До 2021 година Балканот ќе биде дел од Соединетите Eвропски Држави!?

Solid

Зона на самракот
Член од
26 август 2007
Мислења
7.176
Поени од реакции
4.133
Супер.Да и воведеме визи на Британија и да ги тераме да играат оро пред амбасада ако сакаат виза.
 
karan

бивш поет, плукач, вљубеник во слободата
Член од
31 мај 2006
Мислења
3.595
Поени од реакции
2.720
Гледано хронолошки никогаш во историјата вакви обемни разместувања и прегрупирања на геополитичката карта не се случувале без присуство на притисок од надворешен фактор или екстремни општествени, климатски, економски, културолошки промени.. Ако во моментов климатските и економските проблеми (а како последица на тоа отежнатиот пристап до ефтини ресурси) присутни пред се кај Западот можат да се толкуваат како таков фактор тогаш нелогично е како дезинтеграцијата би им помогнала на овие земји полесно да се насочат кон новите центри на моќ и економска активност.
Особено овие од УК можат да гракаат колку им душа сака, но никогаш нема да излезат од ЕУ.
Инаку блоковската поделба (макар била од типот на континентални сојузи) во светот ќе биде добра основа за следна светска војна.
У секој случај "врло занимљиво".
 
Bibo

Модератор
Член од
9 април 2006
Мислења
4.150
Поени од реакции
4.036
И?
Добро бе пичка му матер ќе се надрогова некој си со титула професор и одма сериозно се сваќа човекот.
Не да нема врска глупост невидена па уште има некој сериозно мислат дека чим има титула професор глупоста негова е паметно нешто.
Комплетно се сложувам со постов. Мислам дека е стварно жалосно што некои од вас се толку очајни да се замараат со вакви ствари и предвидувања па и ги објавуваат тука...
 
Fringe

Скитник низ паралелни светови
Член од
24 септември 2011
Мислења
7.898
Поени од реакции
3.006
Па нели грција прва ќе излезе од еу.Абе ај сиктер од тука.Секој се прави професор и предвидува,кажува и пишува што ќе му дојде у тиквата.Американците се најголеми предвидувачи ама никако да кажат дека Америка до 2015 ќе се распадне.Ако е така јас кажувам дека во Македонија на 01-01-2013 ке си честитаме нова година во нејзините историски граници од Александар Македонски.
 
Член од
13 декември 2009
Мислења
1.307
Поени од реакции
647
Ова ќе биде пред или послем контактите со вонземјани кои ќе се случат 2016? И на какви дроги е типот што го пишувал ова, кога една од најслабите економии во ЕУ ја има Британија, која тој ја опишува како некаков рај на земјата.
 
argenthessis

Highflyer
Член од
9 јуни 2011
Мислења
1.619
Поени од реакции
2.140

Што се чудиш?

Нијал Фергусон ти е нешто како британска верзија на Никовски, британски патриот и десничар до трагикомични пропорции.

Истиов овај човек тврди, бај д веј, дека би било подобро Британија да не влезела во првата светска војна, односно цела континентална Европа требало да и ја препушти на Германија. :tapp:
 
Член од
24 март 2010
Мислења
15.333
Поени од реакции
26.291
Нијал Фергусон ти е нешто како британска верзија на Никовски, британски патриот и десничар до трагикомични пропорции.
Никовски десничар?

Инаку теоријава е многу веројатна на подолг рок. Најверојатно ќе има едно вакво ново, овојпат културолошко групирање. Само мислам дека директното влијание на Германија ќе завршува со Хрватска на Балканов. Надоле ќе дејствува со тајни служби и подместувања, како и секогаш досега, а „проклетиов“ дел од Балканот би бил под контрола на Турција. Дејствувањето на САД во однос на прашањето за името потврдува дека вакво прегрупирање е можно.
 
argenthessis

Highflyer
Член од
9 јуни 2011
Мислења
1.619
Поени од реакции
2.140
Никовски десничар?

Инаку теоријава е многу веројатна на подолг рок. Најверојатно ќе има едно вакво ново, овојпат културолошко групирање. Само мислам дека директното влијание на Германија ќе завршува со Хрватска на Балканов. Надоле ќе дејствува со тајни служби и подместувања, како и секогаш досега, а „проклетиов“ дел од Балканот би бил под контрола на Турција. Дејствувањето на САД во однос на прашањето за името потврдува дека вакво прегрупирање е можно.
Мислам на Ристо Никовски и да ако вика дека Фуере и Рикер треба да си заминат што побргу, за мене десничар е невиден. Пред некој ден изјави дека имало светски заговор против Македонија, абе бетер од Миленко ќе стане човеков.
 
Член од
24 март 2010
Мислења
15.333
Поени од реакции
26.291
Мислам на Ристо Никовски и да ако вика дека Фуере и Рикер треба да си заминат што побргу, за мене десничар е невиден.
Никовски е левичар по убедување, комунист поточно. Незнам како ставот за работата на некои амбасадори го открива идеолошкото убедување на некој човек.
 
argenthessis

Highflyer
Член од
9 јуни 2011
Мислења
1.619
Поени од реакции
2.140
Никовски е левичар по убедување, комунист поточно. Незнам како ставот за работата на некои амбасадори го открива идеолошкото убедување на некој човек.
Да, и Ахмети е номинално левичар знаеш?

Па ДОМ се зелени, па Лубчо е номинално десничар, па Ѕинго номинално е социјалист, а има свое кралство во Кратово...

Чиста ситуација ко солза...
 
Kajgana Shop

На врв Bottom