скопските улици?

  • Креатор на темата Креатор на темата Acid
  • Време на започнување Време на започнување

Најлоши возачи по скопските улици?

  • Копиљаците на скутери

    Гласови: 97 17,0%
  • Штипјаните

    Гласови: 37 6,5%
  • Таксистите

    Гласови: 135 23,7%
  • Децата со тазе возачка

    Гласови: 59 10,4%
  • Тетките со југовци

    Гласови: 77 13,5%
  • Плавушите со џипови

    Гласови: 110 19,3%
  • Возачите на автобуси

    Гласови: 33 5,8%
  • Тетовчани

    Гласови: 24 4,2%
  • Сите од Бит-пазар до Чаир

    Гласови: 160 28,1%
  • Не сум од Скопје и ич не ме боли кој како вози :)

    Гласови: 121 21,2%

  • Вкупно гласачи
    570
Мислам дека можело "Тетовчани" и "Сите од Бит-пазар до Чаир" да се спојат во едно пошто знаеме за кој се мисли, па би гласал за нив.

На второ би дошле жените.
 
Имаше една прича порано... Кога доаѓаат кумановци, велешани и др возачи од внатрешноста на Македонија а кои влегуваат Од источната страна на Скопје, ги оставаат колите во автокоманда и пешки идат накај центар... Не биле научени да возат на повеќе ленти:pos:Ова секако е шега, no hard feelings!
 
Во Македонија има само лоши возачи семафор ? што беше тоа? треба да се застане на пешачки ? што беше тоаo_O? дозволена брзинаo_O ? што беше тоаo_O ? мислам дека сите од нас овие работи скоро и не ги почитуваме возачка култура 0 ама баш нула во анкетава не можам да гласам за еден бидејќи сите ги ставам на исто ниво. на автопат кој и да возел 100 % сум сигурен дека не почитува дозволена брзина сите скоро возат 100-120 и поеќе а дозволено да е 80 км.
 
Нема никаде сообраќајна култура, ама веќе кога морам да кажам дефинитивно тоа е населба Чаир.Јас возам веќе подолго време без возачка, и можам да кажам дека сум многу повнимателен отколку тие што имаат положено бар во тој дел од градот.
Џон кенеди, возам 50 км на час, отспротива, еден со мерцедес, сече две полни ленти, претекнува возило и иде директ во мене со брзина над 80 км на час.Да не се тргнев на страна ќе ме собираа во кесички за замрзнување.
 
Според мене вака е редоследот:
-Општо сите жени (што го нема во анкетата како одговор)
-Таксистите (тие возат така како што братучедка ми од 5 години вози на Need for Speed)
-Шоферите на автобусите (посебно приватните, како да се на некое рели)
-Некои дечишта од по 16 години
 
Ок ми е мене сегде, не би издвоил ништо посебно пошто стално си возам у лер без замарање :D
 
Дефинитивно Бит Пазар и Чаир бидејќи и тука живеам и секој ден поминувам тука мораш да имаш High Skills за возење еве јас на пример сум усовршил полукружно вртење на Јаја Паша од што сум морал или сум требал :)
 
Пред некое време поминав у 10 навечер преминував преку Јајапаша накај Бутел. Таму владее тотален сообраќаен хаос. Инаку се трудам да го избегнувам тој дел на градот баш од тие причини, т.е. да не ме учукуа некој. Инаку мислам дека пиедесталот го делат две категории на возачи. Жените и таксистите. Жена бе брат позади волан не перцепира никој и ништо живо у сообраќај. Таксистите перцепираат све, само ги боли уво. Пред некој ден у кисела вода кај општината еден таксист имаше напраено километарска колона раскусурувајќи се со муштерија. Ич не му чуеше на човекот шо е 4ипол поручек и шо и онака има гужва у пм.
 
Нафурани плавуши мислат дека се Михаел Шумахер , преку глава ми е ! :cautious:
 
Најлоши возачи се сите возачи кој во нивниот видокрук не гледаат полицајци, ако ги видат мислиш напамет ја имаат научено книгата за правилно возење и моралната и законската.
 
Тетките со југовци
Возачите на автобуси

Е ради овие погоре го иам пиено коа полагав градска :(
 
Возачите на автобусите се број еден, ќе те залепат и ич не им е гајле секогаш имаат предност. Се пика од една лента во друга, наеднаш прикочува, па се залетува... од овие немам душа кога возам.
 
Не знам како ги заборавивте оние со бе-ем-виња, џипови и мерцедеси - мислат дека ако дале 20.000+ за кола го фатиле светот за муда, па треба предност да им се дава на раскрсници, кружни текови, на семафори се курчат демек на некоја drag трка се...
Возам службена кола од време на време и сум навикнат на секакви кретени позади волан, ама шизиците во џипови не ги варам, ама ич.
Ацид додади ги во анкетава за да можам да гласам.

И анкетава на насловна страна да иде m'kay?
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom