Правна помош и совети

Член од
7 ноември 2011
Мислења
3.380
Поени од реакции
4.201
me interesira dali se steknuva pravo na sopstvenost/vladenie dokolku se koristi stan so vremeno resenie koe isteceno no ima poveke od 20 godini?
za da se stekne sopstvenost po pat na odrzuvacka, vladenieto pokraj toa sto treba da trae 20 godini kumulativno e potrebno i vladetelot da bil sovesen a vo tvojot slucaj nedostiga sovesnosta. Nemozes da stknes sopstvenost na toj nacin, baraj drugo care..., pozdrav
 
Член од
18 ноември 2011
Мислења
2
Поени од реакции
0
Здраво. Ме интересира стручно мислење околу еден случај. Односно обвинет сум за прекршок по чл.12 и ст.1 од Закон за прекршоците против јавниот ред и мир. Претходно немам никаков прекршок или случај а воедно и сум постар малолетник односно 17 години. Ако знае некој што како нека помогне и ако е од помош на лицето му е нанесена лесна телесна повреда.
 
Член од
25 септември 2011
Мислења
6.448
Поени од реакции
18.283
Ме интересира дали некој знае нешто за стручниот испит за застапници за индустриска сопственост,кога се полага,колку пати го има во годината,која цена е и ако некој го полагал ќе го замолам да каже како поминал

П.С Ми требаат информации само од упатени луѓе кој имале искуство со ова.
 
Lux

Inglourious
Член од
25 октомври 2010
Мислења
1.189
Поени од реакции
888
Утре одам да вадам потврда за неосуден.Која е постапката, колку трае и што се ми е потребно?
--- надополнето: Nov 20, 2011 6:47 PM ---
Утре одам да вадам потврда за неосуден.Која е постапката, колку трае и што се ми е потребно?
 
Член од
5 август 2009
Мислења
1.295
Поени од реакции
484
Драги кајганџии, ве молам за совет. По колку време застарува долг кон јавно претпријатие, конкретно водовод ако долгот не е утужен. Имено претат со некаков заостанат долг, со тужба, а мислам дека последниве 2 години ми е се платено.
Што се случи со долгот? Те убедија да платиш или? Денес се расправав со ист таков проблем, а верувам дека не сме јас и ти единствени и исто така верувам дека добар дел си извадиле парички и си платиле. Поминав 3 шалтери, стигнав до шефови и раководители и сите ми ја повторуваа истата приказна дека јас должам и повеќе од очигледно ги игнорираа моите укажувања.

Еве во продолжение колку нелогичности се појавија после целодневна расправија.

- На последната оригинална сметка за вода стои заостанат долг 353,00 денари
- Согласно финансиската картичка извадена на нивен шалтер долгот изнесува 1.488,00 денари

- На една од спорните фактури долгот за вода изнесува 31,00 денар
- Согласно финансиската картичка долгот за истиот месец и истото броило изнесува 31,50 денари (смешно малку но сепак не е точно)

- Според мојата евиденција за даден месец е платена сметка во износ од 318,50 денари
- Според нивната евиденција во дадениот месец требало да добијам дополнително и втора сметка (???) на износ од 351,00 денари

Малку се расправав ... ок малку повеќе и барав објаснување за разликите во евиденцијата и објаснување како тоа во еден месец требало да добијам 2 сметки. Конкретен одговор не успеав да добијам, а еве еден од патетичните: „ Господине, па зошто не сте реагирале како совесен граѓанин дека сте добиле сметка за само едно броило?“. МОЛАМ? Зарем треба да учам методологија како водовод фактурира за да случајно ако заборават да ми наплатат преку од нив издадена валидна сметка ги потсетам?

Нејсе, не сакав повеќе да се расправам, пошто очигледно сите ја имаа добро сработено домашната и креваа раменици на наједноставни прашања и побарав дупликат сметки. И тогаш се случи најголемиот преседан. За месеците за кои според нив должам, ми беа издадени по две сметки, една на износот кој веќе е платен и една со нов износ. Единствена разлика во двете сметки беше бројот на водомерот. Значи повторувам единствена разлика ... број на фактура и повик на број исти, број на реон, рута и сл. ист, матичен шифра на корисник иста и сл. Ги разбирам сите други елементи кои се дуплираат ... но број на фактура?

Според македонските прописи, во една компанија секој документ има уникатен број (и не само во Македонија). Тука зборуваме за различни документи (финансиски) кои носат ист број ... класичен фалсификат на оригиналниот документ кој бил регуларно доставен во 2010 година.

Се обидов да ги контактирам од здружение за заштита на потрошувачи но никако да ги добијам. Немам проблем да ги оставам работите непроменети затоа што знам дека водовод не може да ми направи ништо со фалсификувани документи и документи кои не се согласуваат со веќе издадените официјални. Но од друга страна знам дека за истиов проблем многумина ќе ја платат разликата, па нека е и само 10 денари (а во мојот случај е повеќе од илјада) ... аххх само замислете за колкава сума станува збор.

Дајте ми совет ве молам каде да доставам информација дека се случува повеќе од очигледно кршење на фифансиските прописи на штета на корисниците или пак доколку ова го прочита некој совесен новинар слободно нека ме контактира.
 
POWER-MKD

Per aspera ad astra
Член од
1 март 2008
Мислења
4.763
Поени од реакции
645
Ме интересира дали некој знае нешто за стручниот испит за застапници за индустриска сопственост,кога се полага,колку пати го има во годината,која цена е и ако некој го полагал ќе го замолам да каже како поминал

П.С Ми требаат информации само од упатени луѓе кој имале искуство со ова.
Мислам се полага два пати годишно. Најубаво прашај во Заводот на 7-ми спрат во зградата на КЈУБИ.
--- надополнето: Nov 22, 2011 6:46 AM ---
Утре одам да вадам потврда за неосуден.Која е постапката, колку трае и што се ми е потребно?
--- надополнето: Nov 20, 2011 6:47 PM ---
Утре одам да вадам потврда за неосуден.Која е постапката, колку трае и што се ми е потребно?
Во основен суд 1, чини околу 300 денари.
 
Член од
26 јули 2011
Мислења
13
Поени од реакции
1
Утре одам да вадам потврда за неосуден.Која е постапката, колку трае и што се ми е потребно?
--- надополнето: Nov 20, 2011 6:47 PM ---
Утре одам да вадам потврда за неосуден.Која е постапката, колку трае и што се ми е потребно?
вака, потврдата се вади од основен суд скопје 1 ќе ја пополниш молбата ја имаш на линков http://www.osskopje1.mk/docs/formulari/Molba za uverenie.pdf или на самиот шалтер во суд. МОРА да се поднесе лично! (земи си лична карта со тебе) се уплаќа 320 денари (сметката ја има исто така на шалтер) и се чека најчесто 3-5 работни дена. Ти кажуваат кој ден да ја подигнеш . За подигање на уверението немора да одиш лично, моќе било кој да го земе од истиот шалтер каде си ја поднел молбата.
 
Член од
28 октомври 2011
Мислења
23
Поени од реакции
10
ќе може некој да ми каже колку време е потребно да се извади уверение за државјанство? на услуги.гов.мк пишува само 15 за временски рок..
 
sanos_a

www.autobusi.net/
Член од
12 декември 2008
Мислења
554
Поени од реакции
83
Ме интересира колку е и дали има законски период во кој треба одредено министерство во случајов министерството за труд и социјална политика да одговори на жалба поднесена во врска со одбиен барател за технолошки вишок со наполнети 59 години
 
Член од
16 декември 2008
Мислења
391
Поени од реакции
125
Здраво. Имаме склучено договор за закуп од 01април `11 год. за време од 1 год. кој е противправно раскинат ( усно сме избркани од објектот, значи немаме добиено никакво писмо) во почетокот на октомври. Ме интересира доколку некој знае да ми каже со колкава сума на пари може да се стекнеме доколку тужам и добијам, за да знам дали да тужиме или воопшто да не одиме на суд доколку е сето тоа финансиски неисплатливо. Благодарам однапред. Поздрав,
 
Член од
30 ноември 2010
Мислења
121
Поени од реакции
66

Dodeka ne se vidi dogovorot nikoj ne moze da ti kaze dali mozes da tuzis i kolkava suma.
 
Договорот е заверен кај нотар, закупнината изнесува 150 евра месечно и доколку некоја од странките сака да го раскине еднострано договорот за тоа треба најмлаку 3 месеци однапред да ја извести другата странка.
 
Член од
31 јули 2008
Мислења
102
Поени од реакции
28
здраво. ми треба правно мислење во врска со продажба на дел од куќа. Значи куќата е два спрата и во куќата живеат 2 семејства. се е регулирано секој си има посебен влез итн. едниот спрат го продаваме и купувачот е пронајден. според некој си закон мораш првин да му ја понудиш на станарот од првиот спрат што и е направено. но тие секако немаа пари да го купат другиот спрат па се продаде на друг. е сега дојде време да се потпиши на нотар дека нив му бил понуден спратот но не сакаат да потпишат.
ме интересира што понатаму? треба да се тужат? колку време оди процедурата за „регулирање“ на овој проблем? фала
 
Ова беше според Закон за ствари и други стварни права, кога мислам дека во рок од 30 дена понудениот треба да одговори дали ја прифаќа понудата за куќата. Пробајте пред сведоци евентуално, мислам дека за вакви работи нема потреба од тужби.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom