До 2021 година Балканот ќе биде дел од Соединетите Eвропски Држави!?

Член од
20 септември 2008
Мислења
12.774
Поени од реакции
9.903
Балканските земји во 2021 година ќе бидат членки на Соединетите Европски Држави (СЕД), политички блок што ќе се создаде во Европа по истапувањето на Велика Британија и скандинавските држави од Европската Унија, оценува професорот од американскиот Универзитет „Харвард“, Најал Фергусон во текстот објавен во весникот „Волстрит Џурнал“.


Фергусон оценува дека десет години по големата глобална економска криза Европа ќе изгледа многу поразлично од денес. Според него, во 2021 година Европа ќе биде поделена на четири блока - Русија, Велика Британија, Нордиска Лига и Соединети Европски Држави.
Велика Британија ќе ја напушти сегашната ЕУ откако за десет години, на почетокот на својот четврти мандат, британскиот премеир Дејвид Камерон ќе попушти пред притисоците на евроскептиците во својата Конзервативна партија и ќе распише референдум на кој Британците со речиси двотретинско мнозинство ќе се изјаснат за излез на земјата од европскиот блок, смета Фергусон.
Американскиот професор оценува дека по британскиот пат ќе тргнат и скандинавските земи. кои и онака имаат воздржан став кон плановите за спас на земјите од еврозоната кои се соочуваат со должничка криза.
По успехот на популистите на изборите во Финска, Шведска и Данска ќе го одбијат германскиот предлог за заедичко спасување на економиите од Јужна Европа погодени од кризата и ќе ја напуштат Европската унија. Набрзо потоа Шветска, Данска, Финска и Исланд ќе формираат нов блок наречен Нордиска Лига, кон кој ќе се приклучи и Норвешка, предвидува Фергусон.
Тој оценува дека и Германија, која според него ќе има доминантна улога во СЕД, ќе се соочи со големи потреси на политичката сцена, кои ќе започнат уште во 2013 година со пораз на актуелната канцеларка Ангела Меркел на парламентарните избори.
Новата социјалдемократска Влада на Берлин ќе продолжи со политиката за натамошно проширување на ЕУ и веќе во 2014 година ќе успее да убеди 21 од сегашните членки на Унијата да формираат нов блок наречен Соединети Европски Држави, кој ќе биде под директен германски патронат, смета американски универзитетски професор.
Тој оценува дека новиот европски блок, чие седиште ќе се премести од Брисел во Виена, до крајот на оваа деценија ќе брои 28 членки, бидејќи ќе ги прими и преостанатите држави од поранешна Југославија - Македонија, Босна и Херцеговина, Косово, Србија, Хрватска и Црна Гора. Конечната бројка на членките на СЕТ ќе достигне 29, како резултат на распадот на Белгија на Фландрија и Валонија, проценува Фергусон.
Американскиот професор меѓу останатото предвидува дека и покрај големите потреси еврото ќе преживее, како и дека Германија ќе иницира идеја за оддржување на нова конференција на Јалта, на која Источна Европа би била поделена на руска и на европска, однсоно германска, зона на влијание.


извор
 

bucio

Урбан индијанец.
Член од
8 јули 2008
Мислења
16.330
Поени од реакции
7.799
И?
Добро бе пичка му матер ќе се надрогова некој си со титула професор и одма сериозно се сваќа човекот.
Не да нема врска глупост невидена па уште има некој сериозно мислат дека чим има титула професор глупоста негова е паметно нешто.
 
Член од
5 јуни 2008
Мислења
3.632
Поени од реакции
5.724
Велика Британија ќе ја напушти сегашната ЕУ откако за десет години, на почетокот на својот четврти мандат, британскиот премеир Дејвид Камерон ќе попушти пред притисоците на евроскептиците во својата Конзервативна партија и ќе распише референдум на кој Британците со речиси двотретинско мнозинство ќе се изјаснат за излез на земјата од европскиот блок, смета Фергусон.

Аман бе, овој некој конзервативец... :)
 
S

Sagan

Гостин
Колку е без врска, толку е и точно. Наизглед економски, а во суштина -безбедносни окрупнувања, се случуваат на сите континенти. Африканска унија, Европска унија, Северно-американска унија, Евроазиска унија, Централноазиска унија, Јужноазиска унија...

Мамката е да се создаде перцепција од економски бенефиции со членството во некоја од нив, но реалната цел на нивните основачи е окрупнување и обединување на војските и полициите и создавање единствен воено-безбедносен систем, како преодна фаза во создавањето на светска влада, каде неколкумина ќе управуваат со светот.

Европа води во овој процес, бидејќи, создадена како економска заедница, прерасна во федерација (со Устав прикриен под името Лисабонски договор), и е во забрзан процес на укрупнување на полициите и војските.
 
Член од
19 март 2011
Мислења
18.984
Поени од реакции
40.199
Всушност, теоријата не е толку забегана колку што делува на прв поглед. Брианците ќе си прават на Енглези, како што отсекогаш правеле, Нордиските држави културно, историски, географски и вредносно се насочени една кон друга. Само не ми е јасно што ќе прави Германија заедно со циганите од Шпанија, Португалија, Италија, Грција, и со бандата од Балканот...
 
S

Sagan

Гостин
Сериозно ја сваќам темава ама морам...а вонземјани нема ли да дојдат до тогаш?
За помалку од 100 години, Земјата ќе биде толку исцрпена од ресурси и толку уништена, што единствен спас за човештвото ќе е иселување и колонизирање на други планети. Мисии за овој процес веќе се почнати, мултимилијардери веќе ги финансираат за да им обезбедат сигурен лет на своите потомци. Оваа светска влада, која се формира, на крај ќе решава кој ќе замине и ќе преживее, а кој ќе умре, тука на Земјата.
 

Ѓорче 1932

тој сум...
Член од
17 февруари 2009
Мислења
13.564
Поени од реакции
11.577
За помалку од 100 години, Земјата ќе биде толку исцрпена од ресурси и толку уништена, што единствен спас за човештвото ќе е иселување и колонизирање на други планети. Мисии за овој процес веќе се почнати, мултимилијардери веќе финансираат мисии за да им обезбедат сигурен лет на своите потомци. Оваа светска влада, која се формира, на крај ќе решава кој ќе замине и ќе преживее, а кој ќе умре, тука на Земјата.
За ова морам да се сложам,Земјата и веќе е доста исцрпена од американците со нафтата,бушат кај стигнат,тепаат кај стигнат,небаре на светот постојат само тие и никој друг.
Тоа бушењето ја “вознемирува“ земјата,ги поместува тектонските плочи и се почесто и почесто има природни непогоди низ цел свет,а сепак највеќе го кркаат самите американци со торнадата,цунамите,земјотресите и што ти не.
Но дека ќе се оди на други планети за живот,не верувам,до тогаш земјава ќе ја снема како што почнал половина свет со бунтови,војни,револуции и секако се тоа е потпомогнато од американците.
Ова е нешто во стил како филмот 2012,ама во подалечно време :icon_lol:
 

Рудници и

ООЗТ Рудници и железарница - Скопје
Член од
9 декември 2009
Мислења
12.180
Поени од реакции
18.255
Aко влезат пред нас Јужниве ќе ја пропаднат и СЕД, а ќе не спасат и нас со неизбежното вето :pos:
 

Jack Nolan

Сите сме луѓе, но ретко кој е човек!
Член од
31 јули 2011
Мислења
1.587
Поени од реакции
1.506
Баба Ванѓа го предвиде ова ? А иначе не е лоша идеја би било добро да е така.
 
Член од
5 јануари 2008
Мислења
2.806
Поени од реакции
3.062
нострадамус ебате, ништо неможе да се предвиди овој се надувал изгледа па решил да трипа, а ние ќе го слушаме
 

Ljupco Meljata

AJFON ILI ANDROID you choose
Член од
11 ноември 2007
Мислења
1.726
Поени од реакции
475
Шо сака нека биде само Балканот да си биде во ред има тука добар живот па може и некое германче тука да го ставиме да работи у Администрација ќе видиме некој аир.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom