Вашата “дефиниција“ за Бог...

F

Frankie Yale

Гостин
Бог е љубов е веројатно најголемата фраза, и најпразната реченица во религиската историја. Не ти е срам да бидеш толку банален?

Бог е љубов? Не заебавај...
Духовна логика друже, не се чуди... :D
 
Bodhidharma

Avatara
Член од
17 септември 2011
Мислења
10.783
Поени од реакции
15.399
Бог е љубов е веројатно најголемата фраза, и најпразната реченица во религиската историја. Не ти е срам да бидеш толку банален?

Бог е љубов? Не заебавај...
A тебе не ти е срам да му се качуваш на ... на човеков ? :)
Тоа што го кажувам е дека тоа чувство не може да се опише и сфати рационално. А ти тоа не го сфаќаш.
Those who dance are considered crazy by those who can't hear the music.
 
Член од
24 октомври 2011
Мислења
71
Поени од реакции
28
Така е Бодидарма, едно време и јас мислев дека многу работи можат да се генерализираат. Ниту Бог не може. :) Се е субјективна перцепција.
 
С

Сатори

Гостин
Не го дефинирам Бог, верувам во него!
Би сакала повторно да имам 16 години и да верувам.
Наједноставната работа на светот е да се биде стоик, целосно поклонување на детрминизмот од страна на судбината, христијанин, комплетна верба во Бог и прифаќање на неговите чудесни начини.Одговорноста е веќе сосема друга категорија во реалниот живот, не е израмнета со пеколот и грешната природа на човекот, нажалост.
А толку многу предрасуди имав кон Савле затоа што го поврза моралот со сексуалниот живот на човекот и го запечати текот на цела една историја.Сеуште не знам што е пожалосно, тоа што сум осамена и не верувам во него или сум осамена затоа што не верувам или наводната преисилена свесност за себе во обидот да дефинирам верба преку другите луѓе ...
 
Член од
4 мај 2009
Мислења
2.476
Поени од реакции
5.545
Науката се бави со природата, со она што реално постои како видливо, опипливо, мерливо, т.е, се` она што може да се детектира со нашите сетила и инструментите кои се конструирани од човекот. На неколку други теми веќе беше дискутирано дека свеста веројатно ја трансцендира димензијата на природата и затоа е се` уште необјаснета од науката. Не тврдам дека свеста ќе остане научно необјаснета.

Денес науката има преземено дел од улогата што светите книги ја имале се` до времето на Галилео. Денес Библијата не може да биде извор на научни објаснувања ниту пак има потреба да и` се спротивставува на науката. Од денешен аспект, Библијата е прескриптивен догматски текст кој главно се бави со есхатолошки и сотириолошки прашања. Науката, од друга страна, е главно дескриптивна и се занимава со објаснување и менување на она што постои во природата. Значи, науката и религијата се јасно одвоени.

Сепак, за мене, тие се комплементарни. Науката не дава одговори на се`. Прашањата „зошто постоиме“ или „што следува по смртта“ не се предмет на научно истражување, сепак, ова се суштински прашања. За теистите е многу полесно прифаќањето на физиолошката смрт поради верата дека со тоа не завршува нашето постоење и надежта за егзистирање во една совршена нефизичка димензија. Немам намера да дрвам или да пропагирам било што -- само сакав да ги делимитирам домените на науката и религијата за да дојдам до поентата.

Целта на долгиов вовед беше да го контекстуализирам и проблематизирам атеистичкиот аргумент кој агресивно се фура на форумов. А тоа е дека постоењето на Бог е неможно бидејќи е научно недокажливо. Ова не е аргумент -- ова е факт. Се разбира дека Бог е научно недокажлив. Секое спорење околу ова е сулудо. Вториот, побитен дел од атеистичкиот аргумент е дека, ако Бог не е докажлив, тогаш тој не постои и теистите се лудаци кои си играат со замислени другарчиња. Овој дел од аргументот ќе го оспорам. За мене, Бог е недокажлив затоа што не може да се редуцира на она што го дефинираме како природа. Тој е многу повеќе од тоа. Верувам дека омнипотентниот Бог многукратно ја трансцендира природата. Оттаму невозможно е научно да се докаже неговото постоење. Тоа сепак не значи дека Бог не постои. Божјото присуство и енергија се контемплира (созерцува) и е можно да се искуси преку практицирање. Тука науката нема пристап. Симплистичкиот приказ и исмевањето на религиозните пракси не ја менуваат суштината на овие искуства. За оние кои веруваат. Оваа созерцателно искуство е наднаучно (или подобро, трансцедентално) па не може ниту треба да биде предмет на научно истражување.

Конечно, за теистите омнипотентниот Бог ја трансцендира природата и неговиот план нам ни е непознат. Нагаѓањата и советите како Бог требало да ја устрои земјата и вселената се беспредметни.
 
Ipsissimus

P.I.
Член од
23 јули 2010
Мислења
15.582
Поени од реакции
12.949
Вториот, побитен дел од атеистичкиот аргумент е дека, ако Бог не е докажлив, тогаш тој не постои и теистите се лудаци кои си играат со замислени другарчиња. Овој дел од аргументот ќе го оспорам. За мене, Бог е недокажлив затоа што не може да се редуцира на она што го дефинираме како природа. Тој е многу повеќе од тоа. Верувам дека омнипотентниот Бог многукратно ја трансцендира природата. Оттаму невозможно е научно да се докаже неговото постоење. Тоа сепак не значи дека Бог не постои. Божјото присуство и енергија се контемплира (созерцува) и е можно да се искуси преку практицирање. Тука науката нема пристап. Симплистичкиот приказ и исмевањето на религиозните пракси не ја менуваат суштината на овие искуства. За оние кои веруваат. Оваа созерцателно искуство е наднаучно (или подобро трансцедентално) па не може ниту треба да биде предмет на научно истражување.
Спорниот дел е во тоа што теистите му припишуваат особини и карактер на тој одреден бог, единствено врз таа можност дека неможе да се докаже непостоењето на бог, и тоа автоматски станува аргумент дека тој постои.
Па така доаѓаме до апсурдни и смешни ситуации, каде не само што не се исклучува можноста бог да постои, туку таа можност е земена како најголемиот аргумент и доказ. Од таа можност, потпомогната од очајната потреба да се постои вечно и стравот да не се биде казнет, се родени сите антропоморфни богови, кој не се ништо друго освен верна копија на човечката суета и опседнатост за моќ.
 
Bodhidharma

Avatara
Член од
17 септември 2011
Мислења
10.783
Поени од реакции
15.399
Спорниот дел е во тоа што теистите му припишуваат особини и карактер на тој одреден бог, единствено врз таа можност дека неможе да се докаже непостоењето на бог, и тоа автоматски станува аргумент дека тој постои.
Па така доаѓаме до апсурдни и смешни ситуации, каде не само што не се исклучува можноста бог да постои, туку таа можност е земена како најголемиот аргумент и доказ. Од таа можност, потпомогната од очајната потреба да се постои вечно и стравот да не се биде казнет, се родени сите антропоморфни богови, кој не се ништо друго освен верна копија на човечката суета и опседнатост за моќ.
Само луд човек не би имал очајна потреба.
Би рекол дека е ултимативното лудило.
Подобро земи пиштол и упукај се во глава со надеж
дека ќе се родиш негде посреќен.
Мене не ми е јасно како може да се гледа на ова
како на нормална работа......ова не е лудило бе ова е беснило.
 
Поимањето на Бога е многу покомплексно одошто ти сакаш (и реално можеш) да го прикажеш. Твоите тези се симплистички и редукционистички, и, што е многу интересно, неверојатно агресивни кон ентитетот Бог (во кого не веруваш). Да се сведе верата на сите луѓе на очај е, се разбира, твоја претпоставка. Суровиот и одмазднички бог кој ти на стотици страни се обидуваш да го прикажеш е некоја твоја симплистичка перцепција. Уживај и понатаму во неа.
 
Ipsissimus

P.I.
Член од
23 јули 2010
Мислења
15.582
Поени од реакции
12.949
Само луд човек не би имал очајна потреба.
Би рекол дека е ултимативното лудило.
Подобро земи пиштол и упукај се во глава со надеж
дека ќе се родиш негде посреќен.
Мене не ми е јасно како може да се гледа на ова
како на нормална работа......ова не е лудило бе ова е беснило.
:pos: Ако однапред одлучиш дека нешто МОРА да биде како што ти сакаш, на кој начин тоа за тебе не е лудило? За тебе тоа е нормална работа? Дека тоа што тебе ти одговара, дека само тоа МОРА да биде вистината?
Ти си престрашен длабоко во тебе од можноста дека еден ден ќе те снема, и таа можност ја сметаш за илузија, зло, бесмислица, лудило и беснило. И згора на тоа, на оние што ќе те потсетат на таа можност им порачуваш дека треба да си пукаат со пиштол во глава.
Поимањето на Бога е многу покомплексно одошто ти сакаш (и реално можеш) да го прикажеш. Твоите тези се симплистички и редукционистички, и, што е многу интересно, неверојатно агресивни кон ентитетот Бог (во кого не веруваш). Да се сведе верата на сите луѓе на очај е, се разбира, твоја претпоставка. Суровиот и одмазднички бог кој ти на стотици страни се обидуваш да го прикажеш е некоја твоја симплистичка перцепција. Уживај и понатаму во неа.
Колку реално јас можам нешто да прикажам, сватам и контемплирам, ти неможеш да знаеш.
Моите агресивни тези се однесуваат кон идејата за таков бог. Зошто - веќе објаснив.
И јас во никој случај не ја сведов вербата кај сите луѓе на очај, туку на оние кај кој верата е инспирирана од стравот и очајната надеж да постојат засекогаш и по секоја цена.
 
