Мислам значи постојам

Мислам значи постојам

  • Да

    Гласови: 23 54,8%
  • Не

    Гласови: 19 45,2%

  • Вкупно гласачи
    42
Член од
19 март 2011
Мислења
18.984
Поени од реакции
40.199
Еве веќе третпат тогаш: дизајнирај експеримент со кој ќе ми покажеш дека постои проблем.
Се обидуваш нешто што е примарно, како што е свеста, да го сведеш на нешто што е секундарно, како науката која е прозивод, да не речам копиле, на истата таа свест, и за тоа бараш експеримент?

Хмм...
 
Член од
1 јули 2009
Мислења
299
Поени од реакции
343
Се обидуваш нешто што е примарно, како што е свеста, да го сведеш на нешто што е секундарно, како науката која е прозивод, да не речам копиле, на истата таа свест, и за тоа бараш експеримент?

Хмм...
Ако е тоа што го тврдиш вистина, тогаш истото можеш да го кажеш за односот свест-научен експеримент од било кој вид, не само оној кој би ја детектирал свеста. Оттука пак ја шутираш науката на отпад.
На крајот на краиштата, ако го негираш објективниот идеализам, не ни можеш да го поставиш прашањето за собата и масата, бидејќи основна премиса на која се базира постулирањето на прашањето е постоење на соба и маса во платоновска смисла. Како и да ја свртиш, твојата позиција е неконзистетна.
 
Член од
19 март 2011
Мислења
18.984
Поени од реакции
40.199
Како и да ја свртиш, твојата позиција е неконзистетна.
Не гледам неконзистентност. Мојата позиција е едноставна. Нашето свесно искуство е примарно, во некоја рака тоа е се, тоа сме ние. Тврдењето на некои надрифилозофи дека свеста не постои, поткрепено со функционалистички бладања ги сметам како симптом на очај заради немоќта да ја сведат свеста на нешто побазично, немоќ да го сведат умот на мозок. Тоа не им успева, ниту преку теориите на идентитетот, ниту преку супервиниенцијата. Исто и книгата на Чалмерс ја сметам за симптом на очај, преку експлицитното прифаќање на некоја врста на дуализам.

Целиот проблем настанува кога се обидуваат свеста, која е примарна да ја сведат на својот производ, природните науки. Концептите кои се користат во науките се дериватни во однос на свеста. Поимот на материјата на пример, е прагматски изум, нешто што ни помага да ги средуваме појавите на нашето свесно искуство. Самата гносеологија на која се потпираат науките, поделбата на спознавачки субјект, и спознаен објект е исто така понов изум, карактеристичен за светот во времето на сликите, како би кажал Хајдегер.

Не постои спознавачки субјект независен од спознаениот објект, туку постои само свеста како производ на судирот на два ентитети за кои што се што можеме да кажеме е дека постојат. Вистинитосните вредности на исказите на таа свест се секогаш релативни, ограничени од перцептивните, појмовните и јазичните можности на врстата...

И доста со тоа отфрлањето на науките, никаква наука јас не отфрлам, само и го покажувам нејзиното вистинско место. Она што нас ни е потребно е некоја наднаука, како што беше проектот на Хусерл и Мерло Понти, проект што го продолжи Хајдегер, и проект кој за жал, наместо да заврши со екстремна феноменолошка анализа, заврши со Француските шарлатани...
 
Bodhidharma

Avatara
Член од
17 септември 2011
Мислења
10.783
Поени од реакции
15.399
Умот(доколку некој го има :)) не е во главата, туку
главата е во умот.
Аlan Watts
 
Член од
21 ноември 2011
Мислења
6
Поени од реакции
1
Ne postoi "prazen um",bidejki ne mozeme da go sopreme postojaniot prozes na misli, mozeme samo da gi kontrolirame, a toa se postignuva so meditacija. Inace mislam deka avtorot saka da kaze dali ne e greska da se identifikuvame so umot, i deka naseto postoenje ne e samo vo mislite,i deka na odreden stepen na razvoj kaj covekot mislite prestavuvaat problem.

--- надополнето ---

MISLAM-ZNACI POSTOJAM -apsolutna,gresna, zapadna vistina (NEVISTINA)
vo sekoj slucaj mora da postois za da zapocnes nekoe mislenje
 
Bodhidharma

Avatara
Член од
17 септември 2011
Мислења
10.783
Поени од реакции
15.399
Тврдењето на некои надрифилозофи дека свеста не постои, поткрепено со функционалистички бладања ги сметам како симптом на очај заради немоќта да ја сведат свеста на нешто побазично, немоќ да го сведат умот на мозок.

Се ми се чини дека истите и не можат да се пофалат со
свест, па истата ја сметаат за банална работа.
Друго објаснување нема, ама ајде...може ќе стане
некој од гроб.
 
K

Khabs Staadnau

Гостин
Еве еден прост пример кој треба да ја реши секоја дилема, барем се надевам.
Го спомнав прашањето "Ако дрво падне во шумата, и нема никој наоколу за да чуе, дали ќе се произведе звук?".
Имено, звукот се создава при вибрација на едно тело или при брза промена на воздушниот притисок. Па така, засечокот кој дрвото го прави низ воздушната маса предизвикува вибрации кај воздушните молекули кои вибрираат и сепак се создава звук.
Ова треба да ги расчисти сите дилеми околу реалноста.
 
Bodhidharma

Avatara
Член од
17 септември 2011
Мислења
10.783
Поени од реакции
15.399
Еве еден прост пример кој треба да ја реши секоја дилема, барем се надевам.
Го спомнав прашањето "Ако дрво падне во шумата, и нема никој наоколу за да чуе, дали ќе се произведе звук?".
Имено, звукот се создава при вибрација на едно тело или при брза промена на воздушниот притисок. Па така, засечокот кој дрвото го прави низ воздушната маса предизвикува вибрации кај воздушните молекули кои вибрираат и сепак се создава звук.
Ова треба да ги расчисти сите дилеми околу реалноста.
Не разбирам која дилема треба да ја расчисти.
 
Очигледно дека не ја разбираш поентата. Вибрации, тело, воздушен притисок, воздушни молекули, се се тоа конструкти на човечкиот ум. За некои ентитети со различен перцептивен и разумски апарат нема да има ни шума со дрва, а камо ли останатите чуда.
 
K

Khabs Staadnau

Гостин
Не разбирам која дилема треба да ја расчисти.
Дилемата дали постои материјален свет независно од нашите сетила.
--- надополнето: Nov 29, 2011 7:18 PM ---
Очигледно дека не ја разбираш поентата. Вибрации, тело, воздушен притисок, воздушни молекули, се се тоа конструкти на човечкиот ум. За некои ентитети со различен перцептивен и разумски апарат нема да има ни шума со дрва, а камо ли останатите чуда.
Бранови или честици, тоа се звуците и тие не се создадени од човечкиот ум. Човекот само именувал природен феномен кој се случува независно од него.
 
Член од
1 јули 2009
Мислења
299
Поени од реакции
343
Очигледно дека не ја разбираш поентата. Вибрации, тело, воздушен притисок, воздушни молекули, се се тоа конструкти на човечкиот ум. За некои ентитети со различен перцептивен и разумски апарат нема да има ни шума со дрва, а камо ли останатите чуда.
Со този тежок солипсизам не можеш да дадеш издржано мение како ќе се однесуваат "некои ентитети со различен перцептивен и разумски апарат".
 
Член од
19 март 2011
Мислења
18.984
Поени од реакции
40.199
Со този тежок солипсизам не можеш да дадеш издржано мение како ќе се однесуваат "некои ентитети со различен перцептивен и разумски апарат".
Ах, премудриот Ирски бискуп, еден од моите херои во филозофијата.

:)

Тој заговарал солипсизам на ниво на поединец, јас заговарам кокреација на ниво на врста. Постои огромна, принципиелна разлика помеѓу тие две гледишта, која ми дозволува да претпоставам дека другите врсти кокреираат друга стварност во согласност на нивниот перцептивен и разумски апарат...
 
Kajgana Shop

На врв Bottom