Скопје 2014 (Генерална дискусија)

Дали го одобрувате проектот Скопје 2014?

  • Вкупно гласачи
    593

Chanel

I feel like a tiny bird with a big song!
Член од
22 мај 2011
Мислења
478
Поени од реакции
307
Не знам колку слушнавте за ова, скриениот симболизам на проектот Скопје 2014. На големо се зборува дека се забележани голем број на окултни симболи насекаде во проектот. Колку од информациите се веродостојни, не знам, но сепак ете напишале и книга за ова.
http://skopje2014.blogspot.com/
 
Член од
23 ноември 2011
Мислења
14.322
Поени од реакции
32.864
Интересни се малите сувенирчиња, така се развива туризам, сега да се распростанат по тезгите и продавници во центарот на Ск. Иначе се мислев на анекатата дали да гласам ДА или НЕ, оти нема опција делумно, и се решив за ДА, генерално е добар проект, скап е, но и центарот на главниот град некогаш мораше да се среди.

Но јас не сум од оние шо фалат се и сешто колку и да се гледа дека е за никаде. Значи во целиот проект има гооолеми промашувања, фушерај, и непрофесионалност, од излегдот и поставеноста на некои споменици, до непотребни и потвторно некоректно поставени објекти и згради.

Најмногу ме боли за врбите, кога чув колку коштаат, мислам у срце ме удри, да се обеси на нив тој на кого му текна таа идеја.
 
Џони.

Не е Џони.
Член од
4 ноември 2009
Мислења
1.554
Поени од реакции
1.037
Не знам колку слушнавте за ова, скриениот симболизам на проектот Скопје 2014. На големо се зборува дека се забележани голем број на окултни симболи насекаде во проектот. Колку од информациите се веродостојни, не знам, но сепак ете напишале и книга за ова.
http://skopje2014.blogspot.com/
Кој и да го пишувал ова има сериозни психички проблеми. Неможев да се изначудам на глупавоста прво да се помисли на ова, а не па и книга да се напише.
 
H

Hip.Hop_MKD

Гостин

Повеќе е окултен грабализам, ама нема врска....
 
Max Legend

The black swordsman
Член од
27 септември 2010
Мислења
4.339
Поени од реакции
6.479
Не знам колку слушнавте за ова, скриениот симболизам на проектот Скопје 2014. На големо се зборува дека се забележани голем број на окултни симболи насекаде во проектот. Колку од информациите се веродостојни, не знам, но сепак ете напишале и книга за ова.
http://skopje2014.blogspot.com/
 
T

Tetro

Гостин
Градот ќе расте надолу и покрај подземните реки

Темелите за хотелот „Мериот“ до плошадот Македонија се полни со вода
Скопје лежи на вода. Во централното градско подрачје на десетина метри под земја како да тече уште еден мал Вардар. Длабочината на подземните текови и количеството вода зависи од локацијата и се движи од неколку до повеќе десетици метри, велат експертите. За градежниците, кои често се судруваат со оваа појава, подземните води не се проблем, само поскапо решение. Прашањето на подземната хидрологија станува особено актуелно по најавите дека освен над земја, градот во иднина ќе расте и под земја, со изградба на подземната сообраќајница на кејот на Вардар, како и на подземните паркиралишта за речиси сите објекти во централното градско подрачје. И земјиштето за хотелот „Мериот“, спроти кафулето „Тренд“, веќе неколку месеци е оградено и ископано, но наместо темели можат да се видат само два базени полни со вода, иако врнежи нема со недели. Причина се токму подземните води.

Александар Ивановски, извршен директор во фирмата „Дивелоп груп“, која го гради објектот, вели дека подземна вода има насекаде низ градов и дека тоа воопшто нема да им биде проблем за да го изградат хотелот. Градежните инженери и експерти што ги консултиравме се согласуваат во констатацијата дека објектите што се градат под земја се само поскапо решение, но не претставуваат никаков проблем при изградбата на подземните објекти за кои треба да се вкопа подлабок темел. Тие само предупредуваат дека треба многу да се внимава на изборот на градежен материјал и на техниките за испумпување на водата.

- Со добар избор на материјали за изградба, подземните води, воопшто нема да прават проблеми. Секако тоа е поскапо решение и ја одолговлекува изградбата на објектите, но ако квалитетот на бетонот е соодветен за изградбата на даден објект, подземните води лесно се регулираат.

Постојат пумпи со кои лесно може да се извади целата вода, а потоа со непропуштен бетонски слој да се направи изолација преку која подземните води нема да можат да пробијат - вели Горан Марковски, професор на Градежниот факултет. Тој смета дека многу поисплатливо е подземни паркиралишта да се градат под земја наместо со тоа да се оптоварува центарот на градот. Од досегашните испитувања може да се претпостави дека на најмала длабочина од површината на земјата вода се појавила во Буњаковец и во Дебар Маало, на ниво од само четири метри.

Мите Јовановски, сопственик на земјиштето зад Собранието, каде што треба да се гради подземна катна гаража, вели дека ги направиле сите потребни истражувања, кои покажале дека подземна вода има на 11 метри, но тоа нема да биде пречка за реализација на инвестицијата.

Според Стојан Велковски од Институтот за подземни води-Скопје, сите што градат објекти под земја ќе се соочат со подземните води, но со користење на соодветна опрема тоа не би требало воопшто да биде проблем.

- Подземните води во скопската котлина се на повисоко ниво и можно е да им пречат на оние градби што треба да бидат под земја. Мислам дека пред некое време имаше и стопирана изградба на објекти, кои се соочија со голем проблем. Сепак, сметам дека сé зависи од технологијата што се користи додека се гради објектот - вели Велковски.​
 
Solid

Зона на самракот
Член од
26 август 2007
Мислења
7.176
Поени од реакции
4.133
Не знам колку слушнавте за ова, скриениот симболизам на проектот Скопје 2014. На големо се зборува дека се забележани голем број на окултни симболи насекаде во проектот. Колку од информациите се веродостојни, не знам, но сепак ете напишале и книга за ова.
http://skopje2014.blogspot.com/
 
Член од
3 јули 2010
Мислења
1.230
Поени од реакции
1.863
Откако заврши судскиот процес во Хаг, кога можеме да очекуваме преименување на "Воинот на коњ" во Александар Македонски?
 
Член од
3 јули 2010
Мислења
1.230
Поени од реакции
1.863
Лол:vozbud:
Муабетот ми беше дека некои членови тука се вадеа дека името ќе остане како такво додека не се реши спорот во Хаг. Еве сега се реши, и ќе се менува името или уште нејќеме да ги провоцираме Грците?
 
Kakvo menuvanje bre?
ostanuva kako shto e bilo dosega, se` po staro.
 
Ivica^

Confident Liar
Член од
14 август 2007
Мислења
11.431
Поени од реакции
16.746
Фонтаната беше преименувана во "Победа" ко што знам.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom