На Грција не и е овозможено да блокира, напротив судот смета дека онаа странка во судот која била осудена за некоја активност, не треба повеќе таа активност да ја повторува. Јас читам, ти не читаш. И кој се ТИЕ?
Во кој филм ти живееш? Демек нас добрите и поштените не не примаат во НАТО лошите и нечесните? Меѓународната политика не функционира така. Ова е шанса која треба да се искористи, а дефетизмот кој ти го шириш, како сме ние праведни ама другите не работат, стана досаден...
Тролањево ти нема никаква смисла со онаа реална слика која владее а ти или не можеш да ја видиш, или си неспособен за истото, кој црн дефетизам човече .... оној на Иванов и Груевски ли ? Зашто и они истата реторика ја користат.
1.Волерс:
Прво името, па членство на Македонија во НАТО, пренесува Дневник
2.Иванов денес по одлуката во Хаг, цитирам '' ...и ќе учествуваме во процесот со цел изнаоѓање заемно прифатливо решение ''.
3.Груевски денес, цитирам,'' ... И покрај пресудата, ние сме посветени на продолжување на разговорите за изнаоѓање на
заеднички прифатливо, и одржливо решение за спорот со името. "
Кој црн дефетизам, човек не смее да ја отслика реалната слика зашто ќе се избаци некој квази експерт ко тебе убеден дека во Чикаго ќе не примеле во НАТО и ќе шири тука некој муабет со тешки примеси на фантазија..
Да, ќе не примат,
ако го решиме спорот со името, како што вели и Западот, ко што вели и самиот претседател на Р. Македонија, ко што вели и самиот премиер на оваа држава, тоа не е дефетизам, тоа е истата онаа слика која беше случај и пред да се донесе одлуката во Хаг.
Не знам каде виде дефетизам у моите постови, морални победници сме, изигравме 1-1 у Хаг, судот призна дека
едната страна играла прљаво но им овозможи и во иднина да се служат со истите средства, они земаа бод, ние земавме бод, тоа е тоа, останатите 2 што можевме да ги освоиме и со тоа да се направи притисок врз Грција во овие преговори за да се изнајде решение кое нам ќе ни одговара, не ги освоивме.
deal with it, полесно ќе ти биде.