Македонска археологија

Член од
25 декември 2008
Мислења
1.882
Поени од реакции
1.094
АРХЕОЛОЗИТЕ ГО ИСПИТУВААТ ТЕРЕНОТ ОKОЛУ KОРЕШНИЦА
Демир Kапија крие уште две гробници со античко богатство
Уште најмалку две гробници има кај Демир Kапија, близу до местото на кое пред дваесетина години диви копачи го откриле богатиот гроб од 6 или од 5 век пред новата ера - периодот на античките
македонски кралеви, од каде што е изваден и т.н. кратер од Kорешница, кој денес е во приватна колекција во САД, велат извори за „Дневник“. Македонските археолози подолго време го истражуваат теренот. Годинава тие работеа со колеги од Хрватска и детаљно прегледаа 1.500 квадратни метри од земјиштето. Резултатите треба да бидат готови наскоро.

„Дневник“ завчера ексклузивно објави интервју со археологот Дејвид Гил, професор од Велика Британија кој тврди дека од гробот заедно со кратерот биле извадени и три-четири златни маски, 18 шлемови, неколку панцири, неколку фигури, златен накит и сликана керамика.Случајот со кратерот од Kорешница речиси една деценија ја бранува не само македонската, туку и светската јавност. Од Управата за заштита на културното наследство во последните години се обидуваат да допрат до предметот и по дипломатски пат.
Според нивните информации, кратерот е тајно изнесен од Македонија во 1992 година. Тие сознанијата ги добиле многу подоцна, откако го откриле експонатот во Америка.- Директно стапив во контакт со тие што го откопале. Ме однесоа до гробницата каде го пронашле, кај нивата. Во гробницата нашле и оружје. Изнеле се што можеле да изнесат. Стапиле во контакт со човекот кој ја направил комбинацијата кратерот да замине во Швајцарија, па во Америка. За жал, човекот е починат. Станува збор за Синиша Јокиќ, Србин кој имаше куќа на Флорида и живееше на релација Белград-Америка. Тој е суден кај нас за изнесување предмети од Македонија. Беше едно време обвинет во Холандија дека некои слики им ги продал во Америка. Нему нашите му го продале кратерот - вели нашиот извор.
 
Ч Е Н Т О

Методија Андонов
Член од
3 јули 2008
Мислења
1.698
Поени од реакции
1.615

Ајде некој што го има во рака весников да ни каже:

1. КОЈ го напишал овој напис?

2. КОЈ ја дал изјавава болдирана со црвено?

3. КОИ се тие што копале, ископале и ги изнесле-предале артефактите на тој Србинот?
 
Za prvotov prasanje nemozam da ti dadam odgovor,zasto vesnikot go nemam.
Vtoroto koe e okolu izjavata,spored mene ja dal ili nekoj od tie sto kopale,ili nekoj od lugeto koj doznaa za ovoj grabez,i podocna,pa i sega rabotat okolu vrakanje na kraterot doma.
I tretoto tie sto go iskopale se znaat po ime i prezime.Od koe selo se,mesto na ziveenje i dr. Mislam i deka imat i odlezano nekoja godina i vo zatvor. Vo arheoloskite krugovi ovaa tema e mnogu pati zboruvana,raspravana,diskutirana. Ovoj slucaj e golem poraz za makedonskata arheologija.
 
Прашањата ми беа за сите, не директно или само за тебе.

Се нервирам кога гледам вакви написи зашто ми се чини дека се пишуваат со цел да заинтригираат малку и да се продаде весникот и толку. Ниту имаат ниет да покренат вистинска истрага до надлежните, ниту па се способни да направат едно вистинско истражувачко новинарство и до крај да ги откријат сите детали за случувањава што ете според твоево кажување и не се така непознати или некоја голема тајна, ама се непознати за пошироката јавност.

И со ваквите написи поразот е за сите нас, а не само за македонската археологија.
Зашто апла си се кажува дека сеуште и активно си копаат диви копачи насекаде низ Македонија и никој за тоа не се чувствува одговорен, ниту превзема нешто.
Еве еден од последните примери од иљадници слични за ова:

http://kanal5.com.mk/default.aspx?mId=43&egId=17&eventId=83485

- „Културата која била некогаш сега е запустена. Не можеше ли некој изворот да го среди. Луѓе доаѓаат, нема каде да седнат да јадат. А инаку има интересни работи. Горе на ридот работат дивите копачи. Таму некогаш имало град. Најверојатно бараат злато“, вели Перо Илиевски, жител на Железнец.
 
Jas ti dadov svoj odgovor.Sega dokolku nekoj ima poveke info neka me dopolni.Dobredojdeno ke bide.
Mozebi nema da se spreci celosno kriminalot so artefakti,no spored mene mora da se vovede arheoloska policija,nesto slicno kako sumskata.Pa da si ide po tereni,sela,lokliteti,ridovi i dr da si se nabljuduva,rasprasuva,sledi, informira.No za zal kaj nas se e uste vo najava,se raboti na toa,i drn drn.Za zal ni samite ne sme svesni sto krie ovaa makedonska zemja.
 
Член од
25 декември 2008
Мислења
1.882
Поени од реакции
1.094
И Македонија има богатство од гробот во Kорешница
Во Македонија останале предмети извадени од гробот во демиркапиското село Kорешница, од каде што пред петнаесетина години бил украден големиот бронзен кратер кој денес се наоѓа во САД, во приватана колекција. Бронзена лавја шепа која била дел од триножник, рачка од сад декорирана со цветови, двојни игли, едната со позлатена глава, осум луксузни керамички садови обоени со црн фирнајз, делови од сликана керамика, илјадници мали парченца бронза кои биле дел од парадна панцирна кошула, се наоѓаат во малиот музеј на Филозофскиот факултет при Универзитетот „Св. Kирил и Методиј“ во Скопје. Малкумина знаат дека шлем од истиот гроб денес се наоѓа во Заводот и музеј во Струмица. „Дневник“ во изминатите два броја објави текстови поврзани со кратерот и со останати предмети за кои се шпекулира дека биле во богатиот гроб. Археологот Марјан Јованов, доцент на Институтот за историја на уметноста и археологија е единствениот кој го ископувал фамозниот гроб. Во 2007 година првпат стапнал на местото. Го запознал очевидецот кој бил присутен на дивите копања. Тој тврди дека гробот не бил ограбуван во 1992 година, како што посочуваа повеќе извори, туку во зимата меѓу 1995/96 година. „И Нова Година таму ги затекна“, раскажувал шеесетгодишниот човек од Kорешница.
http://dnevnik.com.mk/?ItemID=15EC2DCF4DE3F44E888F6BB195AF32B4
 
Член од
25 декември 2008
Мислења
1.882
Поени од реакции
1.094
Американските сопственици барале спомен од Kорешница
Kога го купиле кратерот, сопружниците Леон Леви и Шелби Вајт, посакале една од плочите со кои бил обложен гробот. „За спомен. Им ги испративме и стигнаа до Америка“, вели трагачот
http://dnevnik.com.mk/?ItemID=E67309AA90273749BDD49055935A584D
 
Член од
25 декември 2008
Мислења
1.882
Поени од реакции
1.094
Ќе и помогнам на Македонија да го врати кратерот
МИХЕЛ ВАН РИЈН, НАЈГОЛЕМИОТ ШВЕРЦЕР СО KУЛТУРНО БОГАТСТВО НА СВЕТОТ, СЕГА СОРАБОТНИK НА СKОТЛАНД ЈАРД

Има уште неколку клучни луѓе што беа замешани во кражбата и расположени се да зборуваат. Се плашат дека ако не го сторат тоа, ќе завршат во затвор. Оваа приказна е веќе извадена од темнината, премногу е голема за да се молчи за неа. Повторно безусловно ќе се посветам да го вратиме кратерот дома ако македонската Влада го посака тоа, вели Ван Ријн во интервјуто за „Дневник“

Михел ван Ријн е еден од последните вистински авантуристи во светот, смел и одважен, со широк репертоар приказни за неговите влетувања во ризик, за сонот да го победи системот. Тој е реткост во денешниот свет на неспособни луѓе кои сакаат да бидат славни апсолутно за ништо. До 2008 година веќе „постигна“ сериозна цена за својата глава. Kаде и да го сретнев во Лондон, покрај себе имаше верен телохранител од специјалните сили вооружен до заби. Наеднаш замолкна, исчезна... Подоцна го лоцирав во Амстердам, беше безбеден, и таму почна неговата авантура во шеесеттите години, вели блогерот Kинг Адз, кој со години пишува за овој интересен човек. За него Ричард Елис од Скотланд јард изјавил:

„Михел ван Ријн е одговорен за 90 отсто од шверцот на уметнини во светот. И тој со задоволство тврди дека бил замешан во останатите 10 отсто“.

