Панкот не е мртов

Јас сум од Титов Велес немав прилика да го видам. Ама овој имав и апсолутно ме разочара.
Океј, за глумците нема да се осмелам да дискутирам, покажани и докажани, одлична глума сите до еден.
Ама филмот не е само за глумците бе. Камо сценарио? Камо приказна? Катастрофа пак ќе речам.
 
Секоја чест, катастрофа невидена.. до кога со филмови на кои личиме на бедотија невидена..
 
Многу сивило, цицки и бетон у филмов бе?
 
Го изгледав и што да кажам не сум воодушевена, очекував нешто повеќе. Многу сцени ми беа некако безвезе, плиток хумор, можело е да има побогата содржина.
 
Го изгледав и што да кажам не сум воодушевена, очекував нешто повеќе. Многу сцени ми беа некако безвезе, плиток хумор, можело е да има побогата содржина.
Ако ти е за такви работи чекај да се сними хипстерски филм. Со панкери толку :)
 
Она што сум го забележала кај македонските филмови е дека имаат добар почеток, почнуваат да ја развиваат приказната и се заплеткуваат у тој процес и крајот скоро секогаш е огромен промашај.

И навистина нема потреба од постојано да има експлицитни секс сцени.

А глумата скоро секогаш е одлична. Имаме супер талентирани актери и актерки.
 
Ептен дека е македонски е ок, инаку мене воопшто не ми се допаѓа. Не сакам таков јазик во нашите филмови, едноставно смачено ми е да не претставуваат како некултурен народ - не дека не сме, ама до толку?
 
„Панкот не е мртов“ освои награда на филмскиот фестивал во Германија

Филмот „Панкот не е мртов“ ја освои наградата „Дијалог за меѓукултурни комуникации“ на 21. Интернационален филмски фестивал во Котбус, Германија, што се одржа од 1 до 6 ноември годинава.
Наградата за „Панкот не мртов“, кој е годинашен македонски кандидат за Оскар, ја обезбеди германското Министерството за надворешни работи на Германија.
„Панкот не е мртов“ по сценарио и режија на Владимир Блажевски, претходно, беше награден и на Фестивалот на медитерански филм што се одржа од 12-ти до 16-ти октомври годинава во Копер, Словенија.
Филмот доби награда на 46. Филмски фестивал во Карлови Вари во Чешка за најдобар филм во програмата „Исток на Западот“, во која се натпреваруваа уште 11 филмови.
За улогата на Мирса во „Панкот не е мртов“, македонскиот актер Јордан Симонов ја доби наградата „Златна мимоза“ на Филмскиот фестивал во Херцег Нови.
„Панкот не е мртов“ ја освои специјалната награда од жирито на третото издание на интернационалниот филмскиот фестивал „ПриФилмФест“ во Приштина.
http://www.sitel.com.mk/dnevnik/mak...oi-nagrada-na-filmskiot-festival-vo-germanija
 
Конечно го гледав, без никакви предзнаења и очекувања.
Нема поента да се жалат луѓе дека јазикот бил ваков, хуморот онаков и лоши ствари се праеле, коа ова не е измислена приказна со однапред фиксирана таргет група, ова е реалност.
Sheer reality. Nothin more, nothin less.

Е не сум експерт, али ко гледач ме напна што на моменти имаше јасен континуитет а на моменти груба неповрзаност, и нарацијата бар на почетокот звучеше мнооогу неприродно.

Не ми значи многу како некое филмско остварување со посебен квалитет, но го бендисав ко реален и убаво зготвен апла-приказ.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom