Прашања за Христијанството II

Статус
Затворена за нови мислења.
Член од
19 март 2011
Мислења
18.984
Поени од реакции
40.199
Како тоа во првите три дена од создавањето имало утро и вечер кога сонцето и месечината Јахве ги направил тек 4-тиот ден?
Добро бе Дибек, до кога ќе те учиме на духовна логика?
 
MIKI1

Поставувач на неодговорени прашања.
Член од
10 јануари 2008
Мислења
20.396
Поени од реакции
3.398
Како тоа во првите три дена од создавањето имало утро и вечер кога сонцето и месечината Јахве ги направил тек 4-тиот ден?
Сонцето и Месечината се само ориентири за поделбата на „ден-ноќ„ и „светло-темно„.
Поимите „утро„ и „вечер„ означуваат почеток и крај за деноноќниот циклус.
Така, денот и ноќта, како времетрање од деноноќието, зададени/поставени се уште пред Сонцето и Месечината да бидат мерила за денот, т.е. ноќта.
 
Член од
19 март 2011
Мислења
18.984
Поени од реакции
40.199
Сонцето и Месечината се само ориентири за поделбата на „ден-ноќ„ и „светло-темно„.
Поимите „утро„ и „вечер„ означуваат почеток и крај за деноноќниот циклус.
Така, денот и ноќта, како времетрање од деноноќието, зададени/поставени се уште пред Сонцето и Месечината да бидат мерила за денот, т.е. ноќта.
:pos::pos:

Е Мики, ме изнасмеа да не пукнеш...
 
DBack

gloveless
Член од
19 декември 2007
Мислења
5.372
Поени од реакции
2.556

:ROFLMAO:

Значи, кога е светло, сонцето ита да излезе за да знаат луѓето дека е ден. Исто, ко ќе се стемни, месечината брза-брза да се појави за да луѓето се ориентираат, па да знаат дека е ноќ, пошто не можат од темницата да ја видат ноќта...

Опака логика... ова е неки нови ниво... Абе да не си бил ти на некој семинар викендов, Мики?

Advanced духовна школа да не посетуваше?
 
Член од
19 март 2011
Мислења
18.984
Поени од реакции
40.199
Нема таков ремет што на христијанин можеш да му го направиш, како што тој самиот себе може да си го направи, кога ќе почне научно да ја интерпретира библијата...

:D
 
Human

Explorer
Член од
10 октомври 2009
Мислења
12.383
Поени од реакции
5.016
Сонцето и Месечината се само ориентири за поделбата на „ден-ноќ„ и „светло-темно„.
Поимите „утро„ и „вечер„ означуваат почеток и крај за деноноќниот циклус.
Така, денот и ноќта, како времетрање од деноноќието, зададени/поставени се уште пред Сонцето и Месечината да бидат мерила за денот, т.е. ноќта.
:vozbud::vozbud::vozbud:

Микиии! Па ти си гениј!
Гениј во глупоста!
 
MIKI1

Поставувач на неодговорени прашања.
Член од
10 јануари 2008
Мислења
20.396
Поени од реакции
3.398
--- надополнето: Dec 7, 2011 7:56 AM ---
Абе да не си бил ти на некој семинар викендов, Мики?
Да, бев на некое семинарче (а имаше и семинарки...), на кое ми „докажуваа„ како да осознаам дека Земјата ѓоамити се вртела околу Сонцето, иако моето око секој ден ја гледа спротивната појава...:D

Патем кажано, не ми ги извртуј зборовите, и што е уште полошо, не (ми) додавај свои прикаски за тоа како се двоел денот од ноќта, оти тоа се веќе видени и проверени методи на овосветовното мудрување и философирање, во отсуство на поквалитетни докази, а во функција на пополнување дупки во теориите...
--- надополнето: Dec 7, 2011 7:57 AM ---
:vozbud::vozbud::vozbud:

Микиии! Па ти си гениј!
Гениј во глупоста!
Hunam,

еве, Ти возвраќам со иста мерка, „чак„ и појако, и без око да ми трепне: Ти си гениј на дебилизмот и идиотизмот.

Како Ти звучи воа погоре, а? :icon_lol:
--- надополнето: Dec 7, 2011 8:03 AM ---
Значи, кога е светло, сонцето ита да излезе за да знаат луѓето дека е ден. Исто, ко ќе се стемни, месечината брза-брза да се појави за да луѓето се ориентираат, па да знаат дека е ноќ, пошто не можат од темницата да ја видат ноќта...
Погрешно, по кој знае кој пат.

Имено, со создавањето на Сонцето и Месечината, Творецот ја пренел светлината на овие (за нас луѓето) две битни небески тела, со тоа што тие тела стекнуваат способност да светат, така да првостворената светлина, како квалитет и способност, станува „непотребна„ и веќе пренесена на двете тела.

Додека постоела првобитната светлина а истовремено не постоеле Сонцето и Месечината, деноноќието се одредувало преку пулсирање на првобитната светлина и со тоа пулсирање, се формирала разликата меѓу денот и ноќта. Откако Сонцето и Месечината станале носители на светлината, а светлината (како квалитет, како појава и како способност), целосно се пренела на овие две тела, со тоа, Сонцето и Месечината стануваат одредувачи на денот и ноќта.
--- надополнето: Dec 7, 2011 8:06 AM ---
:pos::pos:

Е Мики, ме изнасмеа да не пукнеш...
Абадон,

трај си и уживај во небулозите од Кант-Лапласовата теорија, спроред која прво настанало Сонцето, на не знаеме каков начин, а након то, ѓоамити се формирале планетите, на не знаеме каков начин. Да не прајме муабет што сета таа небулоза...пардон, теорија, никој нит ја докажал а уште помалку ја видел како настан или процес.
 
Мошне интересна шпекулација.

Сепак, не си читал, очигледно, пошто знаеме на каков начин се формирани планетите. Ко ќе имаш време - прочитај.

Сега околу волшебната логика која си ја искористил во горниот дел од постот:

Ај, нека пулсирала светлината, ако така сакаш - нема проблем. Него, ти викаш дека сега светат сонцето и месечината. Додека за првото можам да се сложам - сонцето навистина емитира светлина, ама збунет сум околу месечината како емитер на светлина. Затоа, ТЕ МОЛАМ објасни ни како тоа светлината била пренесена на месечината?!?

Јас знам, еве, догматски нека е, дека месечината НЕ СОЗДАВА СВЕТЛИНА. Месечината ја рефлектира светлината од Сонцето и НЕ Е САМАТА ИЗВОР на светлина. Ти викаш дека е.

Како тоа?
 
MIKI1

Поставувач на неодговорени прашања.
Член од
10 јануари 2008
Мислења
20.396
Поени од реакции
3.398
Затоа, ТЕ МОЛАМ објасни ни како тоа светлината била пренесена на месечината?!?
Веќе одговорив: првостворената светлина е пренесена на Сонцето и Месечината како: способност, како појава и како квалитет.

Тоа што денес сме убедени дека Месечината сама од себе не „свети„, туку само ја одбива од себе сончевата светлина и ја насочува кон Земјава, тоа е само дел од нашиот денешен сциентистички светоглед, кој пати од еднодимензионалност и краен прагматско-рационален редукционизам. За луѓето од минатитие времиња, воопшто не било битно дал Месечината „свети„ или одбива светлина, туку било битно дека Месечината ни‘ е од Бога дадена, а за наша/човекова потреба. Така, во Црквата, нештата се „гледаат„ од „внатре„, субјективно и конкретно, оти сите нешта се создадени ради нас, а не „модерно„ и апстрактно, каде Сонцето е само звезда како и било која друга ѕвезда во Вселената и каде Сонцето е ѓоамити центар околу кого се „вртат„ планетите, а тоа „вртење„ никој жив не го видел...
--- надополнето: Dec 7, 2011 9:17 AM ---
Мики, дали хомосексуалците се прифатени во православната црква?
Бог да чува...

Може да се прифатат само ако се покајат и ако поднесат сите епитимии кои ги наложува Црквата за тешките гревови.
 
N

Nessa Alcarin

Гостин
Веќе одговорив: првостворената светлина е пренесена на Сонцето и Месечината како: способност, како појава и како квалитет.

Тоа што денес сме убедени дека Месечината сама од себе не „свети„, туку само ја одбива од себе сончевата светлина и ја насочува кон Земјава, тоа е само дел од нашиот денешен сциентистички светоглед, кој пати од еднодимензионалност и краен прагматско-рационален редукционизам. За луѓето од минатитие времиња, воопшто не било битно дал Месечината „свети„ или одбива светлина, туку било битно дека Месечината ни‘ е од Бога дадена, а за наша/човекова потреба. Така, во Црквата, нештата се „гледаат„ од „внатре„, субјективно и конкретно, оти сите нешта се создадени ради нас, а не „модерно„ и апстрактно, каде Сонцето е само звезда како и било која друга ѕвезда во Вселената и каде Сонцето е ѓоамити центар околу кого се „вртат„ планетите, а тоа „вртење„ никој жив не го видел...
Тоа ти е нешто како ...
П : Што е поблиску Месечината или Париз...?
О: Па мислам хелооооу, Месечината се гледа ... :confused:
 
Атеист

Дежурен Шаман
Член од
2 февруари 2010
Мислења
7.682
Поени од реакции
4.921
Бог да чува...
И да брани.
Покај се и веќе не си убиец.....
Покај се и веќе не си хомосексуалец
Покај се и веќе не си крадец......
ај честито..... (колку за другиве... С.Р. твојот ти омилен авторитет бил Хомо...)
 
MIKI1

Поставувач на неодговорени прашања.
Член од
10 јануари 2008
Мислења
20.396
Поени од реакции
3.398
Тоа ти е нешто како ...
П : Што е поблиску Месечината или Париз...?
О: Па мислам хелооооу, Месечината се гледа ... :confused:
Веќе објаснив: она кое Бог го створил и ни‘ го дал, тоа е ради нас како субјекти, кои практикуваме непосредно осознавање на нештата. Модерниот начин на гледање на работите е апстрактен, со паразитско примање на готови туѓи информации и податоци, кои се непроверливи за повеќетo од нас.
 
DBack

gloveless
Член од
19 декември 2007
Мислења
5.372
Поени од реакции
2.556
Веќе одговорив: првостворената светлина е пренесена на Сонцето и Месечината како: способност, како појава и како квалитет.

Тоа што денес сме убедени дека Месечината сама од себе не „свети„, туку само ја одбива од себе сончевата светлина и ја насочува кон Земјава, тоа е само дел од нашиот денешен сциентистички светоглед, кој пати од еднодимензионалност и краен прагматско-рационален редукционизам. За луѓето од минатитие времиња, воопшто не било битно дал Месечината „свети„ или одбива светлина, туку било битно дека Месечината ни‘ е од Бога дадена, а за наша/човекова потреба. Така, во Црквата, нештата се „гледаат„ од „внатре„, субјективно и конкретно, оти сите нешта се создадени ради нас, а не „модерно„ и апстрактно, каде Сонцето е само звезда како и било која друга ѕвезда во Вселената и каде Сонцето е ѓоамити центар околу кого се „вртат„ планетите, а тоа „вртење„ никој жив не го видел...
Накратко, сакаш да кажеш дека:

1. Месечината емитува светлина, а не рефлектира светлина, како што науката тврди.

2. Сонцето и месечината вртат околу Земјата.

Магично!

Инаку, за твое информирање, веќе 5 децении луѓе биле во орбита + до месечината, од каде виделе дека Земјата навистина ротира околу сонцето.

Понатаму, почнувајќи со Спутник 1 во 1961, човештвото има испратено илјадници вештачки сателити во орбита и вон, а фотографиите и снимките кои тие ги испраќаат го потврдуваат хелиоцентричниот концепт на сончевиот систем.

За Хабл и да не збориме...

Ова мора да е некоја сциентистичка завера, нели?
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom