Имам еден постар компјутер (веројатно 4-5 години) и седи кај татко ми на работа, си го користат кога им затребува... Прво ми се пожали дека почнал маусот почнал да откажува после саат време, после и тастатурата. Ми го донесе дома, го упалив најнормално, ама едноставно не добивав никаква слика на мониторот од ниеден од излезите (графичката 2 излези и онборд графичката уште еден што има... а незнам на работа преку кое му бил поврзан, битно од 3те не излага ништо). Екранот си седеше црн како кога е поврзан исклучен компјутер.
Откако го упалив компјутерот, кулерот на секој 5 секунди почна се појако и појако да врти... и не се гасеше/рестартираше преку копчињата што се на куќиштето. Држев 5 секунди, пак ништо. Го исклучив од струја и од тогаш навака (покрај тоа што нема никаква слика) самиот се пали штом го уклучам кабелот во напојувањето а механичките копчиња воопшто не реагираат. А првиот пат преку Power копчето го упалив нормално.
Проверив ги отштекав од матичната двете копчиња (ресет и повер) но и без нив сам си се пали...
Совет некој што да му правам?
Матичната е ABIT IS-85
Рам има 512МБ DDR1 веројатно
Процесор Pentium 4 3.0 GHz