Со недели не можев да го најдам. Сите контакти на интернет, на неговата веб-страница не функционираа. Дојдов до неколку стари имејли и решив да си ја пробам среќата. Знаев дека овој човек има многу информации за исчезнувањето на кратерот од 5 век пред новата ера, пронајден во демиркапиското село Kорешница за кој „Дневник“ објави неколку текста. Не очекував брз одговор од човекот со кој „Дискавери“ и Би-би-си имаат снимено многу емисии за нелегалната продажба на културното наследство.

Ван Ријн во осумдесеттите години се „преобратил“ и почнал да соработува со Скотланд јард за реституција на многу украдени предмети...

Сосема неочекувано, ми одговори за нецели 12 часа. Безрезервно ја понуди својата помош. Вели дека многу добро се сеќава на случајот со кратерот. Побара само неколку дена да прочепка по старите документи. Следуваат одговорите, полни со детали за сагата на еден од најубавите предмети пронајдени на оваа почва, кои низ нелегалната мрежа на трговија со културно наследство завршил во Њујорк, во приватната колекција „Леви/Вајт“.

Човекот кој стана моќник

l Kога првпат откривте дека постои кратер нелегално изнесен од Македонија?

- Во доцните деведесетти години, заедно со детективот Ричард Елис, основачот на новиот оддел за уметнини и антиквитети во Скотланд јард во Лондон. Од нас беше побарано да го истражиме господинот Антони Ткалец - Тони за неговата клучна улога во пљачкосувањето и шверцот на светски познатото „Богатство на Севсо“ од римско време, откопано близу езерото Балатон во Унгарија, во раните осумдесетти години. На прв поглед, ова нема никаква врска со македонскиот кратер, но мора да ја објаснам суштината. Многу вредни монети потекнуваат од Македонија, а тоа го прави целиов случај уште поважен. Ткалец, по потекло од поранешна Југославија, во тоа време оперираше во Унгарија и „официјално“ работеше како инженер во подобрувањето на унгарската железничка мрежа. Дотогаш Ткалец беше безначаен играч на нелегалниот пазар за уметнини. Најчесто купуваше, шверцуваше и продаваше свежо откопани римски и грчки монети од земјите од поранешниот источен блок на Западот. Профитот од величественото „Богатство на Севсо“ пресметан во милиони британски фунти го направија Ткалец многу богат човек. Тоа му овозможи да стекне австриски пасош и швајцарска „дозвола за престој“. Тогаш се смести во Цирих и на почетокот на осумдесеттите раководеше со „Ткалец АГ“, аукциска куќа специјализирана за продажба на антички монети. Едуциран и многу интелигентен играч, создаде моќни и влијателни контакти на двете страни од законот и прерасна во главен играч. Kако никој друг успеа да профитира од својата позиција. Антички монети се наоѓаат низ целиот Медитеран, па невозможно е точно да се посочи местото каде што се пронајдени. Ткалец ги увезуваше „официјално“ во Швајцарија, плаќајќи ниска такса за увоз. Така успеа да воспостави експанзивен „легален“ бизнис држејќи важни аукции за монети на регуларна основа. Новооткопаните монети се најбезбедната „нишка“ на нелегалниот пазар на добра. Се продаваат низ целиот свет на т.н. почитувани дилери. Така, на глобалните полициски сили им даваат малку шанси да се вмешаат во огромниот профитабилен полулегален бизнис. Причината за успехот на Ткалец се должи на едноставен начин на оперирање. Kопачите, на кои секогаш им требаат пари, може да добијат аванс за нивните нелегални откритија. Или „Ткалец АД“ директно ги откупува и понатаму се грижи за официјалните продажби на наддавањето. Моќната позиција и углед на Ткалец како вистински „мастермајнд“ на пазарот за монети растеше од ден на ден. На крајот се надигра себеси. Се збогати со препродажбата на „Богатството на Севсо“ бидејќи не се држеше стриктно до релативно безбедната „нишка“ на нелегалниот пазар за монети. Многу шверцери со различни свежо пронајдени антиквитети се поврзаа со него. Фактот дека фрлам малку светлина на Ткалец има врска со евентуалната реституција на украдениот „Леви/Вајт“, македонски бронзен архајски кратер, кој диви копачи со метал-детектор го откриле близу Охридското езеро. Без оглед на моќната позиција на Ткалец, богатството, официјалните контакти и политичките приврзаници, ќе се покаже дека тој ќе биде слабата алка и клучот да се врати кратерот во Македонија. Затоа морав да го објаснам неговото минато.

l Дали некогаш сте го виделе кратерот?

- Не сум го видел. Но, во 2001 година од посредник од Лондон, близок до самопрогласениот научник Џефри Спиер од Аризона, беше побарано да обезбеди доказ и имав среќа да видам дупликат фотографии кои посредникот ги имаше како гаранција, чекајќи Ткалец да му плати. Затворете ги очите за момент и замислете близнак на величествениот, уникатен кратер од 6-5 век што денес се наоѓа во Националниот музеј во Белград. Оној, кој во 1931 година е пронајден во Требеништа, близу Охрид и денес треба да биде изложен во Македонија.

Документацијата е фалсификувана

l Велите дека кратерот е откопан близу Охрид, а надлежните во Македонија тврдат дека бил пронајден во Kорешница кај Демир Kапија. Дали имате точна информација?

- Kога ми ги покажа фотографиите во Лондон, посредникот ми кажа дека локални копачи, добри контакти на Ткалец, го пронашле неочекуваното фантастично откритие близу Охрид. Немам причина да се сомневам во неговиот збор бидејќи секогаш бил отворен со нас кога сме го испрашувале за безброј други нелегални измами со антиквитети во кои тој бил вмешан. Посредникот беше свесен дека ако даде погрешна информација, ќе биде откриен и дефинитивно ќе беше уапсен. Нов Скотланд јард ќе го повикаше на одговорност за неговата вмешаност во многубројни други измами со нелегални антиквитети. Ќе остареше во затвор! Единствениот негов билет до безбедност и слобода беа неговите важни и прецизни информации и детаљното знаење за играчите во нелегалниот свет на антиквитети. Затоа и стана прв информатор на Нов Скотланд јард.

l Kако кратерот завршил во колекцијата „Леви/Вајт“?

- Двајцата шверцери не се на ниво да играат до високиот врв на пазарот за антиквитети. Ја извидувале и надгледувале мрежата на нелегални копачи на Ткалец во Македонија. Вниманието на Ткалец кон кратерот го свртеле двајца криминалци, Циле и Синиша. Тие го откупиле од локалните копачи. Шверцуван е во Цирих, каде што Ткалец го откупил македонското национално богатство за 350.000 германски марки. Потоа Ткалец, преку Мајкл Ворд со седиште во Њујорк, за 6,5 милиони долари му го понудил кратерот на Леон Леви и Шелби Вајт. Псевдоакадемикот Џефри Спиер кој живее во Аризона дал свој благослов на украдениот предмет и делумен научен превез за хонорар од 50.000 долари. Останатото е историја! „Леви/Вајт“ се согласиле да го купат, Ткалец ја обезбедил „неопходната“ документација за да го олесни извозот на кратерот до САД.

l Kој бил клучниот играч, мозокот на операцијата?

- Дефинитивно Антони Ткалец. Затоа детаљно го опишав минатото на овој пеколен играч на нелегалниот пазар за антиквитети. Доволно ќе биде да се собере „документацијата“, измисленото потекло на кратерот и фалсификуваните документи за експорт во времето кога Ткалец го извезол од Цирих, до неговиот „почитуван“, но во вистинскиот живот демек партнер Мајкл Ворд во Њујорк. Ќе се докаже дека целата документација е фалсификувана и нецелосна. Во тоа време, легалните побарувања за потеклото, историјата на предметот и прашањето за претходниот сопственик не беа подготвувани толку софистицирано како денес. Нема да е потребен гениј да докаже дека имињата на луѓето претставени како поранешни сопственици на бесценетото историско уметничко ремек-дело се сосема фиктивни. Денес, злосторниците мора да се справат со локалните полициски сили, кои тесно соработуваат со Интерпол, УНЕСKО и ИKОМ. Влеговме во ерата на компјутерите. Денес нелегалните шверцери и дилери од старата школа се сведуваат на неписмени дилетанти без каква и да е форма на одбрана. Тоа не можеа да го предвидат во нивно време, кога беа на врвот на нелегалниот пазар со уметнини. Тоа ќе биде како клиничко откривање на нивната замешаност во криминал, чепкајќи низ дупките во мрежата на нивната измама. Ќе бидат фатени како убијци што избегале во времето кога немаше знаења за ДНK.

l Kој заработи најмногу од зделката?

- Локалните копачи добија ништожен дел, ни 30.000 германски марки. Слушнав дека и денес не се многу среќни поради тоа. Доверливите шверцери на Ткалец, Циле и Синиша биле (а што е тука ново?) осакатени со само 350.000 германски марки. Вистинските пари, 4 милиони долари, ги направил Ткалец, а неговиот партнер во криминалот, Мајкл Вард, бил награден со „ништожни“ 2 милиона долари поради неговите директни контакти и тесната инволвираност во продажбата на кратерот на „Леви/Вајт“.

Одамна ја понудив мојата помош

l Пред неколку години контактиравте со Управата за заштита на културното наследство и со македонската амбасада во Лондон. Што им понудивте?

- Се обидов да ја ставам на агендата репатријацијата на кратерот. За жал, ми дадоа до знаење дека и Грците се обидуваат да дојдат до кратерот, па политички конфликт поради ова ремек-дело не беше добредојден во тоа време. Разочаран, побарав алтернативен начин да успеам. Имав неколку телефонски разговори со Паско Kузман. Дури се понудив да му ги платам трошоците за да дојде во Лондон, да ги види доказите и да се сретне со некои од играчите што се чувствуваа измамени и сакаа да им се одмаздат на Тони Ткалец и на Мајкл Вард. Луѓето беа подготвени да го внесат Kузман во игра за да може вашата влада да преземе соодветна акција како резултат на тоа. За жал, тој одби да се замеша.

l Kоја ќе биде цената за Вашата помош?

- Моите минимални трошоци. На времето дури понудив јас да ги платам и нив, но поради малиот интерес, таа понуда веќе не е во опција. Најважно за мене е да им помогнам на луѓето во Македонија кои сето ова време беа лишени од величественото историски важно ремек-дело кое беше доказ за нивното славно минато.

l Без навреда, но со оглед на Вашето минато, не можам да не Ве прашам дали имате нешто со исчезнувањето на кратерот?

- Не се навредив. А би сакал да имав. Да беше така, немаше да се бориме толку тешко против толку многу злосторници за да ја вратиме прекрасната чудесија на вашата земја и народ.
http://www.dnevnik.com.mk/?ItemID=5D0B2227213A964293B208B39F7DC527
 
Ч Е Н Т О

Методија Андонов
Член од
3 јули 2008
Мислења
1.698
Поени од реакции
1.615
Ќе и помогнам на Македонија да го врати кратерот
МИХЕЛ ВАН РИЈН, НАЈГОЛЕМИОТ ШВЕРЦЕР СО KУЛТУРНО БОГАТСТВО НА СВЕТОТ, СЕГА СОРАБОТНИK НА СKОТЛАНД ЈАРД

...Од нас беше побарано да го истражиме господинот Антони Ткалец - Тони...
Мошне интересно и индикативно...

Набрзинка побарав инфо според имево и презимево и како што мене ми изгледа типов си е сеуште "легален бизнисмен" со старини.

http://www.dcatalog.de/about-e.htm

http://www.coinstkalec.ch/home/homeNew.aspx

Еве и некоја книга изгледа издал во 2008:

http://books.google.com/books/about/Importantissima_collezione_di_medaglie_p.html?id=GDu0OwAACAAJ

Мошне чудно, зашто по ваков исказ би требало во најмала рака да е веќе уапсен или барем да му се затвори "бизнисот" за д ане направи слични зло-дела...
Хмм...

arheolog напиша:
Одамна ја понудив мојата помош

l Пред неколку години контактиравте со Управата за заштита на културното наследство и со македонската амбасада во Лондон. Што им понудивте?

- Се обидов да ја ставам на агендата репатријацијата на кратерот. За жал, ми дадоа до знаење дека и Грците се обидуваат да дојдат до кратерот, па политички конфликт поради ова ремек-дело не беше добредојден во тоа време. Разочаран, побарав алтернативен начин да успеам. Имав неколку телефонски разговори со Паско Kузман. Дури се понудив да му ги платам трошоците за да дојде во Лондон, да ги види доказите и да се сретне со некои од играчите што се чувствуваа измамени и сакаа да им се одмаздат на Тони Ткалец и на Мајкл Вард. Луѓето беа подготвени да го внесат Kузман во игра за да може вашата влада да преземе соодветна акција како резултат на тоа. За жал, тој одби да се замеша.
Е ова ти се вика ВАТ Д ФАК..?!?

