Креационизам наспроти еволуционизам

Donald Sikert

Jane Vitington
Член од
28 ноември 2008
Мислења
8.283
Поени од реакции
5.614
Ова заебанција е?
Не бе. После си имаш звање ДИПЛОМИРАН КРЕАЦИОНИСТ.

Си отвараш после приватна црква и тераш проповед. Ослободен си од данок на добивка, ќар до гуша.
 

Атеист

Дежурен Шаман
Член од
2 февруари 2010
Мислења
7.682
Поени од реакции
4.921
Не бе. После си имаш звање ДИПЛОМИРАН КРЕАЦИОНИСТ.

Си отвараш после приватна црква и тераш проповед. Ослободен си од данок на добивка, ќар до гуша.
Зошто ли ова ме потсеќа на една веќе чуена прикаска од кај нашиот северен сосед? Мирољуб Петровиќ, Миленикот на Мики кец?
 

Donald Sikert

Jane Vitington
Член од
28 ноември 2008
Мислења
8.283
Поени од реакции
5.614
Зошто ли ова ме потсеќа на една веќе чуена прикаска од кај нашиот северен сосед? Миодраг Петровиќ, Миленикот на Мики кец?
Хехе, ама тој нема диплома од Кембриџ која е со амин низ цел свет, и почитувана од сите неистомисленици, односно еволуционисти, антикреационисти итн...

Тој е самоук креационист:D

Катедрата за креационизам ќе отвори нови хоризонти во науката и технологијата.:sneaky:
 
Член од
28 ноември 2011
Мислења
246
Поени од реакции
106
Перспектива која ја претставуваат еволуционистите



Еволуционистите ја преставуваат својата историска перспектива делејќи ја на неколку периоди историјата на човекот и неговиот настанок.

Таквите замислени концепти како камен време, бронзено време и железно време се важен дел од хронологијата на еволуционистите. Поради тоа што оваа имагинарна слика е презентирана во училиштата, на телевизија и во весниците, многу луѓе ја прифаќаат оваа имагинарна слика без знак на прашалник и замслуваат дека луѓето живееле некогаш со многу примитивни алати и технологијата била непозната.Но сепак кога ќе се испитаат научните докази и археолошките пронајдоци , многу различна слика се појавува.Трагите и остатоците кои ни дошле денес од алати, игли, делови на облека и декорација покажуваат дека во културолошки и социолошки поими, луѓето одсекогашживееле цивилизиран животво сите периоди на историјата.Стотици илјадници години , луѓето живееле во куќи ,се занимавале се земјоделство, правеле размена на добра, произведувале текстил, јадење, посетуваа роднини, се интересирале за уметност, правеле слики, негувале болни, ги изведувале нивните дела на обожување и како и ние денеска живееле сосема нормален живот. Од една страна живееле луѓето на кои им било грижа за Пратениците пратени од Бог во кој веруваа, Еден и Единствениот, додека другите другите не им било грижа, кои беа мнозинство, кои обожуваа киповии идоли , баш како повеќето луѓе денеска. Верницитесо вера во Бог се повинуваа на моралните вредности и Божјите закони наредени од Негова страна, додека другите се препуштаа на суеверните пракси,окултот и пагански култови и церемонии.Во сите времиња , како и денес, постоеја луѓе кои веруваа и му се покоруваа на Бог, како што постоеја луѓе кои веруваа во паганизам и политеизам.
Но секако дека низ историјата постоеле луѓе кои живееле во многу попрости и попримитивни услови, но сепак цивилизиран начин на живот. Но ова во ниеден случај не е доказ, затоа што и денеска додека во едниот дел од светот се лансираат ракети, во другиот сеуште нема струја. Ова незначи дека тие што градат спејс шатлови дека се ментално или физички понапредни и во скалата на еволуција направиле еден чекор понапред, ниту тие другите се поблиску до замислениот мајмунолик човек.


Еволуционистите неможе да се базираат на археолошки ископини



Еволуционистите пристигнале со толку детална сликаи опис како да живееле со илјадници години и со тоа имале можност да набљудуваат се што ги интересира. Тие велат дека нашите таканаречени предци кои научиле да стојат на две нозеи немале што да прават со нивните раце , земале да прават алат, и за прилично долго време користеле само направи од камен и дрво. Малку подоцна почнале да користат железо и бакар. Но ова повеќе се базира на истражувањата на еволуционистите отколку на некој научен доказ. Паул Бан во неговата книга „Археологија-краток приказ“вели дека сценариото за еволуција на човекот е ништо друго освен сказна, додавајќи дека многу од таа наука е базирана на таквите приказни. Тој ги повикува читателитеда ги земат во обѕир традиционалните атрибути од таканаречената човечка еволуција како на пример: логорскиот оган, темните пештери, верските церемонии, правењето на алат, годините , борбите и смртта. Бан прашува колку од овие претпоставки се базирани на научните докази, а колку на буквален критериум.
Фактички постојат многу неодговорени прашања и нелогичности кои следбениците на догмата на еволуционистите тешко дека ќе ги приметат.Пример за ова е дека еволуционистите се обраќаат кон Каменото доба, но неможат да објаснат како остатоците биле обликувани и изрезбани. На ист начин исто така неможат да објаснат како крилестите инсекти почнаа да летаат,иако тие тврдат дека на диносаурусите им пораснале криља и така почнале да летаат сакајќи да ги фатат инсектите. Сепак делкањето и обликувањето на камењата не е лесна задача.Скоро е невозможно да се произведе перфектно остар како брич алат, како што имаме најдено примероци, и тоа со брусење камен со камен.Можно е да се обликуваат тврди камења како гранит, басалт или долерит без да се распаднат и тоа само со користење на железни турпии и плочи.Исто така очигледно е дека бразлетни, наушници и огрлици кои датираат илјадници години пред нас дека неможеле да се обработуваат само со камен алат.Толку ситни дупчиња неможе да се изработуваат со камења.Декорациите на нив неможе да се обработат со гребење. Перфекцијата на горенаведените предмети покажуваат декаи друг алат и тоа од метал бил користен.
Ова секој може да си го провери дома. Нека земе парче гранит и нека проба да го претвори во копје како што го имале луѓето пред100000 години. Но при тоа да користи само камен или гранит за изработка.Да одиме подалеку од тоа. Земи парче гранит големо 1 квадратен метар и пробај да обликуваш слика на животно со чувство на длабочина.Да видиме колку може да изгравираш камен со камен. При изработка на овие работи, да се внимава да се добие симетрија,тенки линии и да бидат изоблени. Очигледно без челичен алат нема да бидеме во можност ништо да направиме. Очигледно тој алат не преживеал бидејќи железото после подолго време оксидираи се распаѓа.Затоа останале
алати од камено доба

само камењата и камениот алат од тој период. Така и со бронзата која поспоро се распаѓа и затоа редоследно после каменото за еволуционистите дошло бронзеното време, и после него железното време , бидејќи најбрзо доаѓа до распаѓање и за него немаме многу остатоци. Доказите вклучуваат такви пронјдоци како што се 100,000-годишен стар метален брод, 2,8 милиони стара метална сфера(топка), железна чинија стара 300 милиони години, парчиња текстил стари 28 000 години, и трагови на магнезиум и платина илјадници години стари. Овака растурени остатоци низ времето целосно ги уништија класификацијатанаКаменото,Бронзеното и Железно доба.

Поголема цел на постоењето


Тоа што не постои на овој свет не е можно да се создаде, бидејќи и самото по себе не постои.
Но и тоа што постои во овој светникој од наснеможе да го создаде.Ако размислуваме за суштествата кои денес постојат на земјата, за човекот, за животните, за растенијата, како и за појавите какошто се ветровите, дождовите,симетрично и секојдневно движење на Сонцето, Месечината и ѕвездите, и ако нашето медитирње и мисли ги насочиме да видиме што стои позади сето ова, нашиот разум во секој миг почнува да пружа еден вид на отвореносткон бескрајноста, и почнува да разбирадека сето овапотекнува од Семоќниот Создател, Извор на целото постоење, Господар на сета Енергија и Материја, Прапочетокот на се.
Еден познат исламски правник Ибн Ханбел кажал: „Го гледате ова јајце?Што се однесува до неговата надворешност таа е со сребрена боја, а што се однесува до неговата внатрешност тоа е жуто како злато, а кога треба да се испили од него излегува животно кое гледа и слуша.Зарем тоа не е доказ за Оној кој се гледа и се слуша и Кој се знае?

