ЈСП - случки, прашања, дискусии

  • Креатор на темата Креатор на темата демнач
  • Време на започнување Време на започнување
До сега!?

Дај не заебавај,ЕПТЕН се шкарт баш онака кинески,тесни,мешечки да влезиш,грбечки да излезиш. Еден куп пластика.

И крај краева кажи ми ЕДНА кинеска авто компанија (освен Хамер шо му го купија на американците) шо ја бива за изработка и КВАЛИТЕТ на возила.
Брат мене не ме интересира дали кинезиве праат квалитетни ствари..Само пред една година сакав да влезам а луксуз беше да седнам.топлина и убави да не спомињам у опште..Сеа у 90% од возењата седам пошто има дупло поише столчиња..Плус е топло и плус пензионери не се качуваат горе.Океј ако се осеќаш тесно ..мене не ми е проблем...Али не моеш да кажеш дека се лоши..Прв пат у Македонија мерачки е возењето у бусевите :)
 
Ама ова шофериве во последно време го претеруваат. Ко да не возат луѓе, никакво внимание немаат. Како закочи еден, една женичка се спотепа сирота.
Што луѓе ќе беа...
Не им е лесно на шоферите. При толкава сообраќајна некултура во градов...
А можда и ќе погинела некоја пензионерка во автобусот, па после да видиш страв кога ќе набијат пензионерите, барем недела две ќе бидеме раат од нив.
 
Брат мене не ме интересира дали кинезиве праат квалитетни ствари..Само пред една година сакав да влезам а луксуз беше да седнам.топлина и убави да не спомињам у опште..Сеа у 90% од возењата седам пошто има дупло поише столчиња..Плус е топло и плус пензионери не се качуваат горе.Океј ако се осеќаш тесно ..мене не ми е проблем...Али не моеш да кажеш дека се лоши..Прв пат у Македонија мерачки е возењето у бусевите :)
Друже да не се сватиме погрешно.....немој да мислиш дека хејтам. Редно беше да се обноват,апсолутно се согласувам со тоа. Ама дали мораше да се обноват по цена на НАЈшкарт НОВ автобус во кој сум се возел!?

не морашe да бидат во класа на Сетра (поим за автобус) на пример,ама да беа некоја средина. Ова е долгорочна инвестиција шо треба ДА ТРАЕ! Сега па којзнае кога пак. А ко шо читам веќе почнале да јавуваат хварови. пукање шофершајбни,неквалитетен инвентар и слично. За моторите и механиката ќе видиме нахнадно како ќе се покажат. Ептен е пластичен,тоа ми е муабетот :))))
 
Денес згреши патот шоферот, и вртеше полукружо на 4 ленти за да се врати назад, го запре цел сообраќај. :vozbud:
 
Вчера пред соборна го испуштивме автобусот и трчавме по него го стигаме на семафор и не отвори буљашот:mad:

Ми се гади кога ќе влезе со риба у бус :sick:

Па не е ни должен да ти отвори на семафор. Плус незаконски е и може да одговара за тоа.

А за тоа со рибата се согласувам.
 
Вчера пред соборна го испуштивме автобусот и трчавме по него го стигаме на семафор и не отвори буљашот:mad:

Ми се гади кога ќе влезе со риба у бус :sick:

Да е приватен ќе ти отвори, но државен не. Ретки се тие случаи. Според закон не смее да ти отвори. Ќе го казнат ако го видат да отвори врата на семафор. И затоа се плашат. Од кај да знаат дали снимаат камерите на семафорите или дали има полиција некаде скриено.
 
И тоа каква утка е тоа. :pos:
--- надополнето: Nov 30, 2011 8:50 PM ---
Повеќе имаат нарачано од двокатните наместо од тие ниските. Би требало да нарачат од тие дуплите наместо двокатни. Не дека се лоши, но дуплите се многу подобри. И уште едно нешто ме нервира кај двокатните, кога е гужва во нив и ако седиш горе па на станица ако треба да се симнеш едино решение да ги поминеш скалите во таа гужва е или да ги испобуташ сите или да се телепортираш. :D Затоа викам боље дупли да направеле.

Не можам да ја најдам анкетата што одеше на ЈСП страната, долго време ја имаше, какви автобуси сакаме. Двокатните убедливо тепаа пред дуплите.
А јас сум пресреќна што конечно кај мене во населба доаѓа автобус со капацитет да собере се што треба.. дуплите нема шанси да свртат на последна, сега доаѓаат двокатни :)
 
Можат секаде да свртат,не се секирај :),а дека се подобри дуплите од двокатните,тоа е факт :)
Ама со старциве,стварно е НАЈголема утка.
Денеска,си идам во 68 да си се качам,кога се симнуваат 5-6 луѓе во исто време,и две-три баби се бутаат да се качат,и мене ме избутаа(а ја сум со штака),и им викам полека ќе се качите,има време,Еднава кога ми даде еден убитачен поглед,како мислиш ќе ме утепа,и ни пет ни шест и реков нетуку ме глеј,качувај се.
И,стварно многу искористуваат.Во истиот автобус,си се симнаа луѓето,и добри 15-6 души(фосили офкорс) си останаа да си се возат уште една линија :pos: :tapp:
 
Не можат, многу е мал просторот на последна 16ка во Железара :) Посебно што тука се погодува во исто време да дојдат 16ка, 2А, 26ка и 13ка. Ај замисли момент каде што 2А и 26ка се дупли..... :)
 
Значи никогаш нема контрола од Бит Пазар накај центар или од центар до Бит Пазар во тие автобуси, или така ми се чини? Денеска си влегоја батината во автокоманда, на Бит Пазар излегоја, а баш таму се преполни автобусот + знаеме дека таму се качуваат дотичните неплаќачи. Иначе смеат и евра да примаат овие од контрола? Оти една типка имаше „само“ 100 евра, па и раситнуваја тие за казната.
 
Тактика бе .... во 2ка за Автокоманда, кај Континентал се качуваат. Или во 65ка ги имам приметено се качуваат на железничка и на Бит Пазар се симнуваат.
 
Иначе смеат и евра да примаат овие од контрола? Оти една типка имаше „само“ 100 евра, па и раситнуваја тие за казната.

Мислам не, затоа што во државава колку што знам, казни, уплати на буџет и сл. треба во денари да се плаќаат.
 
Иначе смеат и евра да примаат овие од контрола? Оти една типка имаше „само“ 100 евра, па и раситнуваја тие за казната.
Таа кутрата 100 евра имала у неа а немала за карта да плати а :pos:
Излеа возачот нејќел да и раситни. :icon_mrgr:
Иначе прееска накај 9-30 , 41 се подзапалил малце на Првомајска кај Супертинексот. Идам ја у 67 позади него и само глеам цел автобус се празни трчаат луѓе. :pos:
Па и полициско комбе позади автобусот, прво си помислив дека џандарот го слупал автобусот па си се изнасмеав убао. После дури разбрав шо било работата. xD :)
 
Не можат, многу е мал просторот на последна 16ка во Железара :) Посебно што тука се погодува во исто време да дојдат 16ка, 2А, 26ка и 13ка. Ај замисли момент каде што 2А и 26ка се дупли..... :)
А затоа значи немало двокатна 16-ка :D
А и до последна во Пржино неможе да се искачи. Има да се распадне автобусот за две недели :icon_lol:
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom