Кој е вашиот омилен лик од „Господар на прстените“?

Björn

Does Your Mother Know?
Член од
14 август 2006
Мислења
45.187
Поени од реакции
84.060
Читав некаде дека Толкин не сакал да објасни кој е Том Бомбадил, а мене ми држи вода објаснувањето дека е тоа Еру Илуватар лично или пак едноставно духот на Средната Земја.
Станува збор за мајарски дух, а не за некаков дух на Средната Земја (такво нешто нема).
Мајарските духови (Мајари) би ги претставил како еквивалент на ангели.
Верувај дека има доста нешта кои не одат во прилог на тоа дека Том е Еру. А таа теорија, всушност ја споменав како интересна, не дека има многу кои ја подржуваат.
 

gade

Augustus
Член од
12 април 2008
Мислења
4.850
Поени од реакции
5.169
Станува збор за мајарски дух, а не за некаков дух на Средната Земја (такво нешто нема).
Мајарските духови (Мајари) би ги претставил како еквивалент на ангели.
Верувај дека има доста нешта кои не одат во прилог на тоа дека Том е Еру. А таа теорија, всушност ја споменав како интересна, не дека има многу кои ја подржуваат.
Нема соодветен предвод на македонски на зборот spirit.Овде мислам на духот на средната земја, кој не е креиран ниту од Еру, ниту од Манве или Ауле.Нешто како изданок на самата Средна Земја.
At the Council of Elrond, Galdor suggests that Bombadil would be unable to withstand a siege by Sauron "unless such power is in the earth itself", implying that the character may be a manifestation of Middle-earth's inherent properties.

Како било, многу интересен лик. :)
 

Mila Mina

❤ ❤ ❤ ❤ ❤ ❤ ❤ ❤
Член од
12 ноември 2011
Мислења
649
Поени од реакции
712
Најомилен филм и трилогија ми е Lord of The Rings ! Просто за мене му нема замена! Ја купив и читав книгата и пред да се сними филмот и сама ја визуелизирав целата бајка скоро потполно исто како што излезе и во филмот (и многу ми го имаат кажано истото)...Поготово ликовите..Браво за Џексон! Одлична визуелизација на литературно дело! Едино му замерам затоа што потрошил премногу време на Хобитите и ставил акцент на нив (со исклучок на Том Багинс кој го миниманизирал во филмот скоро и да го нема за разлика од книгата) и не им посветил доволно внимание на Самовилите а аудирам на нивниот град најповеке кој е преубаво направен(анимациски) но премалку се задржал на него..а во книгата повеке дејствијата се одвиваат во тој град и магијата во него кој со себе ја има.........
А најомилени ми се Самовилите а од нив преубавата Аруена и кралицата Галадриела
arwen.jpg arwen moment.jpg
сликава е од КОКО ШАНЕЛ инспирација од Аруена..просто преубаво!

Galadriel_5.jpg Galadriel04.jpg
 
Член од
23 јуни 2011
Мислења
10.341
Поени од реакции
3.847
Хммм омилен лик...тој со белата коса со стрелите, и главната улога што беше дечкото. Не ми текнува сега на имињата зошто од дамна сум ги гледал.
 

Sky*

Не биди коцкест.
Член од
12 август 2011
Мислења
5.657
Поени од реакции
7.305
Хммм омилен лик...тој со белата коса со стрелите, и главната улога што беше дечкото. Не ми текнува сега на имињата зошто од дамна сум ги гледал.
Орландо Блум а.к.а Леголас



И мене ми е омилен :)
 

Björn

Does Your Mother Know?
Член од
14 август 2006
Мислења
45.187
Поени од реакции
84.060
Lawrence Makoare е во суштина the Witch-king of Angmar. Исто така во филмот ја има улoгата на Uruk-hai (црните орки) и Orc Gothmog.
OK, не мислев на актерот, туку на ликот.

Инаку линкот што си го ставил кај Witch-king of Angmar, води до King of the Dead, кој нема никаква врска со назгулите (напротив се бори на спротивната страна).

А и за сликата што си ја постирал, ќе морам да те разочарам. Ти можеби си мислел на Witch-king како омилен лик, ама си ставил слика од Камул (најверојатно во шумичката кај што, на сам почеток, за малку ќе ги фатеше Хобитите, кои се скрија зад корењата на едно дрво).
 

