Излегување посебно

  • Креатор на темата Креатор на темата Fortune
  • Време на започнување Време на започнување
Многу нормално дека ќе има излегувања посебно-ако сме заедно тоа не значи дека све останато пропаѓа и дека јас нема да се гледам со моите другари и другарки и таа со нејзините!!!И секако дека мислам каде е и со кого ама не претерано!
 
100% мислам дека треба да се излегува посебно па не сме маж и жена нон стоп заедно !!!
И јас си имам другари и сакам да излезам со нив и таа си има другарки и таа исто така сака да се види со другарките
петок заедно а сабота јас су друштво и таа со друштво
така си практикуваме
 
Колку имате разбирање околу тоа што партнерот сака да излезе и со другарите/другарките? Дали ви пречи тоа? Дали и покрај тоа што имате доверба во него/нејзе, би ве јадела јанѕа што би правел/а ако е без вас?
Дали "случајно" би отишле на местото кај што е излезен/а, колку да проверите како се однесува без вас? Дали скришно би посматрале што прави?
:icon_lol:

Не, дефинтивно не би одела да го шпионирам или да гледам што прави,едноставно имам доверба во него и не ни помислувам да го проверувам.
Наредниот ден можеби ќе го прашам каде бил,како си поминал,но да вршам испрашување ,не би.
 
Не дека е забрането да се излегва посебно, ама неаме таква навика да излегваме посебно навечер. Ретко се дешава таква работа. Си иаме едно правило, дека цел ден можиме да го поминваме со друштвото, а вечерта е резервирана за нас. Нормално имало такви деној кога сме излегле посебно, ама не се многу чести.
Иначе потполно го сфаќам то дека сака тој да биди со другарите и јас со другарките. И да, би се думала кај е, како е, шо прај, со кој е излезен.
И не, не би отишла да одам да го проверам оти е најглупа работа. И на крај краева, мала е Битолата, ако напрајл нешто шо не треба, одма ќе дознам.(А не вервам да напрај).
 
Нема ништо лошо ако излегуваме посебно,не ми смета воопшто ако дечко ми излезе со другарите,ниту тој ми прави проблем коа сакам да излезам со другарки....мора така инаку би било досадно ако сме постојано заедно,треба да се има слобода
а за тоа дали ќе го мислам ...ќе се јавам да прашам со кого е излезен,каде е и слично ама да го следам никако
 
Неретко излегуваме еден без друг, кога другиот не може/не сака да излегува, ама и двајцата со истото друштво пошто ни е заедничко. Во секаква комбинација и секогаш, партнерот може да дојде со мене ако сака, или покасно да се премисли и да се јави и дојде (а исто и јас со него). Добро де, со исклучок на момачки/девојачки вечери :)

Ако не ми каже кај биле шо правеле, знам да прашам, чисто информативно за да знам што сум пропуштила ..
 
Партнерот сигурно имал некаков живот пред нас..си имал друштво,не можам јас на некој да му забранам слобода на излегвање. Доколку партнерот има граница некоја во излегвањето во ред е да си излези со другарите,не можи цело внимание на светот да ни биди посветено од страна на партнерот. едно машко не можи да си замисли живот без другарите,ние женските(појќето) се откажваме од се заради дечко..
Ама ако имаш доверба во партнерот нека си излези со другарите,ако немаш доверба поарно не влегвај во врска или скарај се отколку да вршиш притисок на кој немаш право. Забранвањето според мен е командување,јас нема шанса да си дозволам дечкото да ми забрани да се видам или излезам со другарките.
А уште помалку би отишла на место кај што е тој со другарите. И тој си има право на слобода.Поголеми се шансите да напрај нешто ако нема слобода отколку ако го ограничваш
 
паа не знам баш за посебни излегувања бидејки сме у исто друштво...а така сепак понекогаш си излева со машкото друштво а ја со женското... иначе не му бранам да не излегфува ..нека се сете али памет у глава...
 
Секој маж сака да излезе и посебно со друштво, без партнерката. Исто како што кога имаш редовен секс, некогаш сакаш да си го издркаш. Мора да постојат посебни излегувања дури и во брак, а не па во врска. И секако глупаво е кога на нив се гледа како шанса за неверство...
 
Секој маж сака да излезе и посебно со друштво, без партнерката. Исто како што кога имаш редовен секс, некогаш сакаш да си го издркаш. Мора да постојат посебни излегувања дури и во брак, а не па во врска. И секако глупаво е кога на нив се гледа како шанса за неверство...

Реално гледано, излегувањето без партнерот е шанса да неверство, исто ко што се службените патишта и останувањата на работа до касно. Дали ќе гледаш на нив така зависи од партнерот и довербата што ја имаш кон него.
 
Реално гледано, излегувањето без партнерот е шанса за неверство.

Индивидуална работа. За некого и одењето на работа е шанса за неверство, возењето во автобус, интернетот итн. Еден куп примери знам и никој од нив не излегува во град со друштво. За некого и излегувањето во диско до 4 не е шанса. Се е до желбата и потребите да се направи тоа.


исто ко што се службените патишта и останувањата на работа до касно

Може жена ти да е домаќинка, да не оди на работа, на патувања, да не излегува навечер со другарки, а да се плеска на големо. И обратно. Затоа мислам дека е глупаво да ги поврзуваме работите.
bk.gif
 
Секој има и свој приватен живот...моите другари не би ги заменил и нивното друштво за некој каприц да задоволувам,има моменти кога е цело друштво собрано така да ја убацуваш твојата девојка и не е бекое добро решение,си има излегување само со девјката,само со другарите и на крај цело друштво собрани
 
Секако дека помило би ми било ако излезе со мене отколку со другарите, но сигурно нема да му забранам да излегува со нив и постојано да биде со мене... не е фер.
Се додека има граница помеѓу “вечер со другари“ и “те одјебувам тебе за да бидам со другарите И денес“ е ОК.

А да одам да го следам... нема шанси толку ниско да паднам. Ќе пратам некој кој ќе го следи наместо мене.:pos: :pos: :pos: ( се шалам нормално за следењево ). Не, не би изигравала инспектор, доволно имам доверба во него.
 
Ретко кога излегуваме посебно али сепак мене тоа не ми пречи, имам доверба во партнерката. Ако сака да си искочи со другарките јас најмалку можам да и забранам. А за да ја следам или такви некои глупости, нема шанса...не се спуштам толку ниско...
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom