Кога ќе влезам на темава и кога ќе видам дека има потенцијал да се дискутира надвор од вечната "to шкендија or not to шкендија" дискусија, ми доаѓа да скокам од среќа.
Ништо лично, не сметајте го ова за провокација, ама освежување е кога за момент се продискутира за некој друг клуб, сепак темава е Македонско фудбалско првенство.
И мене ме интересираат овие работи.
Што се случува со Работнички?
Што се случува со Тетекс? Дебакл во Кратово... Што се случува со останатите? Дали наредното коло мечот меѓу Вардар и Охрид ќе се игра на Градски? До кај е работата таму? Ако не, на кој стадион?
Вардар-Охрид ќе се игра во Ѓорче. Вардар и Работнички нема да можат да играт на Градски до пролетниот дел, а можеби и за првите две-три утакмици од пролет ако не се заврши санацијата до март како што е предвидено.
Тетекс.... Работите во Тетекс не се баш најсјајни. Ги отпуштија двајцата можеби и најдобри играчи, Клечкаровски и Брњарчевски. Зошто? Затоа што несакале повеќе да местат утакмици. Изгледа со поголемиот дел од екипите си го имаат 3 за 3 (или појасно, и двете екипи ги пуштаат гостинските мечеви).
Тетекс има подобра екипа од неколку прволигаши, ама голем дел од мечевите им се наместени па неможе да се види нивниот квалитет. Доволно е да се каже дека изиграа 0-0 со Вардар, ја тепаа Шкендија 2-0, и несреќно изгубија од Металург.
Работнички има јака екипа, во поглед на останативе прволигаши. Прашање на време е кога ќе им се врати на победите. Мислам дека уште денес ќе се случи тоа. Бар јас така се надевам за дополнително да им избегаме на Металург
Ѓоре ќе ги среди, не е глуп како кретенот Чунга-Лунга....
--- надополнето: Nov 23, 2011 9:59 AM ---
a кога ќе се игра задутре ?
Нема веќе мечеви во Струга. 11 Октомври беа казнети 6 меча надвор од Прилеп па затоа играа во Струга. Ама казната им заврши.