Прашања за Христијанството II

Статус
Затворена за нови мислења.
Член од
25 ноември 2010
Мислења
156
Поени од реакции
149
Некои од прашањава ги поставив и во подфорумот прашања за исламот, но сеуште никој не ми одговори. Се надевам дека некој од верниците ќе може да ми даде одговор на следниве прашања. Не се поставени со намера никого да испровоцираат и овде ќе пишам, навистина ме интересира мислењето на верниците.

Дали е можно милион луѓе да веруваат во нешто што е лага, макар траела со векови?
Ако господ го создал светот, ги создал луѓето, животните и природата, а да речеме дека ништо само од себе неможе да се создаде, тогаш кој го создал господ?
Кога луѓето треба да се водат по своите емоции?
Зошто луѓето се молат и кој е одговорот на прашањето "зошто господ не ми одговори на мојата молитва"?
Дали одмаздољубието треба да постои?
Дали господ за вас е праведен?
Дали господ ги сака сите подеднакво?
Неверниците, господ ги праќа да горат во пеколот, а тие што му се поданици ги праќа во рајот, но сепак сите ги сака подеднакво?
Како христијанството гледа на инцестот?
Ако е господ семоќен, зошто не ги спречи сите војни и страдања во светов?
Никаде во 10те божји заповеди не се споменува силување, дали значи дека господ го оправдува?
5.
(5тата божја заповед) Почитувај ги таткото и твојата мајка за да ти биде добро и да поживееш долго на земјата. - а што ако мајката и таткото се алкохоличари и го малтретираат детето? Дали сеуште треба да се почитуваат?
9. Не сведочи лажно против својот ближен. - да речеме мојот ближен разнесува автобус полн со деца, и потоа мене ме вика како сведок да потврдам дека таа вечер, кога се извршило масовното убиство, тој бил со мене во дискотека. Сведочам лажно, но не и против својот ближен. Дали ќе ме казни господ?
Како гледате вие на човекот што не е христијанин, а верува во замислен семоќник на небото што се вика да речеме Мајкл Џордан, за него тој замислен човек има супермоќи, има телевизори на небото, камери на земјата и врши мониторинг врз секого, верува дека еден ден ќе се симне на земјата и со неговите супермоќи ќе ги среди сите проблеми на планетава?
 

Björn

Does Your Mother Know?
Член од
14 август 2006
Мислења
44.997
Поени од реакции
83.373
Ако еден куп предрасуди ги маркираш со дисклејмерот "ја не сакам да провоцирам или никого да навредам" е тогаш е ОК.
 
Член од
17 февруари 2011
Мислења
775
Поени од реакции
33
Некои од прашањава ги поставив и во подфорумот прашања за исламот, но сеуште никој не ми одговори. Се надевам дека некој од верниците ќе може да ми даде одговор на следниве прашања. Не се поставени со намера никого да испровоцираат и овде ќе пишам, навистина ме интересира мислењето на верниците.

Дали е можно милион луѓе да веруваат во нешто што е лага, макар траела со векови?

Ако господ го создал светот, ги создал луѓето, животните и природата, а да речеме дека ништо само од себе неможе да се создаде, тогаш кој го создал господ?

Кога луѓето треба да се водат по своите емоции?

Зошто луѓето се молат и кој е одговорот на прашањето "зошто господ не ми одговори на мојата молитва"?

Дали одмаздољубието треба да постои?
Дали господ за вас е праведен?
Дали господ ги сака сите подеднакво?
Неверниците, господ ги праќа да горат во пеколот, а тие што му се поданици ги праќа во рајот, но сепак сите ги сака подеднакво?
Како христијанството гледа на инцестот?
Ако е господ семоќен, зошто не ги спречи сите војни и страдања во светов?
Никаде во 10те божји заповеди не се споменува силување, дали значи дека господ го оправдува?
5.(5тата божја заповед) Почитувај ги таткото и твојата мајка за да ти биде добро и да поживееш долго на земјата. - а што ако мајката и таткото се алкохоличари и го малтретираат детето? Дали сеуште треба да се почитуваат?
9. Не сведочи лажно против својот ближен. - да речеме мојот ближен разнесува автобус полн со деца, и потоа мене ме вика како сведок да потврдам дека таа вечер, кога се извршило масовното убиство, тој бил со мене во дискотека. Сведочам лажно, но не и против својот ближен. Дали ќе ме казни господ?
Како гледате вие на човекот што не е христијанин, а верува во замислен семоќник на небото што се вика да речеме Мајкл Џордан, за него тој замислен човек има супермоќи, има телевизори на небото, камери на земјата и врши мониторинг врз секого, верува дека еден ден ќе се симне на земјата и со неговите супермоќи ќе ги среди сите проблеми на планетава?
Постави многу прашања, и скоро на сите има одговор во вој форум. По одговор мислам на христијански одговор, а не на некое своеволно блебетење на некои атеисти кои немат појама за верување во Бога.

Дел од твојот пост ставив во болд со цел кратко да ти одговорам.

1.- Што мислиш ти, дали е можно, милиони, или некоклку милијарди луѓе во текот на 2.000 години да веруват во Исуса Христа, и сите тие да бидат заведени и глупи, ако Исус Христос не е вистина туку лага?
И денес има милиони луѓе во светот коои веруват во Бог, а се од разни општествени слоеви и со разно образование, почнувајќи од неписмени па до доктори на науќи, од општи работници до претседатели на држави.

2. Дали постојат паралелни умиверзуми? Како ги замислуваш да постојат истовремено и на исто место.

3. Кој на кого служи: човекот на Бога, или Бог на човекот? Што мислиш дали Бог е слуга на човекот?

4. Што за тебе конкретно значи зборот „Почитувај“?

5. Не сведочи лажно против својот ближен? Кој е твој ближен? Ако не ја кажеш вистината, дали на тој начин го спасуваш својот ближен? Велиш дека твојот ближен разнесел афтобус полн со деца. Што е лажно сведочење? Да ја кажуваш вистината која ја знаеш и си ја видел? или пак да сведочиш лага? твојот ближен не го направил тоа?
Што за тебе значи: Не сведочи лажно?
 
Член од
25 ноември 2010
Мислења
156
Поени од реакции
149
Прво да ти се заблагодарам што ми одговори на неколку од прашањата. Би ми било драго ако одговориш на сите. А сега еве ги и моите одговори.
1.- Што мислиш ти, дали е можно, милиони, или некоклку милијарди луѓе во текот на 2.000 години да веруват во Исуса Христа, и сите тие да бидат заведени и глупи, ако Исус Христос не е вистина туку лага?
До пред некој век, милијарди луѓе (меѓу кои филозофи, кралеви, даскали, па скоро секој што можеш да го замислиш) со векови верувале дека земјата е плочка.
Во моментов милиони деца веруваат во дедо мраз. Но дедо мраз е измислен нели? Обиди се да убедиш некое дете во градинка дека не постои, верувај ќе ти се налутат.

2. Дали постојат паралелни умиверзуми? Како ги замислуваш да постојат истовремено и на исто место?
Незнам дали постојат паралелни универзуми и не верувам дека постои човек што докажал дека постојат. Сеуште ќе чекам одговор на предходно поставеното прашање.

3. Кој на кого служи: човекот на Бога, или Бог на човекот? Што мислиш дали Бог е слуга на човекот?
Јас сум човек и не служам на бог. А ако сите луѓе му служат на бога, дали тоа го прави бог робовладетел?

Не сведочи лажно и почитувај прашањата ќе ти ги појаснам за кратко време.
Едит:
Не сведочи лажно против својот ближен? 1Кој е твој ближен? 2Ако не ја кажеш вистината, дали на тој начин го спасуваш својот ближен? Велиш дека твојот ближен разнесел афтобус полн со деца. 3Што е лажно сведочење? Да ја кажуваш вистината која ја знаеш и си ја видел? или пак да сведочиш лага? твојот ближен не го направил тоа?
Што за тебе значи: Не сведочи лажно?
1.Во интерес на приказната мојот ближен = мојот старател што ме спасил од улица, дента кога ме оставиле моите вистински родители покрај контењер, човекот кој што ми помогнал да израснам во тоа што сум денес, некој за кого што сум емотивно врзан.
2.Да, го спасувам од долга казна затвор.
3.Лажно сведочење = сведочење спротивно на вистината чија цел е да го смени мислењето на оние врз кои е пласирана лагата и таквата информација да ја прифатат како вистинита. Во овој случај и јас и мојот старател знаеме дека он го извршил делото, свесни сме дека физички е невозможно да биде присутен и на местото на злосторот и во дискотека во исто време, затоа подготвуваме приказна која што ќе го извади од долга казна затвор.
 

OSHO-Lover

Konecno Sloboden...
Член од
2 декември 2011
Мислења
2.213
Поени од реакции
2.844
Постави многу прашања, и скоро на сите има одговор во вој форум. По одговор мислам на христијански одговор, а не на некое своеволно блебетење на некои атеисти кои немат појама за верување во Бога.

Дел од твојот пост ставив во болд со цел кратко да ти одговорам.

1.- Што мислиш ти, дали е можно, милиони, или некоклку милијарди луѓе во текот на 2.000 години да веруват во Исуса Христа, и сите тие да бидат заведени и глупи, ако Исус Христос не е вистина туку лага?
И денес има милиони луѓе во светот коои веруват во Бог, а се од разни општествени слоеви и со разно образование, почнувајќи од неписмени па до доктори на науќи, од општи работници до претседатели на држави.

2. Дали постојат паралелни умиверзуми? Како ги замислуваш да постојат истовремено и на исто место.

3. Кој на кого служи: човекот на Бога, или Бог на човекот? Што мислиш дали Бог е слуга на човекот?

4. Што за тебе конкретно значи зборот „Почитувај“?

5. Не сведочи лажно против својот ближен? Кој е твој ближен? Ако не ја кажеш вистината, дали на тој начин го спасуваш својот ближен? Велиш дека твојот ближен разнесел афтобус полн со деца. Што е лажно сведочење? Да ја кажуваш вистината која ја знаеш и си ја видел? или пак да сведочиш лага? твојот ближен не го направил тоа?
Што за тебе значи: Не сведочи лажно?
Под 1- не само што е можно туку и така е, и не дека исус е лага или вистина исус нема ништо со христијанството, исус само преставува изговор за да се направи религијата и нејзините лидери да манипулираат со неа, ај за неписмените би разбрал да се заблудени во верувањето во христијанската религија , ај за бездомници кои за да преживеат ке прифатат секаква религија која не има е и онака битна туку дај ако дадеш нешто за јадење како што е пример со христијанската религија и не само тоа туку за да може да помагаат хриситјаните мора прво да ги создадат лугето бездомници на директен или индиректен начин и после оп еве ти ги со во една рака леп и путер а во другата библијата, ама да се замисли образовани луге па и научници од разни кадри со голема интелектуалност да веруваат во разни суеверија и религии кои уствари не преставуваат ништо освен секти(секти се групации на луге кои прават разни ритуали во славење на какво и да е нивното божество-досегашните религии посебно западните) тоа ми е мнгоу голем доказ дека уствари интелигенцијата е многу ретка во светот денес,а стравовите и кондициите од каква и да е идеологија многу чести.

2- дали постојат паралелни универзуми? ова е исто како и прашањето дали постои господ - како ги замислуваш да постојат , како го замислуваш господ да постои значи изреката во библијата дека господ го создал човекот според својот лик не е точна туку обратното е точно човекот го има создадено бог според своите замисли и имагинации- Илузии. Како можеш да си замислиш како изгледаат паралелните универзуми и дали воопшто постоја тоа ке биде само твоја замисла а не и самата реалност. Така да верувањето во бог е само верување во нешто за тебе не реално, а истот ваши и за атеистите тие се теисти свртени наопаку стоечки на глава тие веруваат во не постоењето во бог но сепак веруваат а не знаат со сигурност али е така или не. Во секое верување постои длабока сомнеж, инаку зошто би верувал или знаеш нешто или не знаеш, не веруваш во сонцето дека постои туку знаеш дека постои. Така да според мене атеистите и теистите спаѓаат во иста категорија тие се ист производ во различно пакување.

3- Никој на никого не служи како може да има служење, ти го омаловажуваш самото постоење на човекот и на самиот себе кога се ставаш како слуга на некоја замислена појава а и што е нај интересно господ е замислен како персона како тој да има свои размислувања и свои филозофски ставови, во оваа постоење може само да се каже дека има заемна меѓузависност, се е така испреплетено така што ништо не е побитно од нешто друго во овој универзум само нашите умови ги поделуваат нештаата така да изгледа како да е нешто побитно а нешто друго не толку битно

4- За да почитуваш некого прво мора да си тотално себичен и да се почитуваш себе во својата целост без одбивање на некој дел од себе кој мислиш дека е лош и дека не ти треба и само прифаќање на нешто што за тебе е добро и изводливо во интеракција со другите околу тебе.Со самото прифакање следува трансформацијата и со малку свесност своето целосно битие ке можеш да го користиш и со тоа самата почит доаѓа не е напетната или присилена туку спонтан одговор на тоталноста на твоето постоење.

5- овие заповеди во христијанството и другите религии се толку глупи и толку опасни што впрочем и би требало да се забранат. да ти кажува некој друг што би требало да правиш а што не е навреда на самата свесна интелигенција во инвидуата. Не сведочи лажно. не кажувај лага , не прави ова или она или прави само ова, какви ограничувања. Пример се запалила куќа на некој човек кој имал 3 деца но во тоа време таткото не бил тука а децата си играле внатре во нивната соба. И бидејки децата биле многу мали и не разбирале што се случува си продолжиле да си играат иако комшиите им викале да скокнат од прозорот но нив не ги интересирало. Кога дошол таткото и дошол на време бидејки уште малку и ке ги фатело огнот он морал да ги излаже да им каже дека им ги донел нивните долго очекувани и обетувани играчки но морале да искочат надвор за да ги добијат. Значи и лаги и можат да се користат во прави ситуации а во не точни ситуации и вистината може да биде некорисна и неточна.
 
Член од
25 ноември 2010
Мислења
156
Поени од реакции
149
Ако еден куп предрасуди ги маркираш со дисклејмерот "ја не сакам да провоцирам или никого да навредам" е тогаш е ОК.
Постирав со цел да дознаам како верниците гледаат на прашањата кои често се поставуваат за религијата. Предрасудите се заклучоци или мислења донесени за некоја група врз основа на слаби знаења поврзани со истата. Предрасуда: Црнците треба да се затворат, бидејќи сите се гангстери! Никаде не расудувам никого, само поставувам прашања, за да имам некое подобро знаење поврзано со луѓето кои што се верници. Доколку имаш одговор на некое од поставените прашања би ми било драго доколку го споделиш, можеби ќе смениш нечие мислење поврзано со религијата (на пример моето). Неодговарањето и сваќањето на прашањата како провокација се еден вид на одговор.
 
Член од
19 март 2011
Мислења
18.984
Поени од реакции
40.199
Кога дошол таткото и дошол на време бидејки уште малку и ке ги фатело огнот он морал да ги излаже да им каже дека им ги донел нивните долго очекувани и обетувани играчки но морале да искочат надвор за да ги добијат. Значи и лаги и можат да се користат во прави ситуации а во не точни ситуации и вистината може да биде некорисна и неточна.
А запирки? Или Ошо има нешто против запирките?
 

Björn

Does Your Mother Know?
Член од
14 август 2006
Мислења
44.997
Поени од реакции
83.373
Постирав со цел ...
Муда марјанова... Си постирал ти глупости еден куп. Нити те интересира што мислат верниците, нити било што друго. Само провоцирање, ништо друго.
Доказ на све тоа е почетокот на твојот пост, врз кој ти се темели целиот зид од текст.
Све тоа, што ти го нарекуваш прашања ти се темели врз премиса дека господ не постои:
"Дали е можно милион луѓе да веруваат во нешто што е лага, макар траела со векови?"
Што понатака да ти кажуваме?
Дека си ограничен?
 
F

Frankie Yale

Гостин
Муда марјанова... Си постирал ти глупости еден куп. Нити те интересира што мислат верниците, нити било што друго. Само провоцирање, ништо друго.
Ех војводо, ти тоа го правиш на секоја тема поврзана со муслимани и Албанци. Не дека имам нешто против, плукај, провоцирај и напаѓај колку ти душа сака, ќе те поддржам и ако треба, само немој да се буниш кога некој атеист ти го прави истото на тебе...
 
Член од
25 ноември 2010
Мислења
156
Поени од реакции
149
Муда марјанова... Си постирал ти глупости еден куп. Нити те интересира што мислат верниците, нити било што друго. Само провоцирање, ништо друго.
Доказ на све тоа е почетокот на твојот пост, врз кој ти се темели целиот зид од текст.
Све тоа, што ти го нарекуваш прашања ти се темели врз премиса дека господ не постои:
"Дали е можно милион луѓе да веруваат во нешто што е лага, макар траела со векови?"
Што понатака да ти кажуваме?
Дека си ограничен?
Мило ми е што некој одговори, а сега објасни што гледаш ти како глупост во прашањава. Ме интересира што мислат верниците, затоа и ги поставив, да не ме интересираше мислењето на теистите најверојатно немаше да го отворам овој дел од форумот. Темата е за поставување прашања, атеист сум и ме интересира што мислат тие што веруваат. Прашањето "Дали е можно милион луѓе да веруваат во нешто што е лага, макар траела со векови?" не е конкретно за христијанството, туку е општо прашање, се одговара со да, не или незнам, а може да следи и образложение. Провокација? Без тој изговор за ескиважа, те молам. Подобро кажи немам одговор на твоите прашања, доволно е ако незнаеш да ги одговориш, како што кажав предходно и тоа е еден вид на одговор. Атеист сум, со добар одговор можеби ќе ме убедиш да верувам. Поздрав
 
Член од
5 септември 2007
Мислења
3.848
Поени од реакции
960
Дали е можно милион луѓе да веруваат во нешто што е лага, макар траела со векови?
Да.

Ако господ го создал светот, ги создал луѓето, животните и природата, а да речеме дека ништо само од себе неможе да се создаде, тогаш кој го создал господ?
Господ не е создание. Тој не е создаден. Тој е вечен. Тој е прапричина на се што постои. Да прашаш кој го создал Господ е исто како да прашаш што е појужно од јужниот пол.

Кога луѓето треба да се водат по своите емоции?
Според мене никогаш.

Зошто луѓето се молат
Христијаните веруваат дека молитвата е комуникација со Бог, дека Бог навистина ги слуша кога се молат. Тие сакаат да си го отворат своето срце пред Него и да му ги кажат своите благодарности, проблеми, маки, радости, потреби и сл.

и кој е одговорот на прашањето "зошто господ не ми одговори на мојата молитва"?
Има повеќе одговори:
1. Бог можеби ти одговори, ама едноставно одговорот не е она што ти го очекуваше.
2. Твојата молитва не била богоугодна.
3. Почекај. Бог го знае совршеното време за исполнување на твојата молитва.
4. И други.


Дали одмаздољубието треба да постои?
Не.

Дали господ за вас е праведен?
Да.

Дали господ ги сака сите подеднакво?
Веројатно да. Нема прецизен одговор во Библијата (Божјото откровение) за ова прашање.

Неверниците, господ ги праќа да горат во пеколот, а тие што му се поданици ги праќа во рајот, но сепак сите ги сака подеднакво?
Сите сме во еден вид дупка. Бог ја испружа раката за да ни помогне на сите. Сепак едни се фаќаат за раката, други пасивно ја игнорираат, а трети плукаат врз таа рака, се прават вицеви од неа, се подбиваат и сл. Што мислиш кои ќе се спасат?

Како христијанството гледа на инцестот?
На почетокот, во првите неколку генерации од Адам и Ева бил дозволен, а потоа бил забранет.

Ако е господ семоќен, зошто не ги спречи сите војни и страдања во светов?
Краток одговор:
Затоа што злото е во нас луѓето и доколку Бог утре одлучи да го уништи „злото“ тој треба да почне прво од нас луѓето. Но бидејќи не љуби, тој трпеливо чека уште некои да се покајат и преку вера во Исус да станат Негови деца. Откако ќе се исполни бројот на оние што ќе се покајат, во Божјо време Бог ќе му го даде нокаутот на злото.

Долг одговор: http://www.veronauka.com.mk/sources/zostozlo.html

Никаде во 10те божји заповеди не се споменува силување, дали значи дека господ го оправдува?
Во стариот завет има вкупно над 600 заповеди. 10те Божји заповеди се само еден важен дел од нив. Но тоа не се најголемите заповеди. Најголемите заповеди кои се потврдени и од Исус се следниве:

„ И пристапи еден од книжниците, кој чу како се препираат, знаејќи дека им одговори добро, Го праша: „Која е најголемата од сите заповеди?” Исус одговори: „Првата е: ‘Слушај Израеле - Господ, нашиот Бог - е единствен Господ, и љуби Го Господа својот Бог со сето свое срце, со сета своја душа, со сиот свој разум и со сета своја сила’!” А оваа е втората: „Љуби го својот ближен како себеси!” Друга заповед, поголема од овие, нема.”“ (ев. Марко 12:28-31, Библијата)

Доколку некоја љубиме како себе си, тогаш нема да ја силуваме нели? Исус ја преформулира втората заповед на следниов начин: „сè што сакате да ви прават луѓето, правете им и вие така; зашто тоа е (суштината на) Законот и пророците“ (ев. Матеј 7:12; Библијата)

5.(5тата божја заповед) Почитувај ги таткото и твојата мајка за да ти биде добро и да поживееш долго на земјата. - а што ако мајката и таткото се алкохоличари и го малтретираат детето? Дали сеуште треба да се почитуваат?
Да. Но, да ги почитуваш не значи секогаш и да си им послушен. Во овој случај почитување би значело да им помогнеш на своите родители да се ослободат од тој порок (алхохолот). Се разбира, доколку детето е мало и не знае како да се справи со тоа, треба некое трето совесно лице откако ќе го забележи тоа да пријави семејно насилство и доколку е потребно да им биде одземено детето на тие родители и да биде згрижено во дом. Доколку детето е христијанин, тој ќе продолжи да ги почитува своите родители и ќе гледа на нив како еден вид луѓе на кои што има треба помош, првенствено духовна/Божја, а потоа и професионална помош.

9. Не сведочи лажно против својот ближен. - да речеме мојот ближен разнесува автобус полн со деца, и потоа мене ме вика како сведок да потврдам дека таа вечер, кога се извршило масовното убиство, тој бил со мене во дискотека. Сведочам лажно, но не и против својот ближен. Дали ќе ме казни господ?
Да, ти сведочиш и против својот ближен. Со тоа што ти ќе излажеш и го оставиш на слобода твојот ближен, со тоа ти ги ставаш во опасност и следните деца кои твојот ближен би можел да ги разнесе. Со тоа им правиш зло на идните деца, а му правиш и зло на твојот ближен со тоа што наместо да го згрижиш во казнено-поправен дом, ти го оставаш да прави уште злодела.
Понатаму, не е злосторникот само твојот ближен. За тебе ближни се или би требало да бидат и убиените деца, нивните родители, судијата, поротата, идните деца кои би биле во потенцијална опасност од злосторникот на слобода итн.

Како гледате вие на човекот што не е христијанин, а верува во замислен семоќник на небото што се вика да речеме Мајкл Џордан, за него тој замислен човек има супермоќи, има телевизори на небото, камери на земјата и врши мониторинг врз секого, верува дека еден ден ќе се симне на земјата и со неговите супермоќи ќе ги среди сите проблеми на планетава?
Гледаме како човек во заблуда, како човек кој не го познава Бог.
 
Член од
14 април 2010
Мислења
628
Поени од реакции
219
Прашање до "лиценцираниве христијани"
Прв случај-Жена,страшно посесивна кон маж и цел живот од кога се земени,постепено му ја вади душата на маж и-со години, и на крај типов умира од рак,инфаркт или мозочен удар (го убива постепено-психички)
Втор случај- Маж,преку куро му е од жена му што го изневерува со други или слично,или од некоја си друга причина, во афект ја застрелува жена му..(ја убива физички)
Што се смета за поголем грев,и што би било според вас поголем грев.
 
Член од
9 ноември 2007
Мислења
9.327
Поени од реакции
1.334
На почетокот, во првите неколку генерации од Адам и Ева бил дозволен, а потоа бил забранет.
Ајде бе... и ова е некој бесмислен апдејт.... откако генетиката си го кажа своето...

... и ако е така ко што викаш..пак нешто не е во ред...
Адам имал свој генетски код, Ева го имала истиот Адамов код... нели од неговото ребро е направена (иако кал наоколу имало колку сакаш:D ) .... е јбг... крајно упростено, плус и плус стално дава плус... значи и нивните деца го имале истиот код, истиот код го имале и нивните внуци и правнуци и се така натака... така за тврдењето отпрво бил дозволен а потоа забранет инцестот не држи никаква вода... едноставно не можеле да се развијат никакви варијации и комбинации... се јајце на јајце би личело..
... друго... пак нешто со тврдењето дебело не е во ред... плус и плус... и еве денес имаме бели, жути, црни луѓе... и пун к...ц подвидови...
а бе... чудни се тоа божјите патишта..само тој ги разбира:D
 
Член од
25 ноември 2010
Мислења
156
Поени од реакции
149
Благодарам на одговорот. Јасна ми е етичката позадина на религијата и реално доколку секој е вистински верник не би постоеле војни, но бидејќи често е злоупотребувана низ годините можеби се јавил и тој отпор кај луѓето за прифаќање на истата. Мило ми е што даде одговор буквално на секое мое прашање, но сеуште имам нејаснотии поврзани со Христијанството, па доколку би сакал и доколку имаш време одговори и на следниве прашања.

Тргнувајќи од фактот дека е можно милион луѓе да веруваат во нешто што е лага, дали мислиш дека е можно и некое религиско движење да биде лажно (во овој случај Христијанството)? (доколку прашањево го сметаш за премногу провокативно, немора да го одговараш)

Молитвата сепак завршува со божјата воља, тогаш зошто воопшто човекот да се моли?

Доколку одмаздољубието не треба да постои, а господ поради мојот атеизам ме праќа во пеколот, дали тоа е еден вид на одмазда поради моето неверство?

"Сите сме во еден вид дупка. Бог ја испружа раката за да ни помогне на сите. Сепак едни се фаќаат за раката, други пасивно ја игнорираат, а трети плукаат врз таа рака, се прават вицеви од неа, се подбиваат и сл. Што мислиш кои ќе се спасат?"
Бидејќи спомна дека господ е праведен и ги сака сите, дали е праведно да им се суди на луѓето поради нивното неверување, односно дали доколку некој е атеист и направил виц за господ треба да гори во пеколот? Во реални услови, замисли да направиш виц за некој човек и потоа тој да те мачи бескрајно поради тоа? Не е тоа малку неразумно?

Која раса биле Адам и Ева? На цртежи често ги сретнувам како белци, и доколку биле белци, како тогаш настанала оваа широка палета од човечки раси?

"Затоа што злото е во нас луѓето и доколку Бог утре одлучи да го уништи „злото“ тој треба да почне прво од нас луѓето. Но бидејќи не љуби, тој трпеливо чека уште некои да се покајат и преку вера во Исус да станат Негови деца. Откако ќе се исполни бројот на оние што ќе се покајат, во Божјо време Бог ќе му го даде нокаутот на злото."
-Доколку злото е во нас, а он е семоќен, зошто не го искорени уште во моментов? Зошто не ја искористи својата моќ за луѓето да се покаат побрзо? Зошто уште во моментов не го искорени злото, не ги сопре војните и страдањата на луѓето, доколку сите не љуби? Зошто да чека покајување? Ако не љуби сите зошто тогаш умираат илјадници гладни деца низ целиов свет?

"Да, ти сведочиш и против својот ближен. Со тоа што ти ќе излажеш и го оставиш на слобода твојот ближен, со тоа ти ги ставаш во опасност и следните деца кои твојот ближен би можел да ги разнесе. Со тоа им правиш зло на идните деца, а му правиш и зло на твојот ближен со тоа што наместо да го згрижиш во казнено-поправен дом, ти го оставаш да прави уште злодела."
Дали сведочам против или за, мислам дека тешко е да се одговори. Но да речеме (во интерес на приказната) дека мојот ближен останува на слобода и се решава да не убива повеќе луѓе, ја зема неговата животна заштеда и го продолжува својот живот на Хаваите. Да речеме дека децата кои што ги убил се екскурзијанти од друга земја, доаѓаат од школа каде што се учи национализам, никогаш пред тоа не сум бил ниту јас ниту мојот ближен (во овој случај старателот) на било каков начин не сме биле поврзани со нив, на никој начин не сме биле блиски ниту со нив, ниту со било кој од земјата од која доаѓаат. Да речеме дека со тоа што сведочам лажно, го вадам мојот ближен (во овој случај старателот) од затворска казна и неговиот живот го продолжува на Хаваите, таму живее долго и среќно до крајот на животот. Сепак не сум прекршил ниту една божја заповед?

"сè што сакате да ви прават луѓето, правете им и вие така" - А што е со мазохистите? Они сакаат болка, сакаат кога некој им нанесува болка. Дали треба да нанесуваат бол, бидејќи сакаат бол да им биде нанесена?

А во врска со прашањето поврзано со Мајкл Џордан, го имам истиот одговор "Гледаме како човек во заблуда, како човек кој не го познава Бог."
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom