OSHO-Lover
Konecno Sloboden...
- Член од
- 2 декември 2011
- Мислења
- 2.213
- Поени од реакции
- 2.844
Христијанството е една од најголемите криминални организации кои што некогаш и сеуште манипулираат со голем број луѓе
А Ошо милионерот е искрен, чиста душа....Христијанството е една од најголемите криминални организации кои што некогаш и сеуште манипулираат со голем број луѓе
Закон...Господ не е создание. Тој не е создаден. Тој е вечен. Тој е прапричина на се што постои. Да прашаш кој го создал Господ е исто како да прашаш што е појужно од јужниот пол.
Е па како тогаш да се водиме по религијата ако не со емоциите... Да се водиме по рациото? Чорбаџија препаметен си за да влезеш во ваков аргументален вртлог?Според мене никогаш.
Треба да се водиме по разумот, кој секако е нераздвоив од нашите лични убедувања.Е па како тогаш да се водиме по религијата ако не со емоциите... Да се водиме по рациото?
Jas ne gledam predrasudi vo toj post. Kako shto mozes I samiot da zabelezis toa se prasanja. Od koga prasanjata se predrasudi?Ако еден куп предрасуди ги маркираш со дисклејмерот "ја не сакам да провоцирам или никого да навредам" е тогаш е ОК.
Да, земајќи го предвид само тој факт, сосема е можно.Тргнувајќи од фактот дека е можно милион луѓе да веруваат во нешто што е лага, дали мислиш дека е можно и некое религиско движење да биде лажно (во овој случај Христијанството)?
Можеби затоа што во рамките на општата и дефинирана Божја воља сепак има простор за флексибилност, флексибилност која не ја менува Божјата воља, но нам ни дава подобар исход од неа.Молитвата сепак завршува со божјата воља, тогаш зошто воопшто човекот да се моли?
Извини, мислев дека прашуваш за одмаздољубието меѓу нас луѓето. Што се однесува до Бог, да Тој јасно и на неколку места во Библијата вели дека ќе им се одмазди на непокајаните грешници за нивните злодела.Доколку одмаздољубието не треба да постои, а господ поради мојот атеизам ме праќа во пеколот, дали тоа е еден вид на одмазда поради моето неверство?
Па можеби нема да гори заради вицот, туку заради сите останати гревови.Бидејќи спомна дека господ е праведен и ги сака сите, дали е праведно да им се суди на луѓето поради нивното неверување, односно дали доколку некој е атеист и направил виц за господ треба да гори во пеколот?
Веројатно умерено темна (кафена) раса од која понатаму со природна селекција се диференцирале расите.Која раса биле Адам и Ева? На цртежи често ги сретнувам како белци, и доколку биле белци, како тогаш настанала оваа широка палета од човечки раси?
Кога реков во нас, мислев дел од нас. Затоа реков дека доколку Бог реши да го уништи злото, Тој треба да не уништи нас, затоа што ние сме зли. Но Тој премногу не сака за туку така да не уништи. Затоа трпеливо чека, за уште неколку души да се покајат.-Доколку злото е во нас, а он е семоќен, зошто не го искорени уште во моментов?
Затоа што покајанието е дел од нашата слободна воља. Доколку Бог би влијаел на нашата слободна воља, тогаш таа не би била „слободна“ нели?Зошто не ја искористи својата моќ за луѓето да се покаат побрзо?
