Македонска археологија

  • Креатор на темата Креатор на темата @cool@
  • Време на започнување Време на започнување
Види вака, убаво е да се праша кога не се знае, не викам не.
Ама ме чуди од каде на тебе ти дојде во умот дека предметот има врска со античка Македонија или Феникија..?!?

Затоа и те прашав каде си го нашол, или каде е најдено, ако ти не си го нашол..?

Имаш ли претстава од што материјал е направено..?

Тоа прстенчето горе сигурно служело за да се поврзе или да виси на нешто. Како што гледам има мал жлеб од двете страни на прстенот, значи имало тука друг дел на кој што стоело ова.
Можеби е некоја врста на печат... не знам.

Разгледував древни писма и најдов сличност со феникијско, или пак античко македонско ради змиите што ги има, уште во антиката симбол била змијата. Направен е од камен, ама му го заборавив името во време на неолитот изработувале предмети од тој камен. Го вештачеа многу луѓе и не можат да му најдат крајот, моментално се разгледува во музеј во скопје, али пак да прашам случајно некој да не има идеја што можи да значи.
 
Разгледував древни писма и најдов сличност со феникијско, или пак античко македонско ради змиите што ги има, уште во антиката симбол била змијата. Направен е од камен, ама му го заборавив името во време на неолитот изработувале предмети од тој камен. Го вештачеа многу луѓе и не можат да му најдат крајот, моментално се разгледува во музеј во скопје, али пак да прашам случајно некој да не има идеја што можи да значи.
Ми изгледаше како да е од некој метал направено, ме зачуди сега дека е од некаков камен...

На едната страна дали се тоа горе "змии" е тешко да се каже, а и тоа под него некако не ми изгледа како писмо.
А, од другата страна па е целосна збунка.

Јас сепак мислам дека е некој орнамент или дел од накит.

Ако ти се наоѓа пластелин или некоја слична мека матарија притисни му ги сите страни и види каков отпечаток ќе остави.
 
Бидејќи змиите најчесто се користат во Римската Цивилизација, би рекол дека ова е РИМСКИ ТЕГ за мерење тежина на прашкасти материи ( не сум сигурен ) ама така ми изгледа бидејќи ако е накит нема да стои удобно заради позицијата на отворот за конец, а според текстот би рекол дека е Етруски - http://en.wikipedia.org/wiki/Etruscan_civilization
Етруско писмо > http://www.ancientscripts.com/images/etruscan.gif
Друго нешто што би можело да биде е тегче за градежништво, кое со конец е пуштано од висина надоле за градење на прави вертикални ѕидови
 
Бидејќи змиите најчесто се користат во Римската Цивилизација, би рекол дека ова е РИМСКИ ТЕГ за мерење тежина на прашкасти материи ( не сум сигурен ) ама така ми изгледа бидејќи ако е накит нема да стои удобно заради позицијата на отворот за конец, а според текстот би рекол дека е Етруски - http://en.wikipedia.org/wiki/Etruscan_civilization
Етруско писмо > http://www.ancientscripts.com/images/etruscan.gif
Друго нешто што би можело да биде е тегче за градежништво, кое со конец е пуштано од висина надоле за градење на прави вертикални ѕидови

Може да е и Етруско, најдов сличности со предметот. Али само теза е, а према мене и 100 % сум сигурен дека бил печат, поради вдлабнатините, и задната страна. Од бочните ѕидови има Х.
 
Некако не сум убеден дека на предметот има "писмо", ама може грешам...

Ми се чини во право е dzale1, и дека најверојатно е тег.
 
НАШИТЕ АРХЕОЛОШKИ ЛОKАЛИТЕТИ ЌЕ ЗАРАБОТУВААТ СПОРЕД моделот на светските
Странци ќе ја истражуваат Македонија за 1.000 евра
Странски археолози, студенти по археологија и љубопитни авантуристи ќе го истражуваат Градиштето кај Неготино, каде што археолозите претпоставуваат дека се наоѓа античкиот град Антигонеа, откако информацијата ја објави интернет-порталот на Американскиот археолошки институт. Тие ќе работат под надзор на македонски археолози
Странски археолози, студенти по археологија и љубопитни авантуристи ќе го истражуваат градиштето кај Неготино, каде што археолозите претпоставуваат дека се наоѓа античкиот град Антигонеа откако информацијата ја објави интернет-порталот на Американскиот археолошки институт. Тие ќе работат под надзор на македонски археолози. Потрагата по Антигонеа не е изолиран случај во македонската археологија. Во последните години се зголеми интересот на странските истражувачи да работат на археолошките локалитети во земјава.

- Ако во минатото Македонија беше затворена за археолози од странство, сега се случува спротивното. С` повеќе се зголемува интересот за тајните скриени во нашата земја. Полека почнуваме да работиме како западните земји - коментираат археолозите.

„Проект Антигонеа - Урбан развој на раноантичката населба“ е насловот на теренската школа закажана за јули. Проектот го организираат нашата невладина организација „Археологика“ и Музејот на Македонија. Огласот е објавен две недели, а досега се пријавиле четири студенти од САД, Kанада и од Холандија. Тие ќе работат во две сесии, во првата и во втората половина од јули. Цената за сесија е 1.080 евра, а секој треба сам да си купи билет до Македонија. Тие што ќе се пријават до 31 март ќе добијат 5 отсто попуст.

Учесниците на школата ќе бидат сместени во манастирот „Св. Ѓорѓи“ во Неготино, во реновирани соби со безжичен интернет. Во цената е вклучена храната, а некои од оброците ќе бидат традиционални македонски. Специјална храна ќе се готви за вегетаријанците.

- Во цената се вклучени и две викенд-патувања. Ќе ги посетат Гевгелија со локалитетот Вардарски Рид и Исар-Марвинци кај Валандово и во Охрид. Интересот е голем. Двајца од пријавените ќе останат цел месец. Тие лани беа на ископувањата на скопскиот локалитет Бучинци и беа многу задоволни - вели Радомир Ивановиќ од „Археологика“.



Секој може да учествува

За сите заинтересирани е подготвена специјална програма која на сите учесници ќе им овозможи да се сретнат со основите на методологијата на ископувања на класични и римски локалитети, но и да стекнат знаење за античката историја и археологијата на Градиште и на централно балканскиот регион воопшто.

„И покрај неговата големина, стратегиската позиција и хронологијата, името на овој антички град с` уште не е потврдено. Меѓу теориите најпопуларно е врзувањето со античката Аснтигонеа, градот именуван по македонскиот крал Антигон Гоната, во 3 век пред новата ера. „Антигонеа на Аксиос“ е споменат на позната карта Табула Поинтингеријана, еден од најважните антички извори за географијата на Балканот. На оваа карта Антигонеа е лоцирана на 12 римски милји под Стоби и 11 милји над Стенаи. Овие растојанија најдобро кореспондираат со позицијата на Градиште кај Неготино. Сепак, многу научници кои го истражувале Балканот имаат различни мислења за локацијата на градот. Потрагата по античката Антигонеа е предизвик кој никогаш не запира“, пишува на порталот на Американскиот археолошки институт.

Истражувањата на локалитетот траат повеќе години. Почнале во 90-тите години, а поинтензивно археолозите работеа од 2005 до 2007 година. Во тој период беше откриен голем дел од доцноримското утврдување. Локалитетот го привлече вниманието на научниците и на јавноста. Во 2009 година почна долгорочниот истражувачки проект на Градиште, координиран од Музеите на Македонија и на Неготино, Институтот за класични и ориентални студии од Валенсија (ИВЕKО) од Шпанија и Универзитетот од Гдањск, Полска. Истражувањата закажани за летово ќе ги раководи археологот Горан Санев од Музејот на Македонија, а во членови на меѓународниот тим се професорите Николас Секунда и Аркадиус Kоперкиевич од Институтот за археологија при Универзитетот во Гдањск.

Санев вели дека е позитивно отворањето на Македонија за странските археолози. Тој потенцира дека програмата е отворена - може да се пријави и во истражувањата да учествува и аматер. Условот е да има повеќе од 18 години.



Така работи цел Запад

Според Санев, важно е што доаѓаат и странски студенти по археологија - на тој начин ја отвораме Македонија и за странските универзитети.

Ова е и еден од начините археологијата да се самоодржува. Дел од парите уплатени за секоја сесија ќе биде искористен за да се намири престојот на студентот во земјава.

- Дел ќе биде уплатен на Музејот на Македонија за археолошките истражувања - вели Ивановиќ.

Странските тимови с` почесто се присутни на археолошките локалитети во Македонија. Во изминатите години на локалитетот Kнежје кај Свети Николе истражуваа археолози од Тексашката фондација за археолошки и историски истражувања. Тие во деведесеттите години работена и на Вардарски Рид. Бугарската невладина организација „Балкан херитиџ“ организира теренска школа на Стоби. Странските истражувачи сметаат дека македонското културно наследство е интересно за истражување бидејќи нуди историски податоци кои не можат да ги пронајдат на друго место.
http://www.dnevnik.com.mk/?ItemID=4C53A45C420F6B48AFA9C58F2D93A010
 
Грифонот од Горна Порта и петелот од Стоби

На изложбата „Археологија 2011“ во Музеј на Македонија наодите раскажуваат нови приказни

442AE0AE2FE36841AA42C6D825272325.jpg

Шлемот со грифон и Херакле откриен на Горна Порта

Катерина Богоева

Шлемот со претстава на грифон и на Хералке како ја убива ламјата откриен на Горна Порта во Охрид, несомнено е најмаркантен наод што го плени вниманието на изложбата „Археологија 2011“ отворена во Музеј на Македонија. Поставен во витрина со множество предмети откривани лани на Самоиловата тврдина, овој шлем, кој е откриен во гробницата бр. 127 во 2002 година, му припаѓа на типот халкидик. Откопан е заедно со двете керамички амфори, со еден аскос - керамички сад со црвено фигурално сликарство, но со неколку златни предмети што се наоѓале во гробницата, со една златна двојна игла и хипокамп - воден коњ со крила, со неколку златни апликации во вид на розети и др. Паско Кузман, директор на Управата за заштита на културното наследство, која е организатор на оваа четврта едноподруга изложба, го смета шлемот за исклучителен наод, бидејќи со дадената претстава тој прв пат и се појавува на просторот на Република Македонија, а напоменува дека и во светот таквите наоди се ретки. „Грифонот е митско животно со глава на орел, со шепи на лав кој ги штити воините и има дава сила, а важи и за животно кое го штити златото. Во една легенда стои запишано и дека самиот ископува злато за да ги гради своите гнезда“, рече археологот. Тој за единствени наоди ги смета во истата витрина презентираните копја, на кои стегачите на држачите во вид на прстен им се изработени од злато. Напомена дека кај овие наоди е присутна ретка комбинација на злато и железо. Самоиловата тврдина е еден од 18-те презентирани локалитети на изложбата на кој минатата година се вршени континуирани истражувања, освен на Кастелот кај Пчиња, каде што се одвивала конзервација.

23A2B40BC32E9E47B08A6350F88D1943.jpg

Светилка со еротска претстава - Антигонеја

Од Охридско, од локалитетот Енгелана во посебна витрина се презентирани златни предмети, дијадеми и златни апликации. За еден од нив, од 4 век пр.н.е. постојат две претпоставки, дека бил користен или како умбо-украс на војнички штит или, пак, служел како држач на кок. Како значаен наод се одвојуваат и презентираните стрелки, откриени во тамошното депо. Според Паско Кузман, во него биле откриени над 1.000 стрелки, но не е исклучено, во депото да има уште примероци.

A972DF78B525D74E83DAC8FD0F2AA274.jpg

Наоди од детски гроб од Вардарски Рид

Презентирани се и голем број наоди од Скупи, претежно од римски период откривани на територијата на градот, но и од локалитетот Таор во близина на Скопје. Археологот Златко Видевски раководител на Археолошкиот музеј ги издвои од Таор, нарекувајќи ги мошне интересни предметите што им служеле на некогашните жители во секојдневјето: неколкуте српови, клучевите, различните шарки за вратите, хостиите - за ловење риба, клопотарците за стока, ножиците и друго. „Тие ја прикажуваат доцноантичката материјална култура, која ретко се среќава“, рече тој.

5A21D1C2A889B44982AD231EBA474782.jpg

Два калапа од македонско-хеленистички период од Хераклеја

Презентирани се и наодите од скопско Кале, како своевидна приказна за неговата стратиграфија. Меѓу нив и фигурина на скулптура без глава, датирана од 13-14 век, најверојатно, од женско тело, но и два примерока на умбо, изработени во бронза, датирани меѓу 10 и 14 век.

5CDF5F08EA9DED48813641821F9FDF37.jpg

Керамичкиот печат со претстава на петел од Стоби

Светилка во форма на чевел од Кокино, лулиња, но и сребрена табакера од 18 век, пронајдени на Тетовско кале, како и наоди од Исарот кај Штип се наредени едни до други. Наодите од Исарот се сметаат за потврда за присуството на македонско- хеленистички период на локалитетот, а можат да послужат како потврда и за мислењето дека сегашен Штип е античкиот град Астибо. Изложените парчиња стакло говорат дека таму некогаш постоела и работилница за такви предмети.

6F996D410FCB3149B593E6D3A42FCE1A.jpg

Умбо или држач за кок од Енгелана

За оваа изложба НУ „Стоби“ одбра околу 120 предмети откриени при истражувањата на истоимениот локалитет. Лани таму се истражуваше на просторот на Западната некропола, под мозаикот во трпезаријата во Палата перистерија, чија конзервација е во завршна фаза и на населбата од 6 век на горната тераса. Публиката може да види керамички садови, теракотни фигурини, светилки и разни предмети изработени од коска кои датираат од 2 век пр.н.е. па се' до доцниот 6 век од н.е. Меѓу нив како особено внимание привлекуваат два предмета: керамичен печат со претстава на петел и теракотната фигурина на гладијатор.

A22D622E476AC347B58DFCFB0DAEA851.jpg

Бронзени примероци на умбо - дел од војнички штит, од Калето во Скопје

„Кружниот печат со претстава на петел изведен во длабок релјеф е извонредна изработка на локален мајстор-керамичар“, потенцира Силвана Блажевска, директорка на „Стоби“. Таа објаснува дека поради големите димензии, овој печат веројатно не бил користен за декорирање калапи за релјефни садови, туку за сигнирање леб. Бил откриен во куќа што датира од 1-2 век од н.е. А бил фрлен во отпадна јама. „Во римскиот империјален период било вообичаено да се сигнира лебот од големите пекарници, кои на тој начин го заштитувале својот производ и гарантирале за квалитетот. Печатите за сигнирање леб биле изработувани од керамика или од бронза, со најразлични натписи или симболи. Петелот е симбол на сонцето, новиот ден. Во антиката се идентификувал со Арес, богот на војната, но и со Аполон Фојбос и Асклепиј, богот на лекувањето, поради што добива и апотропејска (заштитна) моќ, а во христијанството се поврзува со Петровото одрекување, најавувајќи го Христовото воскресение“ , укажа Блажевска, а нејзините стручни опсеравции го потврдија нашето мислење дека овој предмет заслужува поголемо внимание. Таа посочи и дека теракотната фигурина на презентираниот гладијатор е единствена меѓу досега откриените фигурини во Стоби. Гладијаторот, кој е посебно издвоен, е во полна борбена опрема, со шлем на главата, панцир, кнемиди и правоаголен штит, датира од доцниот 1 век пр. н.е. Идентични претстави, на гладијатори, рече таа, се среќаваат на светилките од раниот римски период.