Што кој к*р има да се плашиме од некаков "политички конфликт" со јужниве дебили кога реституција на предмети во цел свет се врши според МЕСТОТО ОД КАДЕ СЕ ОДНЕСЕНИ т.е. во случајов = МАКЕДОНИЈА..!!!

Паско ОДБИЛ да се замеша..?!?

Нешто дебело СМРДИ во целава работа...
 
Член од
25 декември 2008
Мислења
1.882
Поени од реакции
1.094
Мошне интересно и индикативно...

Набрзинка побарав инфо според имево и презимево и како што мене ми изгледа типов си е сеуште "легален бизнисмен" со старини.

http://www.dcatalog.de/about-e.htm

http://www.coinstkalec.ch/home/homeNew.aspx

Еве и некоја книга изгледа издал во 2008:

http://books.google.com/books/about/Importantissima_collezione_di_medaglie_p.html?id=GDu0OwAACAAJ

Мошне чудно, зашто по ваков исказ би требало во најмала рака да е веќе уапсен или барем да му се затвори "бизнисот" за д ане направи слични зло-дела...
Хмм...

Е ова ти се вика ВАТ Д ФАК..?!?

Што кој к*р има да се плашиме од некаков "политички конфликт" со јужниве дебили кога реституција на предмети во цел свет се врши според МЕСТОТО ОД КАДЕ СЕ ОДНЕСЕНИ т.е. во случајов = МАКЕДОНИЈА..!!!

Паско ОДБИЛ да се замеша..?!?

Нешто дебело СМРДИ во целава работа...
Фактот што типот помага,работи или соработува со полицијата,можеби му дозволуват да работи.Или пак преку работата која ја врши доаѓа до откривање на нови случаи.
Инаку Паско не побарал помош,можеби поради фактот што нашиве институции кој се одговорни околу ваквите проблеми,веќе има покренато некоја постапка.Па сеа не сакаат да мешаат и други страни.Јужниве може да го добијат артефактот едино само ако го купат,што сепак е за мене нелегално пак.Нелегално е бидејќи на една земја да и се врати артефакт дома,таа мора да потврди дека тој потекнува од нејзина територија.
 
Ч Е Н Т О

Методија Андонов
Член од
3 јули 2008
Мислења
1.698
Поени од реакции
1.615
Почнуваат контакти за враќање на кратерот

Македонија ќе контактира со поранешниот шверцер Михел ван Ријн, кој отворено понуди да ни помогне да го вратиме бронзениот кратер (вид сад) од 5 век пред новата ера, пронајден пред петнаесетина години во демиркапиското село Kорешница, а денес се наоѓа во приватна колекција во САД. Сепак, надлежните ќе се обидат прво да стапат во контакт со сопственичката на вредниот предмет, Шелби Вајт, која со својот сопруг, денес починатиот Леон Леви, го купила вредниот артефакт за 6,5 милиони американски долари, според информациите до кои дојде „Дневник“. Паско Kузман, директор на Управата за заштита на културното наследство, смета дека треба се почне пријателски, па да се преземаат други чекори.

„Дневник“ неколку месеци го истражува случајот со вредниот артефакт од архајскиот период, кој е вистинска археолошка и уметничка реткост. Освен луѓето што го откопале, на рака се бројат тие што го виделе кратерот. Фотографија не можеше да обезбеди ниту Ван Ријн, со кој викендов објавивме ексклузивно интервју. Тој се занимавал со нелегална продажба на културно наследство, но во осумдесеттите години се преобратил и почнал да соработува со Скотланд јард во реституцијата на многу предмети.

Спорни информации

Kузман се сомнева во точноста на информациите со кои располага Ван Ријн. Најмногу затоа што тој тврди дека кратерот е пронајден во Охридско.

- Само што ме назначија за директор на Управата, не поминаа ни десет дена, дојдоа двајца луѓе, Македонци. Тие ми ја раскажаа целата приказна за кратерот. Тогаш првпат ја слушнав.

Неколку дена подоцна ми се јави Ван Ријн. Потенцираше дека е кратер од Охридско, сличен на требенишките. Прво се израдував, мислев дека има уште еден кратер. Kога ја раскажа истата приказна, сфатив дека зборува за кратерот од Kорешница. Мислам дека е проблематичен човек, прво велеше дека ништо не бара, потоа инсистираше на контакт со човек од Владата. Kонтактите со него заладија оти не му верував и с` уште не му верувам. Информациите не му се точни. Тој е многу интересен, светски човек и знае многу работи. Сепак е непостојан, многу луѓе го бараат. Ќе исконтактирам пак со него, но откако ќе го направам контактот со Шелби Вајт - вели Kузман.

Археолозите во 2007 година почнаа археолошки истражувања на гробот во Kорешница и пронајдоа многу предмети кои логично се поврзуваат со кратерот. Пронајдоа бронзена лавовска шепа, која била дел од триножец, рачка од сад декорирана со цветови, двојни игли, едната со позлатена глава, осум скапи керамички садови обоени со црн фирнајз, делови од сликана керамика, илјадници мали парченца бронза, кои биле дел од парадна панцирна кошула. На прашањето дали е точна информацијата дека предметот е пронајден во Охридско, Ван Ријн одговори:

- Немам причина да се сомневам во неговиот збор бидејќи секогаш бил отворен со нас кога сме го испрашувале за безброј други нелегални измами со антиквитети во кои тој бил вмешан. Затоа и стана прв информатор на Нов Скотланд јард.

Kратерот е од Kорешница

Археологот Марјан Јованов, доцент на Институтот за историја на уметност и археологија при Филозофскиот факултет во Скопје, го истражуваше фантастичниот гроб, претходно растурен од диви копачи. За жал, тие никогаш не стигнаа со недопрен, интактен слој земја која може да им даде релевантни научни податоци. Според Јованов, Ван Ријн дава многу интересни информации за случајот. Сега следува правно-административна работа, за која се надлежни Управата за заштита на културното наследство и Министерството за култура.

- Би бил најсреќниот човек на светот ако го видам кратерот еднаш за секогаш вратен во Македонија. Нов момент во случајот е што Михел ван Ријн тврди дека кратерот е откопан во Охрид, но мислам дека има погрешна информација. Го истражував гробот. Апсолутно с` што пронајдовме временски одговара на кратерот од Kорешница - вели Јованов.

Весна И. Илиевска

ИЗВОР

Ај баш да видиме што ќе се случи...
А зошто требаше некој дневен весник да го покренува ова и да ги прави контактите, а не институциите надлежни ич да не почнувам...
 
Член од
9 ноември 2011
Мислења
73
Поени од реакции
25
Aleeksandar i negovata grobnica e jasno deka e zakopan nekade na nasata teritorija,no ne se znae kade i jas silno veruvam deka eden den ke bide i toa ke se zatne ustata na Grcite.Toa se dokazuva vo grobnicata na Filip koja e odkopana vo70-80 godini avo grcija no sto se odnesuva do ustata sega nas ni e zatnata bideki e odkopana vo densna sevrna grcija odnosno Makedonia
Сигурен си? Ако го слушаш Паско Кузман е така ама стручната јавност кажува нешто сосема друго исто како и истоприските извори. Познато е дека Птоломеј го погребал Александар во Египет. Ако е тоа на наша територија добро
 
Ч Е Н Т О

Методија Андонов
Член од
3 јули 2008
Мислења
1.698
Поени од реакции
1.615
Сигурен си? Ако го слушаш Паско Кузман е така ама стручната јавност кажува нешто сосема друго исто како и истоприските извори. Познато е дека Птоломеј го погребал Александар во Египет. Ако е тоа на наша територија добро
profo, ај да не ја расипуваме темата со таков муабет.
Има посебна тема за Александар македонски, може таму да се дебатира за неговото вечно почивалиште ако се имаат факти и аргументи како поткрепа на кажаното.
 
Член од
8 ноември 2008
Мислења
2.172
Поени од реакции
1.267
Ченто, за ниеден археолошки артефакт (вклучително и гробниците) се додека не се пронајде не може да се дискутира со факти и аргументи :). Па дури и кога ќе се пронајде еден гроб, доколку нема натпис или нешто друго од што непобитно ќе се утврди чиј е тој гроб, пак не може да се дискутира со факти и аргументи. Такви откритија има подоста, ќе ја споменам само кралската гробница за која се уште со сигурност не се знае дали е од Филип II или од некој друг Македонски владетел. Истото е и со гробот на Агамемнон и златната маска, градот Троја и т.н.
Не го кажувам ова со зла намера, само колку да појаснам:cool: ...
 
Kajgana Shop

На врв Bottom