Bodhidharma

Avatara
Член од
17 септември 2011
Мислења
10.783
Поени од реакции
15.399
:pos: Ако однапред одлучиш дека нешто МОРА да биде како што ти сакаш, на кој начин тоа за тебе не е лудило? За тебе тоа е нормална работа? Дека тоа што тебе ти одговара, дека само тоа МОРА да биде вистината?
Ти си престрашен длабоко во тебе од можноста дека еден ден ќе те снема, и таа можност ја сметаш за илузија, зло, бесмислица, лудило и беснило. И згора на тоа, на оние што ќе те потсетат на таа можност им порачуваш дека треба да си пукаат со пиштол во глава.
Колку само ти знаеш да ги испревртиш работите. :pos:
Тоа е одлика на децата, убаво е тоа...ама што после?
Знаеш кои луѓе се луди?
Оние кои не се плашат од лудилото.
Знаеш кои луѓе се умрени?
 
Член од
4 мај 2009
Мислења
2.476
Поени од реакции
5.545
Колку реално јас можам нешто да прикажам, сватам и контемплирам, ти неможеш да знаеш. Моите агресивни тези се однесуваат кон идејата за таков бог. Зошто - веќе објаснив.
И јас во никој случај не ја сведов вербата кај сите луѓе на очај, туку на оние кај кој верата е инспирирана од стравот и очајната надеж да постојат засекогаш и по секоја цена.
Не се работи за приказ на нешто, се работи за поимање на омнипотентен Бог. Твоите постови укажувааат на перцепција за Бог која е симплистичка, редукционистичка и схизофренички агресивна борба со (за тебе) замислен противник. ;)
 
Ipsissimus

P.I.
Член од
23 јули 2010
Мислења
15.582
Поени од реакции
12.949
Колку само ти знаеш да ги испревртиш работите. :pos:
Тоа е одлика на децата, убаво е тоа...ама што после?
Знаеш кои луѓе се луди?
Оние кои не се плашат од лудилото.
Знаеш кои луѓе се умрени?
Секогаш кога ќе се почуствуваш загрозен и разодкриен, почнуваш со лични квалификации и препукувања. А ако се потрудиш малку повеќе, ќе видиш дека најочигледната одлика на децата е таа.
Се додека непристрасно непогледнеш во очи на сите можности, и не ги преферираш само оние кој тебе најмногу ти одговараат, ќе бидеш заробеник на некоја сопствена догма.
Не се работи за приказ на нешто, се работи за поимање на омнипотентен Бог. Твоите постови укажувааат на перцепција за Бог која е симплистичка, редукционистичка и схизофренички агресивна борба со (за тебе) замислен противник. ;)
Мојата перцепција за бог е пантеистичка и нема никаква врска со библиската. Мојот противник не е воопшто замислен, тој е институционализираната религија, која пласирајќи ја идеата за љубоморен, суетен и одмазнички бог, манипулира со стравовите, надежите и очајот на луѓето кој се спремни да проголтаат било каква вистина за да бидат "спасени".
 
Bodhidharma

Avatara
Член од
17 септември 2011
Мислења
10.783
Поени од реакции
15.399
Оние кои не се плашат од смртта? :vozbud:
Teшко е за разбирање :)
Уствари бара да си жив за да го разбереш.
У состојба на зомби......тешко.
--- надополнето: Nov 26, 2011 12:34 PM ---
Секогаш кога ќе се почуствуваш загрозен и разодкриен, почнуваш со лични квалификации и препукувања. А ако се потрудиш малку повеќе, ќе видиш дека најочигледната одлика на децата е таа.
Се додека за непристрасно непогледнеш во очи на сите можности, и не ги преферираш само оние кој тебе најмногу ти одговараат, ќе бидеш заробеник на некоја сопствена догма.
:pos: - ова ли беше препукување?
Те заболе ли смајлито?
:pos:
 
Член од
21 август 2011
Мислења
5.064
Поени од реакции
5.665
Колку само ти знаеш да ги испревртиш работите. :pos:
Тоа е одлика на децата, убаво е тоа...ама што после?
Знаеш кои луѓе се луди?
Оние кои не се плашат од лудилото.
Знаеш кои луѓе се умрени?
Jaс не се плашам, дали тоа значи дека сум луд и умрен ? :D
 
Kajgana Shop

На врв Bottom