Вашата “дефиниција“ за Бог...

Toecutter

Biafran Baby
Член од
12 мај 2009
Мислења
5.243
Поени од реакции
2.444
Teшко е за разбирање :)
Уствари бара да си жив за да го разбереш.
У состојба на зомби......тешко.
Сепак е страв во прашање, поимот Бог како таков во перцепцијата на најголем дел од рајата е скоро синоним за страшен судија или во најдобар случај - стравопочит.
Оној кој гледа се, нешто како апгрејдирана варијанта на Големиот Брат од 1984.
Самиот поим Бог е обременет со милениумски стравови кај милијарди раја и во каква било конотација да се употребува во поглед на некаква универзална свест или нешто друго е застарено и контрапродуктивно.
Бидејќи стравот е зло.

Освен тоа, ѕвездата Деница ја носеше светлината...:icon_lol:

:pos: Ако однапред одлучиш дека нешто МОРА да биде како што ти сакаш, на кој начин тоа за тебе не е лудило? За тебе тоа е нормална работа? Дека тоа што тебе ти одговара, дека само тоа МОРА да биде вистината?

Ти си престрашен длабоко во тебе од можноста дека еден ден ќе те снема, и таа можност ја сметаш за илузија, зло, бесмислица, лудило и беснило. И згора на тоа, на оние што ќе те потсетат на таа можност им порачуваш дека треба да си пукаат со пиштол во глава.

Колку реално јас можам нешто да прикажам, сватам и контемплирам, ти неможеш да знаеш.
Моите агресивни тези се однесуваат кон идејата за таков бог. Зошто - веќе објаснив.
И јас во никој случај не ја сведов вербата кај сите луѓе на очај, туку на оние кај кој верата е инспирирана од стравот и очајната надеж да постојат засекогаш и по секоја цена.
Naaah...
Основната потреба кај рајата за припадност кон некоја религија е токму припадноста кон некаква група на луѓе, инертноста и неможноста да се создаде свој систем на вредности, своја перцепција на реалноста и свој емоционален и интелектуален поглед врз светот и интеракцијата на поединецот во него.
А припадноста во 999 од 1000 случаи е наследна, нешто како некој роден Скаузер кој по дифолт навива на Ливерпул или Евертон. Ако е малку исчашен можеби и за Тремни Роверс. Но играта е таа.

Така и религиската припадност.

Поимањето на Бога е многу покомплексно одошто ти сакаш (и реално можеш) да го прикажеш. Твоите тези се симплистички и редукционистички, и, што е многу интересно, неверојатно агресивни кон ентитетот Бог (во кого не веруваш). Да се сведе верата на сите луѓе на очај е, се разбира, твоја претпоставка. Суровиот и одмазднички бог кој ти на стотици страни се обидуваш да го прикажеш е некоја твоја симплистичка перцепција. Уживај и понатаму во неа.
Има еден таков во стариот завет, за воља на вистината. И самиот се кажува за таков.
А што мислиш за ситуацијата кога ако споредиме во гајба компири, муштеријата бира само оние кои му одговараат, во случајот и со содржините на светите списи од било која религија, само она кое е компатибилно со моменталните потреби на припадникот на конфесијата и условите на терен се зема во предвид, вклучително и ритуалите...она останатото...:icon_lol:
 
N

Nessa Alcarin

Гостин
Teшко е за разбирање :)
Уствари бара да си жив за да го разбереш.
У состојба на зомби......тешко.
Што за тебе претставува да си жив? Дишење, преживување или егзистенција? Ако ги тргнеме сите догми, религии и сфаќања за задгробен живот, останува фактот дека секое физичко тело умира!
А зошто ти Боди се плашиш толку од смртта на твоето тело?
 
Ipsissimus

P.I.
Член од
23 јули 2010
Мислења
15.582
Поени од реакции
12.949
:pos: - ова ли беше препукување?
Те заболе ли смајлито?
:pos:
Не ме заболе смајлито, ме заболе нешто друго...ама нема смисла во јавност да кажувам.;)
Кога некому велиш дека треба да си пука со пиштол у глава, дека неговиот став е лудило и беснило, дека се "просерава", дека лечи комплекси.....итн, итн, јас тоа го гледам како препукување и делење лични квалификации.
Но што знам јас заспаниот, јас сум само зомби нели?:)
 
Bodhidharma

Avatara
Член од
17 септември 2011
Мислења
10.783
Поени од реакции
15.399
Што за тебе претставува да си жив? Дишење, преживување или егзистенција? Ако ги тргнеме сите догми, религии и сфаќања за задгробен живот, останува фактот дека секое физичко тело умира!
А зошто ти Боди се плашиш толку од смртта на твоето тело?
Кој рече дека се плашам од смртта на моето тело?
За апгрејт треба рестарт да се направи.
Замисли правиш апгрејт од SP 1 на SP 2, SP 1
го нема веќе, ама затоа е тука SP 2 :)
Смртта на физичкото тело е заради усовршувањето.
Такви се законите во универзумов, и не е пожелно
парадокси да се случуваат. Затоа магијата е зло.
 
Ipsissimus

P.I.
Член од
23 јули 2010
Мислења
15.582
Поени од реакции
12.949
Кој рече дека се плашам од смртта на моето тело?
За апгрејт треба рестарт да се направи.
Замисли правиш апгрејт од SP 1 на SP 2, SP 1
го нема веќе, ама затоа е тука SP 2 :)
Смртта на физичкото тело е заради усовршувањето.
Такви се законите во универзумов, и не е пожелно
парадокси да се случуваат. Затоа магијата е зло.
Тоа што ти си се убедил дека твоето тело не си "ти", незначи дека смртта не те плаши. А зло не е магијата, туку стравот! Затоа што тој те ограничува, а ограничувањето е грев - зло.
Кога ќе се ослободиш од стравот, и подеднакво ќе можеш да им погледнеш во очи, на сите можности, тогаш ќе можеш да кажеш дека си "буден", вака си само исплашено детенце, кое сонува дека е татко му.
 
Ау што убаво звучи така да биде навистина! Ама еве замисли не само физичкото тело да умира, туку и се друго што е со него и во него. Зошто тогаш причина за страв и верување во невистини? За додека си жив и свесен полесно да ти е на душичката?
 
Член од
4 мај 2009
Мислења
2.476
Поени од реакции
5.545
Мојата перцепција за бог е пантеистичка и нема никаква врска со библиската. Мојот противник не е воопшто замислен, тој е институционализираната религија, која пласирајќи ја идеата за љубоморен, суетен и одмазнички бог, манипулира со стравовите, надежите и очајот на луѓето кој се спремни да проголтаат било каква вистина за да бидат "спасени".
Твојата пантеистичката перцепција е небитна. Твојата интерпретација на библиската претстава за Бог е (ми досади да повторувам) симплистичка и редукционистичка. Arch enemy ти е христијанскиот Бог и сите што веруваат во него -- ме мрзи да цитирам делови каде директно арлаукаш против Јахве, Христос и Христијаните. Институционализираните религии ти се бонус таргет.
 
Bodhidharma

Avatara
Член од
17 септември 2011
Мислења
10.783
Поени од реакции
15.399
Сепак е страв во прашање, поимот Бог како таков во перцепцијата на најголем дел од рајата е скоро синоним за страшен судија или во најдобар случај - стравопочит.
Оној кој гледа се, нешто како апгрејдирана варијанта на Големиот Брат од 1984.
Самиот поим Бог е обременет со милениумски стравови кај милијарди раја и во каква било конотација да се употребува во поглед на некаква универзална свест или нешто друго е застарено и контрапродуктивно.
Бидејќи стравот е зло.

Освен тоа, ѕвездата Деница ја носеше светлината...:icon_lol:
Тоа со Јахве и Адонај е друга прича. :D
Се мешаат многу поими во дискусијава.
Не е лошо да се дефинираат позициите на секого.
Јас сум бил јасен во поглед на библијата и скоро се друго. А овде има типови кои ќутат како буви на кур, треба
Баба Ванѓа да си за да откриеш :D
Сатанисти кои не веруваат во рогатиот и т.н. и т.н.
 
Ipsissimus

P.I.
Член од
23 јули 2010
Мислења
15.582
Поени од реакции
12.949
Твојата пантеистичката перцепција е небитна. Твојата интерпретација на библиската претстава за Бог е (ми досади да повторувам) симплистичка и редукционистичка. Arch enemy ти е христијанскиот Бог и сите што веруваат во него -- ме мрзи да цитирам делови каде директно арлаукаш против Јахве, Христос и Христијаните. Институционализираните религии ти се бонус таргет.
Ако мојата претстава на идеата пласирана од институционализираните религии е неадекватна, досега ќе се најдеше некој да ја исправи, но тоа не е случај.
Јахве, Христос и останатите религиски ликови, се дел од индоктринирачката иконографија на мојот реален противник, а не бонус таргет.
 
Член од
4 мај 2009
Мислења
2.476
Поени од реакции
5.545
Има еден таков во стариот завет, за воља на вистината. И самиот се кажува за таков.
А што мислиш за ситуацијата кога ако споредиме во гајба компири, муштеријата бира само оние кои му одговараат, во случајот и со содржините на светите списи од било која религија, само она кое е компатибилно со моменталните потреби на припадникот на конфесијата и условите на терен се зема во предвид, вклучително и ритуалите...она останатото...:icon_lol:
Долга е дискусијата, Тоукатер. А за гајбата, може и само скапаните компири да се посочуваат, за да им се симне цената. ;) Ако одиме на cherry picking argument нема далеку да стасаме. На темата: моите погледи ги изложив во постот. Ако имаш некоја конкретна забелешка, бујрум.
 
Bodhidharma

Avatara
Член од
17 септември 2011
Мислења
10.783
Поени од реакции
15.399
Тоа што ти си се убедил дека твоето тело не си "ти", незначи дека смртта не те плаши. А зло не е магијата, туку стравот! Затоа што тој те ограничува, а ограничувањето е грев - зло.
Кога ќе се ослободиш од стравот, и подеднакво ќе можеш да им погледнеш во очи, на сите можности, тогаш ќе можеш да кажеш дека си "буден", вака си само исплашено детенце, кое сонува дека е татко му.
:pos:цар си за рационализација, жими се.
--- надополнето: Nov 26, 2011 1:09 PM ---
Ау што убаво звучи така да биде навистина! Ама еве замисли не само физичкото тело да умира, туку и се друго што е со него и во него. Зошто тогаш причина за страв и верување во невистини? За додека си жив и свесен полесно да ти е на душичката?
Свеста е над телото, тело-ум(ум-тело) да бидам по-исправен.

Ама што ви е битно на крај на "вас" смртниците :)
Еден ден ќе ве снема и ајт у курац.....така? :)
Што се замарате на форумов, одете проживејте ги
и останатите денови од животот.
УШТЕ МАЛКУ ВРЕМЕ ВИ ОСТАНА, ОДЕТЕ ЖИВЕЈТЕ ГО ЖИВОТОТ!!!!!!!

.....или не е баш така, има уште некоја тронка надеж кај вас?
Хмммммм.......
 
Член од
4 мај 2009
Мислења
2.476
Поени од реакции
5.545
Ако мојата претстава на идеата пласирана од институционализираните религии е неадекватна, досега ќе се најдеше некој да ја исправи, но тоа не е случај.
Јахве, Христос и останатите религиски ликови, се дел од индоктринирачката иконографија на мојот реален противник, а не бонус таргет.

Се обидуваш да прошверцаш два реторички дриблинга во еден пост. Првиот е red herring move -- замена на тези (нешо као криење лоптица во шибицарење). Овој маневар ти е омилен и обилно го користиш. Втиориот дриблинг (посочен во болдов) се вика по селски argumentum ad populum. Тоа што ти тврдиш дека никој не те исправил не значи дека си во право. Можда никој не сакал да се занимава со твоите инаетчиски постови. Башка, ти си сатаниста, не признаваш авторитети. Кој тебе може да те исправи мајсторе, евер?

Исправање на грешки кај тебе е како исправање на жица за стругање паркет со гумен чекич. Мене ми е позабавно да глеам тазе поликолор како се суши на ѕид него да се занимавам со исправки на твои тврдења.
 
Член од
28 ноември 2011
Мислења
246
Поени од реакции
106
Човекот постоел пред раѓањето, ќе постои и после смртта. Не се создал тој самиот, туку бил создаден уште пред да се спознае себе си. Не го создале неоргански битија околу него, затоа што тој поседува разум, а тие не, туку него, а и сите овие светови, од непостоење ги создал Единиот Возвишен Бог. Единствено Тој оживува и усмртува. Тој е Оној Кој сè создава и ако сака сè уништува. Овој Бог не е сличен на ништо од овие светови. Тој е од секогаш, не е создаден, Тој е за секогаш, нема да исчезне. Моќен е, нема граници на Неговата моќ. Сè знае и ништо не е скриено од Неговото знаење. Праведен е, но Неговата праведност не се одредува со мерилата на човечката праведност. Тој е Оној Кој ги поставил законите на вселената, кои ние ги нарекуваме природни закони, и сè што е во неа складно го направил. Отсекогаш ги определил сите подробности и облици, како и сè што ќе им се случи на живите и на неживите битија: движење и мирување, постојаност и промени, активности и неактивности. На човекот му подарил разум кој размислува за многу нешта кои му ги потчинил на неговиот разум, со кој го реализира она што ќе го избере. После овој привремен живот создадал вечен живот - во идниот свет, во кој добротворот ќе биде награден со рајот, а грешникот казнет со пеколот.

Овој Бог е еден и единствен. Нема придружник кој се обожува освен Него, ниту пак има посредник преку кој Нему му се приближува, и кој кај Него без Негова дозвола се завзема. Обожувањето, во сите негови видови, само кон Него, искрено се упатува.

Сите видливи битија кои со сетилата се чувствуваат, како и оние за нас невидливи - Му припаѓаат Нему. Некои од нив се неживи, а некои живи, задолжени со должности. На некои од тие битија својствено им е само доброто, а тоа се само ангелите; на некои им е својствено само злото, а тоа се ѓаволите, додека на некои им е својствено и доброто и злото, а тоа се џините-суштества од оган и луѓето. Тој, Возвишениот Господар одбира некои од луѓето и им испраќа ангел со Неговиот закон, да им го предаде на луѓето, преку пратениците.

Овие Божји закони содржани се во книгите и посланијата кои се објавени од небесата. Последната од нив ја поништува претходната или ја корегира. Последната книга е куранот. Сите книги пред него се изменети, или исчезнале и се заборавени. Единствено куранот останал сочуван од промени и пропаст. А, последниот од спомнатите пратеници е Мухамед ибн Абдулах ел-Ареби ел-Курејши. Со него се запечатени пратеништвата, а верите со неговата Објава, така да нема веровесници и пратеници после него.

Куранот е исламски законик. Оној кој тврди дека куранот е од Возвишениот Господар, Аллах,и верува во Него, како целина и во подробности, се нарекува верник-муслиман. Верувањето во оваа смисла не му е познато на никој освен на Возвишениот Алах, затоа што луѓето не ги отвораат човечките срца ниту пак знаат што има во нив. Поради тоа должен е, за муслиманите да го сметаат како еден од нив, да го изјави тоа верување со изговарање на шехадетот. Шехадетот гласи: „Верувам дека нема друго божество достојно за обожување освен Аллах, и верувам дека Мухамед е Аллахов пратеник“. После ова следува потврда на ова начело со дела.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom