Не верувам дека ние што сме евроскептици дури и антиевропски расположени, сме тие 10те % од нацијата. До пред некоја година, и јас бев за членство во оваа унија, која беше замислена како економска унија која за цел има подобрување на животот на Европјаните.
НО...
Последните три години стана јасно дека ЕУ се претвора во конфедерација чија цел не стандардот на населението, туку тој стандард кај некои од членките го користи како мамка за сиромашните земји, како балканските. Едно треба да сфатиме луѓе: Британија, Франција, Германија, Австрија... земјите на чии стандарди велиме дека се угледуваме, НЕ СТАНАЛЕ БОГАТИ ЗАРАДИ ТОА ШТО СЕ ЧЛЕНКИ НА ЕУ! Нивните империи во претходните векови ги направиле такви богати, колониите, златото и дијамантите од Африка, грабежот кој го правеле ширум светот. И сега ние што? “Абе овие се во ЕУ, богати се. И ние ќе станеме такви ако се приклучиме.“
Тоа нема да се случи никогаш. Грција е членка повеќе од 20 години. Најнедемократска држава у Европа е. Економски пропаднаа, поставија марионетска банкарска влада, управувана од водачите на ЕУ, кои не се ни избрани на непосредни избори од граѓаните, туку се подметнати на гласање од економските моќници и профитери.
Романија и Бугарија се членки веќе неколку години. Цените скокнаа за 200%, минималните плати и пензии им се 70 евра. Вие знаете дека шеќерот во Македонија поскапе од 30 и кусур денари на скоро 60, затоа што секојдневно на трите гранични премини кон Бугарија, по неколку шлепери со шеќер нелегално ја напуштаат територијата на Македонија и завршуваат на мало во бугарските продавници, по пониска цена од нивната (евро ипол). И тоа зборувам само за еден производ. Тука е и шверцот на цигари, алкохол, зеленчук... Сѐ тоа на штета на македонската држава, а заради бедата во “европска“ Бугарија.
Но, тоа не ми беше целта на постот. Една друга, многу пострашна позадина има целата оваа работа. А тоа е фашизмот кој континуирано и по малку, се воведува во земјите членки на ЕУ. Лисабонскиот договор, замислен како Устав на ЕУ, падна на референдуми во неколку држави. Европската комисија остана глува на тоа. Го протурка и покрај противењето. Наместија претседател на ЕП кој де факто е претседател на ЕУ, а кој никогаш не ни бил избран од Европјаните. Тој истиот човек, пред некое време беше и во Грција и во Италија, и јавно даде изјава дека “СЕГА НЕ Е ВРЕМЕ ЗА ИЗБОРИ, ТУКУ ЗА РЕФОРМИ“. Тој истиот човек, најгрубо се меша во внатрешните работи и кажува дали ќе има избори, кога ќе бидат, колкав ќе биде буџетот... Кој мисли дека е он???
Друго: кристално јасно е дека ЕУ, со обидите за креирање единствена полиција, можеби и војска, се централизира на начин кој е опасен. На државите членки им се одземаат ингеренции или им се наложуваат работи, со кои тие во голема мера ја губат сувереноста. И тоа замислете, по само 50ина година откако ЕУ беше основана од страна на амерската влада. Што ли уште ќе можеме да видиме во наредните 50 години?
Економската соработка и либерализација можеби е добра за државите, но економската централизација ќе го донесе пеколот овде на Земјата. Кризата започна во 2007 кога група ненаситни амерски банкари ги купија трите најголеми исландски банки, и врз основа на неа подигнаа кредити и заеми десетици пати поголеми од годишниот буџет на Исланд. Кога парите ги потрошија на луксузни вили, јахти и приватни авиони, цел свет го отплаќаше долгот, оти светската глобализирана економија е толку замрсена, што еден селанин од Малешевијата, ја чуствува смрдеата на посраниот банкар од Вол Стрит.
Дајте малку свестете се дека парите од претпристапните фондови, тие неколку милиони, се замка со која ќе си ја продадеме сувереноста и ќе станеме вазали. Овој т.н. нов светски поредок е погубен за индивидуалните слободи, прогресот и одржливиот развој. Самите се туркаме во челуста на ѕверот, кој ни се смешка, пред да му ги видиме забите.
И секако, зошто беше убиен Кенеди: