Нема соодветен предвод на македонски на зборот spirit.Овде мислам на духот на средната земја, кој не е креиран ниту од Еру, ниту од Манве или Ауле.Нешто како изданок на самата Средна Земја.
At the Council of Elrond, Galdor suggests that Bombadil would be unable to withstand a siege by Sauron "unless such power is in the earth itself", implying that the character may be a manifestation of Middle-earth's inherent properties.
Реченицата што ја кажува Галдор, може ама и не мора да се сфати така како што ја толкуваш.
Доколку во толкиновиот универзум, би постоела Арда како битие, нешто слично на концептот на Гаја, верувај ќе се споменеше некаде од некого, дали во Силмарилион или пак на некое друго место. Не може само Галдор да е свесен за тој факт. Некаде некој (дали самиот Толкин како наратор, или пак некој од неговите ликови) сигурно ќе го споменеше тоа. Или пак ќе изнесеше фрагменти кои би не навеле да помислиме дека има нешто такво.
Кај Толкин, Арда е една неортодоксна планета, која прво беше рамна, а по почетокот на Второто Доба, (Еру) ја претвори во кугла. Но немаме навистина никаков hint дека е макар и блиску до концептот за Гаја (освен овој ептен недоволен исказ на Галдор, кој да повторам апсолутно не мора да се сфати така).
Среќа што имаме доста експерти на таа тема.
Повеќето шпекулации кои ги имам сретнато од ваквите посветеници, укажуваат на тоа дека тој (Бомбадил) е Мајар (а ни мене не ми беше тешко самиот да дојдам до тој заклучок).
Еден од нив (експертите) е Дејвид Деј. Во неговиот Толкинов Речник (
A to Z of Tolkien (1993) aka
The Tolkien Companion, aka
Guide to Tolkien), тој вели дека Бомбадил е мајар. Рака на срце, Деј не се држи цврсто за тоа и остава простор за поинакви интерпретации.
Читав некаде дека Толкин не сакал да објасни кој е Том Бомбадил, ...
На крајот на краиштата, во Толкиновите Писма (Хемфри Карпентер, 1981), реферирајќи кон Т.Б., самиот Толкин вели дека некои работи треба да останат тајни од било која перспектива, особено ако за нив веќе постои објаснување.
--- надополнето: Dec 10, 2011 10:37 PM ---
(со исклучок на Том Багинс кој го миниманизирал во филмот скоро и да го нема за разлика од книгата)
ОК, веќе некое време звучам и делувам како некаков толкин-чистотник (читај - цепидлака), али не ми е тоа првенствената намера.
По цитатот: Кога велиш Том Багинс, ти веројатно мислиш на Билбо Багинс, а исто така веројатно не мислиш на Том Бомбадил (бидејќи зборуваш за филмот, каде него го нема).