Европарламентот гласаше за прием на Хрватска во Унијата

P

Princ

Гостин
1. Или се лага сите истражувања за ставот на граѓаните за членство во ЕУ, кадешто ЗА се изјаснуваат некои 90%
2. Или ви е криво што не сме во ЕУ па сега наоѓате секакви мани (види приказна "Лисицата и грозјето")
3. Или вие сте 10%-те од процентот погоре.

Трето нема :icon_lol:
 
Член од
1 ноември 2008
Мислења
7.396
Поени од реакции
1.880
1. Или се лага сите истражувања за ставот на граѓаните за членство во ЕУ, кадешто ЗА се изјаснуваат некои 90%
2. Или ви е криво што не сме во ЕУ па сега наоѓате секакви мани (види приказна "Лисицата и грозјето")
3. Или вие сте 10%-те од процентот погоре.

Трето нема :icon_lol:

Истражувањата односно анкетите се наместени или не се во зависност за која дискусија му требаат на тој кој ги користи како аргумент.
 
P

Princ

Гостин
Истражувањата односно анкетите се наместени или не се во зависност за која дискусија му требаат на тој кој ги користи како аргумент.
Постои толеранција на грешка од +/- 3% (мислам) ама не од 30% или пак 90%.
 
P

PewDiePie

Гостин
Штета за Хрватите,не сфаќаат луѓево дека кога влегуваш во еу губиш дел од идентитетот,дека тоа што било твое/наше станува нивно. А плус климава им е ептен погодена за влез,баш пред распад.
 
Член од
23 ноември 2011
Мислења
14.322
Поени од реакции
32.863
Да не беше уцената со името, не ли би сакале да влеземе у ЕУ? Ајде да бидеме реални, зошто да не добиеме некое милионче од тие фондови.

Јас сум млад човек, од дете слушам како е транзиција, криза, тешко било, е па поарно и ние како грците да живееме 50 години како цареви со кредити, па друи генерации нека му ја мислат после, ама дај да се направи инфраструктура, патишта, не може ние вечно да сме во криза.

Може ќе речите дека е себично размислување, ама мислам дека е реално, секој тоа би го помислил.

Но нормално не по цената која сега сакаат да ни ја наплатат, т.е. откажување од идентитет. А иначе дека со влегување во некаков сојуз се губи од суверенитетот, тоа е точно, но 50 години во Југославија, па сепак уште сме македонци, но затоа што таму бевме македноци. Во ЕУ ако влезиме како Македонија и македонци, нема многу да изгубиме, и така и сега ние не одлучуваме за се во државата.
 

Solid

Зона на самракот
Член од
26 август 2007
Мислења
7.176
Поени од реакции
4.133
Само будала би се качил на брод кој има дупка.ЕУ моментално е баш тоа.Како се живее во Европа??Подобро од Македонија??Некаде да,некаде е исто тешко како кај нас.
-Хрватска.Една од најзначајните индустриски гранки,туризмот.Преку 15 % невработеност.Знаете каде е најголема невработеност??Далмација.
-Шпанија и Словачка.Висока невработеност.Преку 20 %
-Ирска.Ирци одат масовно на работа во Америка.Знаете кога било така последен пат??Крај на 19 и почеток на 20 век кога во Ирска се умирало за леб.Ирското чудо помина.Толку.
-Италија.Таму последниве 3-4 год е катастрофа.Сите имаме по некој на печалба таму.Па кога дојде време иселеници од таму да се враќаат во Македонија,секоја дискусија е непотребна.
-Португалија.Невработеност и презадолженост.
-Романија и Бугарија.За Романија постирав горе како е состојбата.И во Бугарија е слично.

Има 5-6 земји кои се стабилни.Германија на прво место.Епа овие земји на чело со Германија не сакаат некои нестабилни земји да им го лулаат бродот.Измени ќе има.

ЕУ не е таа што беше од пред 10-20 г.

И морам пак да го цитирам тој романскиот министер за финансии.

Гладната Романија е седната на полна трпеза со останатите земји од ЕУ, но не смее да посегнува по храната.

Само што не е гладна само Романија.Има уште неколку земји,а во 2013 ќе им дојде уште една уста за ранење.
 
Член од
25 септември 2011
Мислења
6.448
Поени од реакции
18.283
Да не беше уцената со името, не ли би сакале да влеземе у ЕУ? Ајде да бидеме реални, зошто да не добиеме некое милионче од тие фондови.
И денеска ние како земја кандидат земаме од тие фондови ама не доволно,за да земеме пари од фондовите потребни се издржани проекти кој некој ги мрзи,не се трудат доволно или незнаат како да ги направат.Влезот во Еу не значи дека ќе имаме пристап толку лесно до тие милиони.
 

methMKD

Евроскептик
Член од
18 јануари 2011
Мислења
1.826
Поени од реакции
723
Се усреќија хахахахахахахахаха ПАПАААААА лее пред 2 години ова да ми кажеш ќе речам па хрватска држава е вака така а сега лесна им земја само ќе кажам у таа пропала унија :D
--- надополнето: Dec 2, 2011 3:59 PM ---
1. Или се лага сите истражувања за ставот на граѓаните за членство во ЕУ, кадешто ЗА се изјаснуваат некои 90%
2. Или ви е криво што не сме во ЕУ па сега наоѓате секакви мани (види приказна "Лисицата и грозјето")
3. Или вие сте 10%-те од процентот погоре.

Трето нема :icon_lol:
кога биле тие анкети бе другарче ? прво албанците се за пошо се така :D а македонците почнуваат да се против заради тоа што ЕУ е повеке од очигледно дека се пропала работа
 
S

Sagan

Гостин
Не верувам дека ние што сме евроскептици дури и антиевропски расположени, сме тие 10те % од нацијата. До пред некоја година, и јас бев за членство во оваа унија, која беше замислена како економска унија која за цел има подобрување на животот на Европјаните.

НО...
Последните три години стана јасно дека ЕУ се претвора во конфедерација чија цел не стандардот на населението, туку тој стандард кај некои од членките го користи како мамка за сиромашните земји, како балканските. Едно треба да сфатиме луѓе: Британија, Франција, Германија, Австрија... земјите на чии стандарди велиме дека се угледуваме, НЕ СТАНАЛЕ БОГАТИ ЗАРАДИ ТОА ШТО СЕ ЧЛЕНКИ НА ЕУ! Нивните империи во претходните векови ги направиле такви богати, колониите, златото и дијамантите од Африка, грабежот кој го правеле ширум светот. И сега ние што? “Абе овие се во ЕУ, богати се. И ние ќе станеме такви ако се приклучиме.“

Тоа нема да се случи никогаш. Грција е членка повеќе од 20 години. Најнедемократска држава у Европа е. Економски пропаднаа, поставија марионетска банкарска влада, управувана од водачите на ЕУ, кои не се ни избрани на непосредни избори од граѓаните, туку се подметнати на гласање од економските моќници и профитери.

Романија и Бугарија се членки веќе неколку години. Цените скокнаа за 200%, минималните плати и пензии им се 70 евра. Вие знаете дека шеќерот во Македонија поскапе од 30 и кусур денари на скоро 60, затоа што секојдневно на трите гранични премини кон Бугарија, по неколку шлепери со шеќер нелегално ја напуштаат територијата на Македонија и завршуваат на мало во бугарските продавници, по пониска цена од нивната (евро ипол). И тоа зборувам само за еден производ. Тука е и шверцот на цигари, алкохол, зеленчук... Сѐ тоа на штета на македонската држава, а заради бедата во “европска“ Бугарија.

Но, тоа не ми беше целта на постот. Една друга, многу пострашна позадина има целата оваа работа. А тоа е фашизмот кој континуирано и по малку, се воведува во земјите членки на ЕУ. Лисабонскиот договор, замислен како Устав на ЕУ, падна на референдуми во неколку држави. Европската комисија остана глува на тоа. Го протурка и покрај противењето. Наместија претседател на ЕП кој де факто е претседател на ЕУ, а кој никогаш не ни бил избран од Европјаните. Тој истиот човек, пред некое време беше и во Грција и во Италија, и јавно даде изјава дека “СЕГА НЕ Е ВРЕМЕ ЗА ИЗБОРИ, ТУКУ ЗА РЕФОРМИ“. Тој истиот човек, најгрубо се меша во внатрешните работи и кажува дали ќе има избори, кога ќе бидат, колкав ќе биде буџетот... Кој мисли дека е он???

Друго: кристално јасно е дека ЕУ, со обидите за креирање единствена полиција, можеби и војска, се централизира на начин кој е опасен. На државите членки им се одземаат ингеренции или им се наложуваат работи, со кои тие во голема мера ја губат сувереноста. И тоа замислете, по само 50ина година откако ЕУ беше основана од страна на амерската влада. Што ли уште ќе можеме да видиме во наредните 50 години?

Економската соработка и либерализација можеби е добра за државите, но економската централизација ќе го донесе пеколот овде на Земјата. Кризата започна во 2007 кога група ненаситни амерски банкари ги купија трите најголеми исландски банки, и врз основа на неа подигнаа кредити и заеми десетици пати поголеми од годишниот буџет на Исланд. Кога парите ги потрошија на луксузни вили, јахти и приватни авиони, цел свет го отплаќаше долгот, оти светската глобализирана економија е толку замрсена, што еден селанин од Малешевијата, ја чуствува смрдеата на посраниот банкар од Вол Стрит.

Дајте малку свестете се дека парите од претпристапните фондови, тие неколку милиони, се замка со која ќе си ја продадеме сувереноста и ќе станеме вазали. Овој т.н. нов светски поредок е погубен за индивидуалните слободи, прогресот и одржливиот развој. Самите се туркаме во челуста на ѕверот, кој ни се смешка, пред да му ги видиме забите.







И секако, зошто беше убиен Кенеди:
 

fmi

Член од
1 февруари 2007
Мислења
13.039
Поени од реакции
2.270
Честитки до Хрватска, но ми е интересно како уште некоj от скептицити не е постирал говорот на Фарадж за Хрватска во европскиот парламент.
 

Рудници и

ООЗТ Рудници и железарница - Скопје
Член од
9 декември 2009
Мислења
12.162
Поени од реакции
18.203
Таму има ред за се, не како кај нас, тоа е разликата и тоа голема
Разликата и кај нас можно е да ја средиме, не ни е потребна ЕУ за ред и закони.Не сме толку неарни, додуша и сме до негде гласаме за идиоти.
И Швајцарија, Норвешка не се во ЕУ па многу појак стандард и ред е кај нив.
Можно е и кај нас ред.АКО САКАМЕ!
 

Staufer

Драган Богдановски
Член од
17 јануари 2008
Мислења
16.525
Поени од реакции
22.175
Со среќа нека им е на Хрватите и се најдобро за во иднина. Ја не гледам толку негативно за влезот на Хрватска во ЕУ, напротив мислам ова е вистинскиот чекор.
 
S

Sagan

Гостин
Честитки до Хрватска, но ми е интересно како уште некоj от скептицити не е постирал говорот на Фарадж за Хрватска во европскиот парламент.
Фараџ не е претседател на САД, ЕУ или ЕУ-членка. Ама затоа барем да го слушнеш говорот на Кенеди од 1961. Еве за тебе интегрално, со екстра додатоци.

 

fmi

Член од
1 февруари 2007
Мислења
13.039
Поени од реакции
2.270
Фараџ не е претседател на САД, ЕУ или ЕУ-членка. Ама затоа барем да го слушнеш говорот на Кенеди од 1961. Еве за тебе интегрално, со екстра додатоци.

Jaс зборувам за совсем друго. :)
 

Kajgana Shop

На врв Bottom