Се осетив прозван во текстов

Прво ако сме рекле дека не се слушнале, а за време на мечот сме коментирале на кајгана, автоматски значи дека мечот сме го гледале на ТВ. Мислам дека се подразбира дека се збори дека не се слушнале СКОРО ич на ТВ, а не во живо. Кажав во темата за МЗТ, ФА беа доста слаби денеска. Па претходниве години, МЗТ скоро како на домашен играше во Градски парк
Друго...
Споредбата со Вардар и посетеноста на нашите лански мечеви. Како кандидат за испаѓање во убер неинтересно првенство, пак имавме најдобра бројка на фудбал, плус како група имавме однавивано највеќе утакмици.
Споредбата по тоа прашање ти е бајаги лоша. Сега е почеток на кошаркарската лига, и ова е само како подготвителен период за главното. А истотака работнички е далеку далеку далеку од кандидат за испаѓање. Доволно е да дојдат само до шесто место за одат понатаму, а тоа е лесно остварливо.
Плус разлика од кошаркарската лига до фудбалската едсно десетина класи во моментов.
И празен Градски со 30 000 столчиња не е исто со празен Градски парк со капацитет 2 000-3000.
Сепак јас наполно се сложувам и знам зошто Работнички има помалку публика. Сум кажал сто пати, локацијата на салите, и одалеченоста од домовите поврзано со финснсиската состојба на Македонците е главната причина...
Лесно е кога салата ти е на 2 минути од зграда/куќа. ФА имаат најдобар "терен" за добра бројка.
Од друга страна, ФА слично како и Чкембари милуваат да си седат на иста трибина со обична публика па се меша и старо и младо, па и неможеш баш да знаеш колку од нив се вистински навивачи. А ЦПБ и Комити си имаат свои одделни трибини па се знае реалната бројка.
П.с. околу третатаб точка, потполно се сложувам. Работнички под итно треба да си најде добар млад играч