Björn

Does Your Mother Know?
Член од
14 август 2006
Мислења
45.187
Поени од реакции
84.060
Нема соодветен предвод на македонски на зборот spirit.Овде мислам на духот на средната земја, кој не е креиран ниту од Еру, ниту од Манве или Ауле.Нешто како изданок на самата Средна Земја.
At the Council of Elrond, Galdor suggests that Bombadil would be unable to withstand a siege by Sauron "unless such power is in the earth itself", implying that the character may be a manifestation of Middle-earth's inherent properties.
Реченицата што ја кажува Галдор, може ама и не мора да се сфати така како што ја толкуваш.
Доколку во толкиновиот универзум, би постоела Арда како битие, нешто слично на концептот на Гаја, верувај ќе се споменеше некаде од некого, дали во Силмарилион или пак на некое друго место. Не може само Галдор да е свесен за тој факт. Некаде некој (дали самиот Толкин како наратор, или пак некој од неговите ликови) сигурно ќе го споменеше тоа. Или пак ќе изнесеше фрагменти кои би не навеле да помислиме дека има нешто такво.
Кај Толкин, Арда е една неортодоксна планета, која прво беше рамна, а по почетокот на Второто Доба, (Еру) ја претвори во кугла. Но немаме навистина никаков hint дека е макар и блиску до концептот за Гаја (освен овој ептен недоволен исказ на Галдор, кој да повторам апсолутно не мора да се сфати така).
Среќа што имаме доста експерти на таа тема.
Повеќето шпекулации кои ги имам сретнато од ваквите посветеници, укажуваат на тоа дека тој (Бомбадил) е Мајар (а ни мене не ми беше тешко самиот да дојдам до тој заклучок).
Еден од нив (експертите) е Дејвид Деј. Во неговиот Толкинов Речник (A to Z of Tolkien (1993) aka The Tolkien Companion, aka Guide to Tolkien), тој вели дека Бомбадил е мајар. Рака на срце, Деј не се држи цврсто за тоа и остава простор за поинакви интерпретации.
Читав некаде дека Толкин не сакал да објасни кој е Том Бомбадил, ...
На крајот на краиштата, во Толкиновите Писма (Хемфри Карпентер, 1981), реферирајќи кон Т.Б., самиот Толкин вели дека некои работи треба да останат тајни од било која перспектива, особено ако за нив веќе постои објаснување.
--- надополнето: Dec 10, 2011 10:37 PM ---
(со исклучок на Том Багинс кој го миниманизирал во филмот скоро и да го нема за разлика од книгата)
ОК, веќе некое време звучам и делувам како некаков толкин-чистотник (читај - цепидлака), али не ми е тоа првенствената намера.

По цитатот: Кога велиш Том Багинс, ти веројатно мислиш на Билбо Багинс, а исто така веројатно не мислиш на Том Бомбадил (бидејќи зборуваш за филмот, каде него го нема).
 

Mila Mina

❤ ❤ ❤ ❤ ❤ ❤ ❤ ❤
Член од
12 ноември 2011
Мислења
649
Поени од реакции
712
ОК, веќе некое време звучам и делувам како некаков толкин-чистотник (читај - цепидлака), али не ми е тоа првенствената намера.

По цитатот: Кога велиш Том Багинс, ти веројатно мислиш на Билбо Багинс, а исто така веројатно не мислиш на Том Бомбадил (бидејќи зборуваш за филмот, каде него го нема).
Знаеш ли дека сакав да го преправам утредента приметив али касно беше, отиде.......да Том Бомбадил мислев(него го нема во филмот а посветено му е доста внимание во книгата и битен лик е по мене) ..А ми беше глупо сега да постирам поново пост за да ја исправам грешката:) Ипак тенкс;)
А кажи зашто го игнорирал Џексон? Имаш сознанија?:)
Еве слики од стариот хобит(нема боља слика,а не го замишљав така) и неговата куќичка;) Tom_bombadil.jpg 600px-Bombadil_House.jpg Tom_Bombadil_s_house.jpg
 

Björn

Does Your Mother Know?
Член од
14 август 2006
Мислења
45.187
Поени од реакции
84.060
Знаеш ли дека сакав да го преправам утредента приметив али касно беше, отиде.......да Том Бомбадил мислев(него го нема во филмот а посветено му е доста внимание во книгата и битен лик е по мене)
А баш бев убеден дека мислиш на Билбо Багинс...
Искрено, јас лично не согледувам дека во трите книги, му е посветено доста внимание или дека е толку битен лик, само што е не-карактеристичен малку, што би рекле - надвор од шините (...на Средната Земја).
А кажи зашто го игнорирал Џексон? Имаш сознанија?
Грубо и сосем картко кажано: како лик со своја функција, не се вклопува во некакви модерни (комерцијални) шеми за пишување книга или сценарио од филм. Тој што ги дава парите за филмот многу ги вреднува тие шеми.
На оваа, а и на другата тема за Господарот на Прстените (во подфорум Филм), имам доста пишувано за ова и други ситници, заради кои Господарот на Прстените, онаков како што го знаеме, немаше да постои, доколку беше издаден едно 30-тина години по доцна.
...Еве слики од стариот хобит...
Во постовиве (на оваа и претходните страни) го начнавме прашањето за природата на овој лик. Не сум сретнал до сега некој да смета дека Т.Б. е Хобит, ама ете, ни самиот Толкин до крај намерно не ни откри некои тајни (во контекст на Толкиновите Писма), па на крајот на краиштата секој може да истапи со сопствено видување (иако, како што потенцирав по горе, повеќето експерти се сложија дека најверојатно тој е мајар).

Мора да ми се оддаде почит за тоа шо ептен се трудев да не бидам циничен, а ни зајадлив!
 

Mila Mina

❤ ❤ ❤ ❤ ❤ ❤ ❤ ❤
Член од
12 ноември 2011
Мислења
649
Поени од реакции
712
Грубо и сосем картко кажано: како лик со своја функција, не се вклопува во некакви модерни (комерцијални) шеми за пишување книга или сценарио од филм. Тој што ги дава парите за филмот многу ги вреднува тие шеми.
На оваа, а и на другата тема за Господарот на Прстените (во подфорум Филм), имам доста пишувано за ова и други ситници, заради кои Господарот на Прстените, онаков како што го знаеме, немаше да постои, доколку беше издаден едно 30-тина години по доцна.
Мора да ми се оддаде почит за тоа шо ептен се трудев да не бидам циничен, а ни зајадлив!
Па не мислам дека митологијата и легендите некогаш ќе изгубат од интерес, ќе изгубат ако и човечката фантазија и потреба за илузионен свет не постои..а тоа е невозможно;) ...(ако тоа ти беше поентата за по 30-тина години).......
А сакаше да бидеш зајадлив и циничен?Нема потреба од цинизам...само прашав..сепак фала за одговорот...
 

Björn

Does Your Mother Know?
Член од
14 август 2006
Мислења
45.187
Поени од реакции
84.060
Па не мислам дека митологијата и легендите некогаш ќе изгубат од интерес, ќе изгубат ако и човечката фантазија и потреба за илузионен свет не постои..а тоа е невозможно;) ...(ако тоа ти беше поентата за по 30-тина години).......
Јас повеќе мислев на некои технички моменти при пишување на книга или сценарио за филм.
А сакаше да бидеш зајадлив и циничен?Нема потреба од цинизам...само прашав..сепак фала за одговорот...
Не и не бев.
Обично сум, во вакви дискусии (а не треба).
 

Mila Mina

❤ ❤ ❤ ❤ ❤ ❤ ❤ ❤
Член од
12 ноември 2011
Мислења
649
Поени од реакции
712
Јас повеќе мислев на некои технички моменти при пишување на книга или сценарио за филм.
Аха..да, па сигурна сум дека ќе се направи повторно визуелизација, се надевам поуспешна пошто и мене ми фалат многу делови и главна замерка премал е филмот во споредба со содржината на книгата.......Ја највеќе би сакала да Толкин е жив и напише уште вакви истражувања за неговата митологија ....гладни се сите за уште.... бар јас сум:) ......
 

Kajgana Shop

На врв Bottom