Се согласувам со тебе, дали сведочам против или за, мислам дека тешко е да се одговори. Она што ние мислиме дека некогаш е ЗА, можеби е ПРОТИВ некого. Ете ти ќе сведочиш ЗА својот ближен и ќе го спасиш од затвор и тој ќе си живее долго и среќно до крајот на животот. Но што откако ќе умре и се појави на Божјиот суд?Дали сведочам против или за, мислам дека тешко е да се одговори. Но да речеме (во интерес на приказната) дека мојот ближен останува на слобода и се решава да не убива повеќе луѓе, ја зема неговата животна заштеда и го продолжува својот живот на Хаваите. Да речеме дека децата кои што ги убил се екскурзијанти од друга земја, доаѓаат од школа каде што се учи национализам, никогаш пред тоа не сум бил ниту јас ниту мојот ближен (во овој случај старателот) на било каков начин не сме биле поврзани со нив, на никој начин не сме биле блиски ниту со нив, ниту со било кој од земјата од која доаѓаат. Да речеме дека со тоа што сведочам лажно, го вадам мојот ближен (во овој случај старателот) од затворска казна и неговиот живот го продолжува на Хаваите, таму живее долго и среќно до крајот на животот. Сепак не сум прекршил ниту една божја заповед?
Мазохистите знаат дека се мазохисти и тие знаат дека оние кои не се мазохисти не сакаат да им биде направено нешто што тие не сакаат. Па така како што мазохистите не сакаат да им биде направено нешто што не сакаат, така и тие не треба да им прават на другите нешто што не сакаат. Има логика нели?"сè што сакате да ви прават луѓето, правете им и вие така" - А што е со мазохистите? Они сакаат болка, сакаат кога некој им нанесува болка. Дали треба да нанесуваат бол, бидејќи сакаат бол да им биде нанесена?
На самиот почеток од ѕидот од текст, тргнува со претпоставка дека верувањето во Господ е лага, па врз таа премиса го темели остатокот од ѕидот. Од таа позиција заедно дискутирајте си у прашања за атеиститите.Jas ne gledam predrasudi vo toj post. Kako shto mozes I samiot da zabelezis toa se prasanja. Od koga prasanjata se predrasudi?
Deckoto postavi 100 vo eden post. Ako te zbunuvaat - ednostavno ne odgovaraj.
Nikogas nbe mozes da znaes se za nekoja tema.За да збориш за нешто треба да знаеш се за темата за која ке дадеш свое мислење или осуда
Мислење- ако кажаното е базирано на факти и длабоко проучен елементот на размислување
Осуда- ако кажаното нема факти и не е проучено од сите можни аспекти, туку само реакција на одбивност
Да не воскреснал?А Ошо милионерот е искрен, чиста душа....
Мислиш на црквата нели, а не на Христијанството?Христијанството е една од најголемите криминални организации кои што некогаш и сеуште манипулираат со голем број луѓе
Види јас не се ориентирам на дефиниции кажаното е мое лично разбирањеNikogas nbe mozes da znaes se za nekoja tema.
Mislenje e subjektivno dozivuvanje. Sekoj ima mislenje. Baziranjeto na fakti ne e preduslov.
Osuda e nesoglasuvanje so necie odnesuvanje. Ima, I toa kako, fakti.
Site tri si gi utnal. Polesno e ako pred da definiras nesto gi proveris tekovnite definicii. Mene mi pomaga.
Да мислам и за и за цркавата и за ХристијанствотоМислиш на црквата нели, а не на Христијанството?
--- надополнето: Dec 4, 2011 7:20 PM ---
@Чорбаџија
"флексибилност која не ја менува Божјата воља, но нам ни дава подобар исход од неа." - Но сепак се се сведува на тоа дека молитвата не ја менува божјата воља и дека молитвата реално нема некаква моќ да го смени мислењето на Господ? Доколку неможе молитвата да ја смени неговата воља повторно не ми е јасно зошто луѓето се молат.
"Па можеби нема да гори заради вицот, туку заради сите останати гревови.
Значи сите заслужуваме смрт (и телесна и духовна). Тоа е платата за гревот. Сепак оние што ќе се покајат ќе добијат незаслужена милост. Тоа што некои ќе добијат незаслужена милост (заради Христовата жртва), тоа не значи дека Бог бил неправеден спрема другите на кои што им ја дал заслужената казна." Зошто сите заслужуваат смрт? Смртта е заслуга? Дали смртта на 3 месечното бебе е нешто што бебето го заслужило? И уште еднаш, доколку смртта е заслуга, зошто тогаш животните умираат? Зошто на пример заслужила желката да умре?
