- Член од
- 20 мај 2011
- Мислења
- 12
- Поени од реакции
- 4
Билазора. Можеби се наоѓа на Кнежевски рид, но градот, односно скалите под ридот, се многу постари. Затоа што самиот рид, е составен од речен чакал(нанос) и неговото потекло е уште од библискиот потоп, кој датира околу 12 000год. п.н.е. И самите скали биле поплавени од тој нанос. Која била таа вода(река), што го донела тој чакал, кој се простира од Ѓуриште, до Думуз Бунар? А за тоа никој ништо не коментира, зошто припаѓа во забранетата археологија.
ЕПОХАЛНО ОТКРИТИЕ ВО СВЕТИНИКОЛСКО
Откриена Билазора - најзначајниот пајонски град
Во 217 година пр.н.е. македонскиот крал Филип Петти ја обновил фортификациската мрежа на Билазора,а во168 година пр.н.е. македонскиот крал Персеј, во фаза на подготовки за последната борба со Рим, успеал да договори воена помош од страна на Галите кои биле стационирани во нејзина близина
![]()
На локалитетот Градиште кај селото Кнежје во близина на
Свети Николе стручњаци откриле капитален објект - влезната
порта и дел од бедемот на акрополата на античка Билазора
Група музејски и научни работници од земјава и од странство деновиве на локалитетот Градиште кај селото Кнежје во близина на Свети Николе откриле капитален археолошки објект - влезната порта и дел од бедемот на акрополата на античка Билазора. Стручниот тим, Бобан Хусеновски - раководител на археолошките истражувања, Вилијам Хајдингер и Јула Метју од Фондацијата за археолошки и историски истражувања од Хјустон (Тексас, САД), консултантите д-р Ѕвонимир Николовски и археологот Стефан Данев, во организација на Народниот музеј од Свети Николе и директорот Александар Данев, на почетокот на јуни годинава почнаа со систематски истражувања на античка Билазора.
Античка Билазора најголемиот и најзначаен град на Пајонија првпат ја споменуваат Полибиј и Тит Ливиј. Тие укажуваат на нејзината стратешка географска позиција и улога на чувар на северната граница на античка Македонија во одбраната од Дарданците. Според стручњаците, два значајни датума во историјата на античка Македонија се поврзуваат со градот Билазора, 217 година п.н.е. кога македонскиот крај Филип Петти ја обновил нејзината фортификациска мрежа и 168 година п.н.е. кога македонскиот крал Персеј во фаза на подготовки за последната борба со Рим успеал да договори воена помош од страна на Галите кои биле стационирани во близина на Билазора. Пред 32 години професор д-р Иван Микулчиќ има објавено предлог-теза за местоположбата на античка Билазора на локалитетот Градиште во околината на Свети Николе. Дотогаш според некои истражувачи Кацаров и Папазогулу таа требало да се идентификува со локалитетот на Велешкото кале. Со оглед на значењето на овој капителен објект археолозите апелираат за поголемо внимание и конкретен ангажман на Министерството за култура и на општината Свети Николе заради квалитетно зголемување на ресурсите на културниот туризам во земјава. Од археолошкиот тим тврдат дека најпознатиот пајонски град е целосно зачуван под дебелиот слој земја и нуди ретка можност за запознавање и проучување на неговите вредности, како дел од недоволно истражената култура и историја на Пајонија, која на моменти претставувала дел од историската реалност на античка Македонија.
![]()
и на тој план е потребно мнооооогу да се работи. Во ниеден град нема музеј кој би го посетиле туристи или барем ученички екскурзии (сегашниве “музеи“ не се музеи туку депоа), нема ни повеќејазични табли со појаснување на било која постара градба низ градовите од кога потекнува и што била таа, нема турситички бироа каде што било кој турист (не мора група) ќе изнајми водич за одредена сума и време кој ќе им ги покаже нашите знаменитости на нивниот јазик (па малку ли млади завршија факултети за разните јазици и бараат работа, а археолошката и историската приказна ќе ја научат лесно), нема сувенири (многу малку, а дури и на сувенирот-скулптурата на Карпош во Скопје, пишува Христијан Тодоровски Карпош
), нема брошури, разгледници и армоника-разгледници (не можам да се сетам, во моментов како се викаа) и т.н. и т.н.
) туку и нема ништо привлечно за гледање. Друго би било кога би имало водич кој би им раскажал “приказна“ за сето тоа, а уште и музеј во кој во стаклени витрини и обезбедени услови би се чувале реставрирани вредните експонати (по периоди) објаснети со натпис и од водич. Така изложените експонати се многу поинтересни за гледање и уште добиваат на вредност во очите на посетителите (и една девојка колку и да е убава и вредна, ако е облечена неугледно или во партали, пикната во некое ќоше без право да се појави пред посетителите, нема да дојде до израз и никој нема да знае колку е таа убава и вредна - тоа го знаела многу добро и маќеата од Пепелашка