Исто така ни е познато декакрилата на птиците настануваатуште во јајцето, што е знак дека Тој којшто им дал живот ги обезбедил и со средство како да го живеат.Тоа средство кај некого се остри заби, кај некои суштества се мускули, кај некои камуфлирање и бои, кај некои е отровот, но кај човекот еедно нешто кое ги надминало сето познато, разумот.
Твоето тело е идеално, почнувајќи од совршено градено тело и правилен распоред на мускули и коски, клетки кои без прекин работат како некоја фабрика произведувајќи основни хранливи состојќи и енергија за телото да се движи и тоа без човекот нешто да контролира од таа негова машина. Тој што ни го дал ова тело и овој живот, Тој ни ги одржува клетките и крвните садови , и Тој ни го распоредил ДНК-а кодот.Ова совршенство коефункционира со илјадници и милиони операции во секунда, и најнапредниот компјутер го исфрла вон секаква конкуренција.


Цело време низ историјата Создателот или Изворот на се што постои испратил знаци на земјата за Неговото постоење.Најголемиот знак од се, е тоа што пред нас ги гледаме милијардите галаксии и ѕвезди кои по број ги има повеќе од сите зрнца песок на Земјата. Знак сме и самите ние и разумот со кој сме обдарени со кој можемеда ги разделиме добрите од лоши работи, штетното од корисното, хармонијата од дисхармонијата, правдата од неправдата, пријатно чувство од болка. Но, сепакчовекот кога е во некој страв и незнаење, како и во некоја благодет, тежнее да си ги задоволи своите страсти и да складира богаство со кое мисли дека вечно ќе го има, при што најчесто заборава на целта на своето постоење и и го напушта размислувањето за иднината која го чека. Заради таа цел на насочување на луѓето и давањето на упаства , како конкретно да се однесуваат во поглед на Создателот, и како да се однесуваат меѓусебно и со природата која ги опкружува, Прапочетокот на се испратил Носители на Добриот збор, Носители на Вистината, Негови претставници на Земјата, Негови покорни слуги, кои ќе бидат признаени и во овој познат Свет и во Светот кој ќе следи.Тие се наречени Божји Пратеници и тие ги повикувале луѓето на вистинскиот пат. Некои од луѓето ги следеле и им се покорувале на Пратениците , додека други биле упорни во нивното одбивање.Ова е забележано во сите Свети Списи кои постојат во денешните светски религии. Од секогаш луѓето ја учеа верата во Единиот Единствен Боги за моралните вредности испратени преку нив и преку Божјите списи.
Бог вели во Неговата Последна Објава:

Сите луѓе сочинуваа една заедница, и Алах праќаше веровесници да донесат радосни вести и опомена, и со нив праќаше Книга, права вистина, по неа да се суди на луѓето за она во што тие се разидуваа. А повод за разидувањата беше меѓусебната завист, токму од страната на оние на кои им е дадена, и тоа кога веќе им дојдоа јасни докази; и потоа Алах, по волјата Своја, би ги упатил верниците да ја разберат правата вистина за она во што не се сложуваат. – а Алах му укажува на вистинскиот пат на оној на кој Тој сака.
(Ел Бекаре 213)

Заради нарушување на ваквиот ред на историјата, еволуционистите поаѓаат од своја гледна точка иго покажуваат првобитниот човек како неверник и дека ваквиот прост човек единствено верувал во анимизам и во повеќе божества.Односно дека истиот се развивал од попроста во посовршена врста.
Но од светите списи ќе воочиме дека Бог во секоја заедница испратил опоменувач. И ова е нешто што има подлога во науката и најновите истражувања. Доказ дека луѓето напредувале од Паганизам кон Единиот Бог паѓа во вода пред се бидејќи и денеска постојат Пагани кои во разни култури и цивилизации егзистираат со своето верување и ги следат своитепретпоставки. И ден денеска може да се види дека помеѓу тие Пагани имаме и интелектуалци и луѓе кои се посветиле на 0живување на тие Паганистички симболи и култури, од Античката Грција и Рим на Запад , се до Вавилон и Персија на Исток , до Шаманскиот Север и Античкиот Египет и Вуду традициите нa Афричкиот континент.
Вавилонската кула

Овој тренд за жал во голема мерка влијаел врз Еволуцинистите и нивните заговорачи кои во најмала мерка помогнале еден геноцид кој го спровел Хитлер, еден Апертхејд во Африка и денешната империјализам претставен преку т.н.„големи сили“ и идејата дека посилниот секогаш победува и го искористува послабиот од него. За разлика од овие расипници и идеи кои го рушат моралот и духовниот напредок кај луѓето и хармонијата која треба да владее, Пратениците во сите времиња даваа пример како да се живее , со каков морал и со каква чест.
Иако живееле аскетски тие покажувале дека може да се живее во софистициран социален ред, и тоа во времето на Ное, на Аврама, на Јосефа, на Мојсие и на Соломона, како што дел од тие верници го живеат денес. Во сите времиња верниците се молеле, постеле, делеле на сиромашниот, ги следеле Божјите правилаи прописи и живееле чист и морален живот. Но, иако Бог испратил вакви Опоменувачи , луѓе со најсовршен морал, и Списи кои им ја објасниле целта на живеењето, многу од луѓето западнале во следење на своите страсти и погрешни толкувања и претпоставки, и прифатиле многу девијантни и суеверни верувања. Некои однив ги развиле нивните пагански верувања и ја обожувале Земјата, камењата, дрвото, Сонцето и Месечината, и таканаречените добри и лоши духови, добри и лоши самовили, и така натаму.
Дури и денеска покрај јасната и недвосмислена Последна Објава од Бог , која нема претрпено измени, постојат луѓе кои веруваат во оган, веруваат во Природа како бог, веруваат во „Син Божји“ и „Мајка Божја“, во светци и идоли од материја и направени од дрво или исклесани на камен. Со тоасвесно или несвесно Му припишале партнер на Создателот, во Неговата Власти во Него како Апсолут . Оваа прва Божја заповед на Стариот и Новиот завет, оваа заповед која јаимаат и Ведите , оваа заповед која ја има во Последната Божја Објава -Куранот, поголемиот дел од луѓето ја замениле потполно со нивните суеверни верувања.
НЕМОЈ ДА ИМАШ ДРУГ БОГ ПОКРАЈ ЕДИНИОТ БОГ.
Самите тие не се свесни дека сета благодет и сиот развој кој го сторил човек е со дозвола на Изворот на сето знаење, и Тој е имател на сите Тајни, и секоја цивилизација и секоја Градба егзистирала со Негово сакање.
Создателот на човекот кој е создаден од ништо , Му дава различни тестови и искушенија во животот на овој свет и секој благослов врз човека е воедно и испит.Луѓето кои Му се благодарни на Вечниот, на знаењето, технологијата и благодетите кои ги поседуваат, нивниот благослов уште повеќе се зголемува. Бог им ветува на верниците и Неговите покорни слуги дека ќе имаат убав живот на Овој, а што е уште побитно во Вечниот живот.

На верниците им е ветен убав живот

Покорните Божји слуги кои го спроведувале Божјиот верозакон и Божјата правда, секогаш јазаслужувале Божјата милост и секогаш биле причина да се намали нередот на Земјата. А секогаш кога власта на Земјата ја воделе луѓето и спроведувале свој измислен закон и и следеле измислени култови и верувања, мимо верувањето во Единиот Бог , тие на крајот завршувале во понижување и неред на Земјата и секогаш нивните непријатели завладувале врз нив и ги уништувале без траг.
Бог вели во последната Објава на луѓето :

Не патуваат ли по земјата па да видат каква беше казната на оние пред нив? Беа појаки од нив: ја ораа земјата и градеа врз неа повеќе од она што го градеа. И им доаѓаа пратениците нивни со јаснотии. Аллах, секако, не им нанесе зулум, туку самите себеси зулум си направија!
(30/9)


www.povikkonvistinata.org

Користена литература:
„Подвала на теоријата на еволуција“-
 
F

Frankie Yale

Гостин
www.povikkonvistinata.org

Користена литература:
„Подвала на теоријата на еволуција“-
Имало многу пред тебе што копирале по цели текстови од пропагандни сајтови, ај, не си прв да знаеш... Никој не ги чита глупостиве ама ако толку си запнал да ги постираш, постирај го линкот само, па ако се најде некоја будала, ќе кликне и ќе прочита.

Не не малтретирај вака, да скроламе надолу без врска...
 

Donald Sikert

Jane Vitington
Член од
28 ноември 2008
Мислења
8.283
Поени од реакции
5.614

MIKI1

Поставувач на неодговорени прашања.
Член од
10 јануари 2008
Мислења
20.396
Поени од реакции
3.398
Пак „сликици„!??? Се откажувам од форумов!...:icon_lol:
 

Kajgana Shop

На врв Bottom