"Веројатно умерено темна (кафена) раса од која понатаму со природна селекција се диференцирале расите." - Но сепак никаде не пишува нели?
"Тој јасно и на неколку места во Библијата вели дека ќе им се одмазди на непокајаните грешници за нивните злодела."
"Кога реков во нас, мислев дел од нас. Затоа реков дека доколку Бог реши да го уништи злото, Тој треба да не уништи нас, затоа што ние сме зли. Но Тој премногу не сака за туку така да не уништи. Затоа трпеливо чека, за уште неколку души да се покајат." - Не мислиш дека неговата одмаздољубивост му дава некој мал елемент на злоба? Го прави злобен? Каков пример остава на своите верници? Дали може да се потврди дека секој човек е злобен? Човекот не се раѓа ниту злобен ниту добронамерен, своите постапки му се условени од околината во која расте, затоа не ми е јасно од каде произлегува заклучокот дека сите ние сме зли.
"Затоа што покајанието е дел од нашата слободна воља. Доколку Бог би влијаел на нашата слободна воља, тогаш таа не би била „слободна“ нели?" - Доколку е слободна вољата (слободна - без наметнато влијание, независна, воља што не е под никаков надворешен притисок) зошто тогаш атеизмот односно неверувањето во Бог се смета за грев? Доколку е слободна, зошто тогаш ако според моето слободно мислење Господ не постои, тогаш ќе бидам казнет со пекол? Да го поставам прашањето поинаку: да речеме дека имаш ваков слободен избор, гласај за партијата на виолетовите и добиј ветување за работно место или не гласај и добиј 4 годишно патување на една многу атрактивна локација наречена Голи Оток. Дали сметаш дека тука има некаква слободна воља?
"Се разбира ова е непоиливо за некој што не верува во Бог. Но доколку некој не верува во Бог, тогаш зошто би се замарал со 9тата Божја заповед?" - Во интерес на приказната и јас и мојот близок (старателот) сме верници. Тој на Хаваите наоѓа црква и ден пред неговата смрт, на неговиот 93 роденден, извршува покајување и бидејќи се покајал за убиството на групата деца, тој ќе добие незаслужена милост, додека јас, не сум се покајал за мојот подоцна настанат атеизам и завршувам во пеколот? Не е праведно нели?
"Мазохистите знаат дека се мазохисти и тие знаат дека оние кои не се мазохисти не сакаат да им биде направено нешто што тие не сакаат. Па така како што мазохистите не сакаат да им биде направено нешто што не сакаат, така и тие не треба да им прават на другите нешто што не сакаат. Има логика нели?" - Но има разлика меѓу -"сè што сакате да ви прават луѓето, правете им и вие така" и "не го прави она што не сакаат да им го правиш"... сепак првата мисла (од библијата) може да се протолкува на повеќе начини. Мазохистите се луѓе, сакаат бол, сакаат да им биде нанесена бол, можеби незнаат дека на светов постојат други луѓе, освен мазохисти и со својата добронамерност можат да направат беља нели?
Дали човекот што извршил прељуба, убил 5 луѓе, силувал жена, искасапил бебе, украл 5 тони злато, со самото покајување добива незаслужена милост, додека човекот што не верува во Господ и не се кае поради тоа е осуден на горење во пеколот? Дали е тоа праведно?
Благодарам Чорбаџија за одговорите.
Воа погоре, убо би стоело во некоја рубрика како „...мисла на денот...„.Христијанството е една од најголемите криминални организации кои што некогаш и сеуште манипулираат со голем број луѓе
А бе па ти атеист низаеден. Сто пати кажале веќе. Духовно светло било тоаКако тоа во првите три дена од создавањето имало утро и вечер кога сонцето и месечината Јахве ги направил тек 4-тиот ден?