хммм, FORMAT.., искуство што лично , а двеста пати поише од книги ме учи дека FORMAT до сега у позната историја НЕ СЕ СЛУЧИЛ.... Може само коа млатнал тоа метеорот и коа потепал скоро се живо и диво..., освен некои мали животинчиња кои не се размножувале со јајца, туку женката ги носела во себе...подоцна познати како цицачи, а мноооогу подоцна и како банкари на Волстрит....Глодарите тогаш биле многу мали и неинтересни на мајката природа...таа се бавела со диносауруси...па се протнале...
Сва среќа што сеа сме ние нешто ко економски ситни глодари...па има некоја шанса , ако има НОВО ДЕЛЕЊЕ НА КАРТИ...
Всушност се зезам, премногу сме глупи за таква сложена операција.... каква е нова рука делење
concrete сега уште малку 2012та декември ке дојде и ке направи едно форматче, така да џабе се тепаме за пари, треба малку од Маите да учиме. Инаку тие се единствениот народ кои до доаѓањето на шпанците не знаеле што е тоа насилство и криминал.Немале таков систем. Мислам дека и индијанците во северна америка се блиску поврзани со нив, со слична филозофија спрема животот.
Додека ние ке се изедеме живи. Браќа, роднини, никој никого не ферма, само за пуст кеш, слава и моќ. При очи сме слепи.
Многу работи се криени од нас, токму од тие центри на моќ, во врска со енергијата, историјата за да можат да не држат под контрола. Ако знаеме тогаш имаме моќ (не за џабе владината реклама е "Знаењето е моќ, знаењето е пари"
) и нема да бидеме манипулирани, ама не ни дозволувале да знаеме и затоа не држат како кукли на конец.
Но добро е што полека се освестуваме, и мислам дека за некое време ке се промени овој систем на функционирање на светот. Тоа можда сега се чини како научна фантастика но мене ми е јасно колку само смрди овој систем и дека треба промена од корен, затоа што вака не може човештвото да се усовршува и ако се усовршува тој процес сега е мнооогу спор, иако на нас си се чини дека многу технолошки и научно напредуваме. Напредокот (креативноста) е успорен баш поради тие рестрикции, надзор, правила, закони, контрола и сл. и човекот не може да гледа подалеку од зададената рамка. Едноставно нема дозвола да гледа, затоа што тој поглед ке биде различен од досегашниот и веднаш ке биде осуден бидејки човештвото не ѓи прифаќа промените и различностите така лесно.
Колку само луѓе во минатото имале брилијантни идеји, поседувале степен на свесност многу повисока од свесноста на мнозинството и или биле осудени и умреле во затвор или тоа што го направиле било уништено или заклучено во некои архиви како државна тајна.