FA6617EB85F5524280CE866D176E3150.jpg

Српови и други предмети откриени на локалитетот Таор

Од локалитетот Хераклеја Линкестис на изложбата се голем број наоди, меѓу кои и еден машки портрет, а на прв поглед се забележуваат и два калапа од македонско хеленистички период. Презентиран е богат материјал од раната и доцната антика.

Од струмичкиот локалитет Цареви Кули, пак, може да се видат наоди од рана - средна бронза, разни фигурини од македонско-хеленистичкиот период и од римскиот период. Станува збор за материјал кој може да ги поврзе археолозите со постоењето на некој антички град, што се' уште се претпоставува. Меѓу наодите од Антигонеја крај Неготино ги издвојуваме убавите керамички ламби, меѓу кои има ламби со зачувани еротски претстави.

Свое заслужено место очекувано заземаат и наодите од теракота од Виничко Кале, но и наодите од Исар Марвинци. При минатогодишните истражувања на Исар Марвинци се откриени и изложените садови од македонско-хеленистички период, пронајдени во тамошните гробови. Од овој исклучително богат простор со наоди, плени презентираната убавина на откриените златни обетки.

Минатогодишните истражувања на Вардарски Рид кај Гевгелија ги одбележало и откривањето на некрополата од доцното бронзено време, при што биле пронајдени 35 погребувања во згрчена положба со богати гробни прилози. Сите откриени скелетни остатоци им припаѓале на новороденчиња и на деца до 15-16-годишна возраст. На изложбата се презентирани откриени садови токму од тие гробови. „Овие истражувања покажаа дека и по прекинот на животот во населба на локалитетот Вардарски Рид, тој и понатаму продолжил да егзистира и да се користи како место за погребување на околното население во доцната антика и средновековниот период, со досега откриени 11 погребувања од II-IV век и 47 погребувања од XI-XIII век“, ни откри Емил Сламков, археолог, виш кустос во гевгелискиот музеј.

Изложбата „Археологија 2011“, која годинава е поскромна поради поскромните археолошки истражувања на локалитетите низ земјава, претставува еден вид отчет за откриеното при реализација на капиталните проекти. Тие и годинава ќе се реализираат, но се' уште не дефиниран бројот на локалитетите каде ќе се трага по нови наоди.

ИЗВОР
 
археологијата во развојот на културен туризам
Вардарска рута со шест локалитети
Уредување на шест археолошки локалитети специјално за развој на културниот туризам може на Македонија да ~ донесат многу придобивки, вели Паско Kузман, директор на Управата за заштита на културното наследство. Станува збор за истражени наоѓалишта по течението на реката Вардар, од Kатланово до Гевгелија. Проектот досега не е реализиран зашто е скап. Сепак, вели Kузман, оваа идеја може да придонесе многу за странците поубаво да ја запознаат Македонија и за локалниот развој.

- Kога патувате од Скопје кон Грција, има само едно место каде што може да запрете и да се одморите. Ако се уредат овие шест локалитети сместени покрај автопатот, туристите ќе застанат, ќе се напијат кафе, ќе си купат разгледница, некои ќе појдат да го видат локалитетот. А луѓето што ќе работат таму, ќе имаат од што да живеат - вели Kузман.

Слична концепција за сите

Во проектот се вклучени кастелот Kожле, покрај автопатот, по Kатланово, античкиот град Стоби, кај Градско, градот за кој се претпоставува дека е античкиот Антигонеа кај Неготино, атрактивната Демир Kапија каде има неколку локалитети, Исар кај валандовското село Марвинци и Вардарски рид кај Гевгелија.

