Реалниот сектор повторно на удар

leandra

Модератор
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.641
Поени од реакции
38.562
Гледам денес Британија и Бугарија протестираат, за Американците знаеме...чаре нема. Банките се на тапет, први ќе горат.
 
Член од
13 декември 2009
Мислења
1.307
Поени од реакции
647
Добро е што сега овој пат и ние имаме шанса да се омрсиме ако има експанзија на светската економија.
 
concrete

alte Esel
Член од
22 март 2005
Мислења
12.248
Поени од реакции
1.703
хммм, FORMAT.., искуство што лично , а двеста пати поише од книги ме учи дека FORMAT до сега у позната историја НЕ СЕ СЛУЧИЛ.... Може само коа млатнал тоа метеорот и коа потепал скоро се живо и диво..., освен некои мали животинчиња кои не се размножувале со јајца, туку женката ги носела во себе...подоцна познати како цицачи, а мноооогу подоцна и како банкари на Волстрит....Глодарите тогаш биле многу мали и неинтересни на мајката природа...таа се бавела со диносауруси...па се протнале...
Сва среќа што сеа сме ние нешто ко економски ситни глодари...па има некоја шанса , ако има НОВО ДЕЛЕЊЕ НА КАРТИ...:) Всушност се зезам, премногу сме глупи за таква сложена операција.... каква е нова рука делење:)
 
Член од
6 март 2007
Мислења
2.301
Поени од реакции
1.580

concrete сега уште малку 2012та декември ке дојде и ке направи едно форматче, така да џабе се тепаме за пари, треба малку од Маите да учиме. Инаку тие се единствениот народ кои до доаѓањето на шпанците не знаеле што е тоа насилство и криминал.Немале таков систем. Мислам дека и индијанците во северна америка се блиску поврзани со нив, со слична филозофија спрема животот.
Додека ние ке се изедеме живи. Браќа, роднини, никој никого не ферма, само за пуст кеш, слава и моќ. При очи сме слепи.
Многу работи се криени од нас, токму од тие центри на моќ, во врска со енергијата, историјата за да можат да не држат под контрола. Ако знаеме тогаш имаме моќ (не за џабе владината реклама е "Знаењето е моќ, знаењето е пари" :) ) и нема да бидеме манипулирани, ама не ни дозволувале да знаеме и затоа не држат како кукли на конец.
Но добро е што полека се освестуваме, и мислам дека за некое време ке се промени овој систем на функционирање на светот. Тоа можда сега се чини како научна фантастика но мене ми е јасно колку само смрди овој систем и дека треба промена од корен, затоа што вака не може човештвото да се усовршува и ако се усовршува тој процес сега е мнооогу спор, иако на нас си се чини дека многу технолошки и научно напредуваме. Напредокот (креативноста) е успорен баш поради тие рестрикции, надзор, правила, закони, контрола и сл. и човекот не може да гледа подалеку од зададената рамка. Едноставно нема дозвола да гледа, затоа што тој поглед ке биде различен од досегашниот и веднаш ке биде осуден бидејки човештвото не ѓи прифаќа промените и различностите така лесно.
Колку само луѓе во минатото имале брилијантни идеји, поседувале степен на свесност многу повисока од свесноста на мнозинството и или биле осудени и умреле во затвор или тоа што го направиле било уништено или заклучено во некои архиви како државна тајна.
 
Член од
19 март 2011
Мислења
18.984
Поени од реакции
40.199
ами чаре ??!
К.р од магаре...

Интересно е како наоѓам во себе злорадост со која ја очекувам надоаѓачката катастрофа. Истата катастрофа која луѓето упорно одбиваат да ја видат. Се однесуваат како Французите пред втората светска војна.

Чаре, купете си малку земја за да си ги прехранувате децата....
 
Член од
14 ноември 2009
Мислења
17.324
Поени од реакции
15.576
Гледам денес Британија и Бугарија протестираат, за Американците знаеме...чаре нема. Банките се на тапет, први ќе горат.
Нека горат. Знаеме какви последици може да има од евентуално такво сценарио, али ако нешто се промени, јас сум За.
Е сеа, дали навистина нешто ќе се промени, и ќе се донесат вистински мерки за воспитување ќе видиме.
Или пак ќе го гледаме ова сценарио?!
 
concrete

alte Esel
Член од
22 март 2005
Мислења
12.248
Поени од реакции
1.703
К.р од магаре...

Интересно е како наоѓам во себе злорадост со која ја очекувам надоаѓачката катастрофа. Истата катастрофа која луѓето упорно одбиваат да ја видат. Се однесуваат како Французите пред втората светска војна.

Чаре, купете си малку земја за да си ги прехранувате децата....
....не ти треба земја може и балкон..тераса., глеај само ВОДА да имаш:) мислам за прехрануење, за шетање и џогинг/факинг е веќе друга работа...нормално едно пола хектар добро би ти дошло..по Македонијава на добри јужни падини се наоѓа и за 1000 евра.....и што повисоко..тоа подобро, искуство од турско и качачко....
 
D

D_NazGUL

Гостин
Европската унија кризира веќе една година. Македонија е увозна земја и кај нас ефектите доаѓаат со закаснување од шест месеци. Моментално во реалниот сектор е криза, ликвидноста испарува, пари во оптек нема, договорите со странски компании не се продолжуваат, се зголемува ризикот од вложување. Домашната економија повторно се очекува да добие удар, компаниите кој во минатата криза инвестираа во капацитети и средства за работа сега се исправени пред најголемиот предизвик, како да го повратат инвестираното. Реалниот сектор нема движење, се работи од ден за ден, пазарите се затвораат, набавките се намалуваат. Најголемите компании во земјава работат со 50% капацитет, извозот константно започнува да се намалува, започнува отпуштање на вработени. Први пукнаа Југохром, очекувам наскоро напуштање на вработени и од железарите во Скопје и Кавадарци. Како ќе се помине оваа криза од реалниот сектор мене навистина не ми е јасно, освен да се стави клуч и да се сведат трошоците на мин. Вие што мислите?

Југохром вечерва ги гаси печките, 400 вработени одат дома.
http://www.vesti.alfa.mk/default.aspx?mId=37&eventId=43138

Кризата во нашата земја е веќе присутна подолго време, само што вештачки ја одржуваат ситуацијата. Се земаат кредити, земјата се задолжува со огромни средства, се крпат дупки колку се може. Е сега веќе се наметнува проблемот што фирмите кои извезуваа веќе се истенчуваат бидејки и светот загазува уште подлабоко во криза и нема кој да повлече. Ликвидноста на пазарот тек ќе биде лоша. Неможам да наплатам долгови, тужам фирми што ми дожат - се со ред, ама нема средства - тоа е. Во наредниов период многу средни и мали претпријатија ќе одат под стечај. Повторно ќе се формира армија од невработени, само што овој пат ќе биде навистина голема, незадоволна, а очекувам да стане и агресивна следејки го примерот од САД, Грција, Британија и ред други земји.

Банките не се секирајте нема да горат така лесно. Тие се во суштина и причината за сето ова што се случува, имено намерно е ова се исценирано за да се акумулира моќта во таа шака луѓе (Билденберг, Свтеска влада, Илуминати како и да сакате кажете ги).

Живееме во многу важен период за човечката цивилизација, револуциите тешко се случуваат, но ако навистина се случи една сеопшта револуција - ќе биде пеколно, но од друга страна ќе го одзатне овој чеп што ја држи оваа цивилизација во застој, барем се надевам инаку се ќе биде за џабе.
 
Член од
20 септември 2011
Мислења
8.146
Поени од реакции
8.544
Гледам денес Британија и Бугарија протестираат, за Американците знаеме...чаре нема. Банките се на тапет, први ќе горат.
Дали постои податок за македонското стопанство, колкав е процентот на реалниот сектор, а колкав на виртуелниот?
 
Kajgana Shop

На врв Bottom