Се одлучив да купувам конвектор т.е панел за греење. Имам неколку дилеми, па ако има некој инфомрација нека каже.
Сакам да купам конвекор од марката АЕГ (ако има некој искуство со оваа марка слободно нека пише), само што како што пребарував по нетов, во ск само во Римеко најдов дека држат, и има од куманово некоја продавница за бела техника култ каде што и цените беа поефтини.
Дали знаете дали има некој кој е дистрибутер или од кај може да се најде конвектор од оваа фирма.
Второто прашање ми е , со колкава јачина да земам. Дневната ми е околу 16м2, ама сакам и во кујна да греам која ми е околу 14 м2, а двете се поврзани со шибер врата.
Дали да земам една 3kW за целиот тој простор, или во двете простории да си земам 1,5 или 2 kW.
Одбнапред благодарам на помошта.[/quote]
За дневната земи 2, а за кујната 1,5KW (логично кујната не ја користиш нон-стоп).... така приближно еднакво ќе се затоплуваат просториите, дури и при услов да е постојано отворена шибер вратата. Со една тројка, па дури и четворка да е (иако не се произведуваат!
) ни приближно не ќе можеш да го постигнеш истиот ефект.... И сето тоа САМО под услов ако имаш добра или солидна изолација на просторот.... во спротивно, сметките за струја ќе ти бидат енормно високи, а греењето нема да биде така квалитетно како што би било кога би имал изолација и нова столарија надворешна со т-пан, а внатрешна што ‘‘дихтовет‘‘ .....