- Сите се многу атрактивни. Поголем дел од нив се веќе истражени. Треба да бидат конзервирани, реставрирани, презентирани и да бидат осветлени. Kастелот кај Kожле е веќе истражен и делумно конзервиран. Треба да се прошири патот, да се направи бифе, некој да продава билети. Најмалку едно семејство ќе може да си го вади лебот. Локалитетот има добра позиција - вели Kузман.

Работа за мештаните

На Стоби и градиштето кај Неготино треба да се поработи на бедемите, кои се делумно ископани. Треба да се конзервираат, реставрираат и да се осветлат, како доминантен елемент кој привлекува најмногу внимание.

- Бедемите кај Неготино се на високо, се гледаат. Во подножјето на ридот може да се направи бифе, па пат до градиштето за секој што сака да се качи и да го види локалитетот - вели Kузман.Четврта е Демир Kапија која има неколку тврдини. Една од нив би се уредила, со пристапен пат околу. Kонцептот би бил сличен како и за претходните локалитети.

- Петти е Исарот кај Марвинци. Не некрополите, туку бедемите на населбата. Последен е ...Вардарски Рид, прекинат на средина со автопатот. Треба малку да се забрза ископувањето на бедемите. Треба да се конзервираат за да може да се илуминираат. Замислете ноќе да патувате низ Македонија и за два часа да ги видите сите тие чудесии - вели Kузман.

Тој потенцира дека проектот многу чини и затоа досега не успеал да обезбеди буџет. Сепак, тврди дека може да се реализира.

- Во сите места може да се развијат многу инфратсруктурни ситуации. Од ова многу луѓе ќе може да работат и да живеат. На сите места може да се вработат водичи. Сметам дека оваа ситуација треба да се искористи, оти од неа ќе имаме голем бенефит - вели Kузман.
Стоби има многу можности
На античкиот град Стоби годинава ќе продолжат археолошките истражувања и конзервацијата на локалитетот.

- Во помал обем отколку порано, но ќе продолжиме со работа. Годинава се планира и конзервација на театарот, што е многу голема работа. Стоби секогаш ќе го поддржувам да работи што може повеќе, бидејќи има уште многу за откривање. Стоби има многу можности - вели Kузман.
http://www.dnevnik.com.mk/?ItemID=3CF50E5EBCFE6640878D651ECC174631
 
АРХЕОЛОШKИ ИСТРАЖУВАЊА ВО МАKЕДОНИЈА
Помалку пари за копање по минатото
Нема да има големи проекти како масовните ископувања на некрополите на Исар-Марвинци кај Валандово, Скопското и Тетовското кале или големото ископување на Самуиловата тврдина пред повеќе години
Археолозите годинава ќе ги истражуваат локалитетите во земјава, но нема да има големи проекти како масовните ископувања на некрополите на Исар-Марвинци кај Валандово, Скопското и Тетовското кале или големото ископување на Самуиловата тврдина пред повеќе години. Сепак, според Годишната програма што ја објави Министерството за култура, ќе има помали истражувања на речиси сите наоѓалишта на кои работеа археолозите и лани.

Тимови од Музејот на Македонија ќе ги истражуваат некрополата „Градиште“ од железното време, новооткриената доцноантичка базилика на Големо Градиште, кај злетовското сeло Kоњух, неолитските населби Kременица и Тумба-Маџари, енеолитско светилиште „Св. Атанасиј“ кај кочанското село Спанчево. Перо Јосифовски, директор на Музејот, вели дека е задоволен од бројот на одобрени проекти, иако сите добиле релативно малку пари.

- Со оглед на кризата, разбирливо е. Сите добија просечно по околу 200.000 денари што е за 20 до 50 отсто помалку од лани. Сепак, добро е што речиси исти археолози ќе работат и нема да има прекинување на проектите - вели Јосифовски.
http://www.dnevnik.com.mk/?ItemID=72F70FC365D3434A929E69B3A0F0D370
 
Значајно откритие на Македонскиот центар за карпеста уметност во соработка со студентите од Филолошкиот факултет при УГД




Пред неколку дена, за време на научна теренска настава по предметот Македонска палеолингвистика, студентите од Филолошкиот факултет при Универзитетот „Гоце Делчев“, предводени од нивниот предметен наставник доцент д-р Душко Алексовски, редовен член на Светскиот конзорциум за истражување на старите писмени системи, во непосредна близина на локалитетот Цоцев Камен открија изработено соѕвездие под име Плејада или народен термин Власци.


otkritie.jpg

Ова вонредно значајно откритие од областа на македонското праисториско наследство ја комплетира сликата за овој значаен археолошки локалитет, а Македонија повторно се потврди како еден од најзначајните праисториски културни и духовни центри.

Ваквата формација на длапките е најкомплетна претстава за овој вид соѕвездие. Правецот на поставеноста на длапките изработени врз карпата, одговара на правецот на поставеноста на соѕвездието Плејада во вселенскиот простор.


otkritie-1.jpg
Ова значајно откритие ја потврди теоријата на прославениот француски археолог Етјен Пат (Etienne Patte), кој на конгресот на француските праисторичари одржан во градот Тур (Tours), Франција, во 1910 година, истакнал дека е можно на Балканот да се откријат длапки изработени врз карпа и камен со распоред ист или сличен на распоредот на ѕвездите од соѕвездието Плејада.​


http://www.fakulteti.mk/news/12-05-...dentite_od_filoloshkiot_fakultet_pri_ugd.aspx

Не за џабе Плејаденката гола на сон ми идеше има тука нешто.....
 
другари , зошто србите нејќат да ни ги вратат маските , само копија ни дале :mad:

Србија ни даде копија од Златната маска од Требениште
ADB9B33583CC494F9C2AC524E970A82F.jpg

Музејска копија од Златната маска, што српски археолози во триесеттите години од минатиот век ја ископале кај македонското село Требениште и чиј оригинал се чува во Белград, денеска и беше доделена на Македонија.
Две маски во Белград, две во Софија, една кај нас
Маската на министерката за култура, Елизабета Канческа-Милевска и ја врачи нејзиниот српски колега Предраг Марковиќ. Оваа постапка, како што рече министерката, претставува гест на едно големо пријателство меѓу македонскиот и српскиот народ.
317E3C16459FF24896DCB3D90674FE27.jpg

- Наодите „Златни маски“ во македонската наука се меѓу највредните артефакти откриени во познатата некропола во близина на селото Требениште, Охридско. Денес две од нив се наоѓаат во Народниот музеј во Белград, а две во Софискиот археолошки музеј. Овие артефакти, кои се определуваат како култни предмети, се поврзуваат со верувањата и ритуалите кои се правеле за време на погребувањата, рече Канческа-Милевска.
Златната маска од Требениште се чува во Народниот музеј во Белград. Непроценливиот артефакт го откриле српски археолози во 30-тите години на минатиот век.
1154BF19F723BB4685B4A2DEF741D478.jpg

Ќе следат повеќе музејски копии
Канческа-Милевска објасни дека Министерството за култура преку Управата за заштита на културно наследство изминатиот период до Министерството за култура на Србија упатило барање за изработка на музејски копии од археолошки предметки кои се чуваат во Народниот музеј во Белград. Музејска копија од Златната маска од Требениште ќе има и македонскиот музеј на чија територија бил ископан овој наод.
Министерот Марковиќ рече дека музејската копија е подарок на македонскиот народ и на македонската држава, а гест од Србија и од Народниот музеј во Белград. Тој потенцира дека експонатите кои се ископани во Требениште, меѓу другото откриваат оти на тој простор постоела висока култура.

http://www.dnevnik.com.mk/default.asp?ItemID=035C187E3A2E7149B1DFC09D0667DCD3
 
Во прилепско пронајдена мермерна скулптура од 2 век

Во обид да се откријат темелите и да се возобнови стара црква напуштена пред повеќе од 200 години мештани од прилепското село Тополчани пронајдоа мермерна скулптура, која потекнува од вториот век и преставува препознатлив белег на античкиот град Стибера близу Чепигово, оддалечен само неколку километри од ова село.
getImageThumbnail.axd

Скулптурата била во темелите од овој православен храм, и според црковните книги станува збор за некогашната црква вознесение Хрстово Свети Спас.

Пронајденото национално богатство, веднаш е пријавено кај надлежните институции.

При денешниот обид скулптурата да биде згрижена од страна на надлежните, жителите се спротивставија.

Знаат дека и припаѓа на државата, и е од исклучително значење за македонската историја ама не ја даваат и деноноќно ќе ја чуваат да не биде украдена од други.

И тоа, се додека државата не им вети парична или материјална помош за возобновување на црквата.

Мештаните ,се убедени дека од утре институциите,месната заедница, црковниот одбор и прилепските локални власти, преку преговори и договор за помош при возобновувањето на старата црква ќе најдат заеднички јазик и мермерната скулптура на прилепскиот завод и музеј ќе му биде предадена.

Зоран Момироски

http://kanal5.com.mk/default.aspx?mId=43&egId=17&eventId=103774&AspxAutoDetectCookieSupport=1

.
 
Nasata istorija e zakopana pod nas treba dlaboko da kopame po vistinata,jasno e deka na makedonskite arheolozi im se potrebni povekje pari za istrazuvanja.Se nadevam vladata ke izdvoi povekje sredstva seto ova e vo interes na makedoncite i pronajdenite dokazi mozat od koren da ja smenat svetskata istorija osobeno periodot narecen "Helenizam" :)
 
Грифонот од Горна Порта и петелот од Стоби

На изложбата „Археологија 2011“ во Музеј на Македонија наодите раскажуваат нови приказни

442AE0AE2FE36841AA42C6D825272325.jpg

Шлемот со грифон и Херакле откриен на Горна Порта

Катерина Богоева

Шлемот со претстава на грифон и на Хералке како ја убива ламјата откриен на Горна Порта во Охрид, несомнено е најмаркантен наод што го плени вниманието на изложбата „Археологија 2011“ отворена во Музеј на Македонија. Поставен во витрина со множество предмети откривани лани на Самоиловата тврдина, овој шлем, кој е откриен во гробницата бр. 127 во 2002 година, му припаѓа на типот халкидик. Откопан е заедно со двете керамички амфори, со еден аскос - керамички сад со црвено фигурално сликарство, но со неколку златни предмети што се наоѓале во гробницата, со една златна двојна игла и хипокамп - воден коњ со крила, со неколку златни апликации во вид на розети и др. Паско Кузман, директор на Управата за заштита на културното наследство, која е организатор на оваа четврта едноподруга изложба, го смета шлемот за исклучителен наод, бидејќи со дадената претстава тој прв пат и се појавува на просторот на Република Македонија, а напоменува дека и во светот таквите наоди се ретки. „Грифонот е митско животно со глава на орел, со шепи на лав кој ги штити воините и има дава сила, а важи и за животно кое го штити златото. Во една легенда стои запишано и дека самиот ископува злато за да ги гради своите гнезда“, рече археологот. Тој за единствени наоди ги смета во истата витрина презентираните копја, на кои стегачите на држачите во вид на прстен им се изработени од злато. Напомена дека кај овие наоди е присутна ретка комбинација на злато и железо. Самоиловата тврдина е еден од 18-те презентирани локалитети на изложбата на кој минатата година се вршени континуирани истражувања, освен на Кастелот кај Пчиња, каде што се одвивала конзервација.


ИЗВОР

Griffin_helmet_IVth-century-BCE_Ohrid-Macedonia_zps19554638.jpg



Мозаици со мотив на грифин од Пела, родниот град на Филип и Александар македонски

Griffin_mosaic_Pella_MACEDONIA.png


Griffin_mosaic_Pella_MACEDONIA-2.png
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom