Абе вака потсеќаш ко американските тинејџери коа ќе договорат состанок со некоја девојка, па типот од под маса го вади ливчето со совети напишани од другар му, и механички и вика:
-Здравооо....как...како...*не се чита убаво* ...како си?
И девојката вика, супер сум ти како си:
(Чекај бе во ливчето нема напишано како можен одговор,што да кажам сеа.., па иде до веце ѕвони на телефон...)
Никогаш апсолутно никогаш, не фаќа “механичко“ пуштање на девојка, а тоа се подразбира, копирање туѓи фрази, туѓи муабети, барање совети, лажење,изиграње нешто што не си.
Едноставно говорот на телото ќе те издај оти не си ти тој, туку глумиш нешто без разлика колку е очигледно тоа што го кажуваш.
Кај секој успешен љубовник, пали шармот, и опуштеноста, а сето то е резултат на недавање емотивно значење на работите.