Мислам значи постојам

Мислам значи постојам

  • Да

    Гласови: 23 54,8%
  • Не

    Гласови: 19 45,2%

  • Вкупно гласачи
    42
Член од
1 јули 2009
Мислења
299
Поени од реакции
343
Јас веќе почнав да се чудам како не го коментираш овој мој пост.

:)

Се разбира дека го знаеш вицот за бихејвиористите, но за тие што не го знаат. Значи лежат двајца бихејвиористи во кревет после секс, и машкото му вели на женското, беше одлично за тебе, како беше за мене?

:)

Бихејвиоризмот е напуштено стојалиште, барем се надевам. Јас мислам дека и најортодоскните бихејвиористи кренаа раце од бихевјвиорзимот, и дека АПСОЛУТНО никој повеќе не верува дека немаме внатрешно доживување кое се разликува од нашето поведение, исто како што се разликува од нерво-физиолошкото дефинирање на истото. Реалноста не може да се дефинира само од нашето поведение спрема неа. Всушност, повторно и повторно се враќаме на основната поделба која ја направи Чалмерс, меѓу оние кои сметаат дека постои the hard problem of consciousness, и оние кои го тврдат спротивното.

За мене целата реалност е она што јас го доживувам, го искуствувам како такво, и скромно тврдам дека таа реалност истовремено е и мојот затвор од кој никогаш нема да излезам. Исто како што и лилјакот живее во својата реалност од која што никогаш нема да може да излезе, за да го види светот по себе. Само што лилјакот е во мала предност, не може да конципира поими како светот по себе и светот за нас, па да се мачи со нив.

:)

Не е точно дека моето стојалиште ја отфрла науката само по себе, само го ограничува нејзиниот домет на прагматски дефиниран алат...
Остај ти критики за бихејвјоризам, другпат тоа, задржи се на примерот што го поставив. Бихејвјоризам употребив само за да нагласам колку е соголен и упростен експериментот. Дали експериментот не ти покажува дека и љиљакот и човекот имаат поприлично идентични претстави како изгледа собата со масата и дали заебанцијата што може да им ја направиш со невроните не ти сугерира на ист начин на кој тие ги процесираат овие информации?

Ја за жал се слагам дека нашата реалност е нашиот затвор, но имаме прозорец надвор кон објективната реалност и имаме алатки да ја испитаме. Ако ти тврдиш дека науката е ограничена на прагматски дефиниран алат, треба да го дефинираш.
--- надополнето: Nov 20, 2011 3:56 AM ---
Чалмерс го проблематизира тврдењето дека свеста може потполно да се објасни преку невролошките процеси во мозокот и постулира нефизичка компонента на свеста. Дали невронaуките можат целосно да ја објаснат свеста? Дали постои научна верификација или експликација на некаква нефизичка димензија на свеста?
Засега свеста не е објаснета. Под нефизичка димензија претпоставувам дека подразбираш нешто што не може да се опише со природните законитости. Науката не може да се занимава со не-природа, затоа што
1. таква не постои
2. науката по дефиниција се занимава со природата
 
Член од
19 март 2011
Мислења
18.984
Поени од реакции
40.199
Остај ти критики за бихејвјоризам, другпат тоа, задржи се на примерот што го поставив. Бихејвјоризам употребив само за да нагласам колку е соголен и упростен експериментот. Дали експериментот не ти покажува дека и љиљакот и човекот имаат поприлично идентични претстави како изгледа собата со масата и дали заебанцијата што може да им ја направиш со невроните не ти сугерира на ист начин на кој тие ги процесираат овие информации?

Ја за жал се слагам дека нашата реалност е нашиот затвор, но имаме прозорец надвор кон објективната реалност и имаме алатки да ја испитаме. Ако ти тврдиш дека науката е ограничена на прагматски дефиниран алат, треба да го дефинираш.
--- надополнето: Nov 20, 2011 3:56 AM ---

Засега свеста не е објаснета. Под нефизичка димензија претпоставувам дека подразбираш нешто што не може да се опише со природните законитости. Науката не може да се занимава со не-природа, затоа што
1. таква не постои
2. науката по дефиниција се занимава со природата
Како мислиш да ги оставам критиките на бихејвиоризмот? Ми нудиш бихејвиористички аргумент за независното постоење на објективната реалност, а ми велиш да не го критикувам бихејвиоризмот. Тоа звучи како кога на Македонската армија и беше забранувано да пука со топови по сецесионистите, со цел да не употребува прекумерна сила. :confused:
Инаку, експериментот само покажува дека двата субјекти слично се однесуваат, но никако и дека слично ја доживуваат таа реалност. Од тоа, по ниедна логика не следи дека таму надвор има за сите видови заедничка објективна реалност. Всушност, самата синтагма таму надвор е залажувачка. Еве тебе би те запрашал, дали мислиш дека лилјакот има свесно доживување на масата исто како што има човекот?

Јас би рекол дека двата субјекти на различни начини креираат слична реалност, но не и дека перцепираат објективна реалност. Една забелешка која остава простор за сите мистици и фантазери. Само малку фантазија е потребна да замислиме светови чија кокреација од страна на субјектите се поклопува многу малку, или воопшто не се поклопува. Со самото тоа, и животите на тие субјекти, како кокреатори на различни светови, многу малку или воопшто не би се поклопувале...

Овој вториот аргумент со отстранувањето но делови од мозокот на двата субјекти, после кој не би можеле да се снаоѓаат (кокреираат) во просторот, искрено не го разбирам. Тоа само докажува дека нашето свесно доживување на некој начин е врзано со мозокот, што никој не го спори, но не гледам како е доказ за некоја објективна реалност.

Моите мисловни акробации не се никако насочени против науката, но се насочени против нејзината претензија дека ни го открива светот по себе. После Кант, во најмала рака е смешно да се верува дека на дофат ни е некаква апсолутна реалност. Но од аспект на нашиот живот, прагматското дефинирање на науката е сосем доволно. Ако светот за нас е се што можеме да видиме и разбереме, самата дистинкција на свет за нас и свет по себе станува чисто терминолошка...
 
Член од
17 јануари 2009
Мислења
2.814
Поени од реакции
4.666
Еве што напишал Емброуз Бирс во инаку, мојот омилен Ѓаволов речник: ...Декарт, прочуениот филозоф, творецот на славната изрека Cogito Ergo Sum, (...) самозадоволно мислел дека ја докажал стварноста на човечкото постоење. Таа изрека, меѓутоа, би можела да се поправи на следниот начин: Cogito cogito ergo sum - „Мислам дека мислам, па затоа мислам дека постојам“. Тоа е најблиску што било кој филозов може да и се доближи на извесноста.
 
shutrak

opsenar
Член од
3 јуни 2011
Мислења
37.673
Поени од реакции
31.586
mislish znachi postoish<>postoish znachi mislish.,.....
ako se pochne od ovoa znachi mislenjeto., proces ., shto go tretiraat i ateistite od svoja gledna tochka ., i duhovnicite ., isto ., po svoe mislenje..........sepak znachi pochetok i kraj.,....a postoenjeto ., e samo virtuelnost na edna fizichka sostojba na postoenje so odredn vremenski ogranichen rok.,............ako mislovnite akrobacii ne se nasocheni kako sprotivstaveno mislenje na naukata.,........se ke beshe jasno ., i nishto neobjasneto.,.....pravenjeto dinstinkcija na svet za nas i svet po sebe ., ., bi dodal ., i svet za sebe i vo sebe ., ne e terminoloshka., tuku e sushtinska., ., bidejki toa se esencijalnite.,.....ateoteoloshki raspravii
 
Ова се разбира нема никаква смисла, но немој да се откажуваш. Законот на големи броеви е на твоја страна. После многу, многу голем број на постови, сигурен сум дека еден ден ќе успееш да ги наредиш зборовите во редослед кој ќе има некаква смисла. Биди трпелив и не се откажувај.

Keep on keeping on...
 
Хептаграм XI

Ἱερὸς Γάμος
Член од
13 февруари 2010
Мислења
12.249
Поени од реакции
12.261
mislish znachi postoish<>postoish znachi mislish.,.....
ako se pochne od ovoa znachi mislenjeto., proces ., shto go tretiraat i ateistite od svoja gledna tochka ., i duhovnicite ., isto ., po svoe mislenje..........sepak znachi pochetok i kraj.,....a postoenjeto ., e samo virtuelnost na edna fizichka sostojba na postoenje so odredn vremenski ogranichen rok.,............ako mislovnite akrobacii ne se nasocheni kako sprotivstaveno mislenje na naukata.,........se ke beshe jasno ., i nishto neobjasneto.,.....pravenjeto dinstinkcija na svet za nas i svet po sebe ., ., bi dodal ., i svet za sebe i vo sebe ., ne e terminoloshka., tuku e sushtinska., ., bidejki toa se esencijalnite.,.....ateoteoloshki raspravii
Аман не пишувај со ., кога треба да ставиш само , или .
Ми го уништи постоењето во наредните 30 мин! :)
 
shutrak

opsenar
Член од
3 јуни 2011
Мислења
37.673
Поени од реакции
31.586
dobro de abadstav., barem ednash da ne se fateshe za ............:ROFLMAO:., tochkite i zapirkite.,.... ami sto i kusur pati ti kazhuvav., chitaj ., i pak chitaj:).,.. e ne kako tebe stokmen tekst ., od cela nedela pravenje ., pa momentalno pishuvam ., i ako ne ti se veruva :D direkt od glava .........aj nova provokacija ., za ushte edno tvoe taka ., perfekcionistichko observiranje....pozdrav stav ., ili abad .,.. kako miluvash(y)
--- надополнето: Nov 20, 2011 11:37 AM ---
Аман не пишувај со ., кога треба да ставиш само , или .
Ми го уништи постоењето во наредните 30 мин! :)
a jas mislev narednite 30 god., pfffff 30 min ., edna 1/2 od 1 h., :D pozdrav
--- надополнето: Nov 20, 2011 11:41 AM ---
dajte lugje malku zhivnete ., mnogu se voozbilivte ,., ta doagja li nova 2012 nova godina ili ., ne.,.... e togash ke vidime dali ke mislime i postoime:P
 
Хептаграм XI

Ἱερὸς Γάμος
Член од
13 февруари 2010
Мислења
12.249
Поени од реакции
12.261
dobro de abadstav., barem ednash da ne se fateshe za ............:ROFLMAO:., tochkite i zapirkite.,.... ami sto i kusur pati ti kazhuvav., chitaj ., i pak chitaj:).,.. e ne kako tebe stokmen tekst ., od cela nedela pravenje ., pa momentalno pishuvam ., i ako ne ti se veruva :D direkt od glava .........aj nova provokacija ., za ushte edno tvoe taka ., perfekcionistichko observiranje....pozdrav stav ., ili abad .,.. kako miluvash(y)
--- надополнето: Nov 20, 2011 11:37 AM ---

a jas mislev narednite 30 god., pfffff 30 min ., edna 1/2 od 1 h., :D pozdrav
Тоа беше добро намерен предлог... не мора веднаш да се лутиш... изгледа глупо вака со точка па запирка, па неколку точки итн итн.
И ако не знаеш како да си наместиш македонска подршка на пц, кажи ќе ти објасни некој... не на македонски форум латиница, па и со без веза комбинирани интерпункциски знаци...
И мислата ти изгледа како да е пишувана од детиште...
поздрав... :)

П.С. Би сакал да бидат 30 години наместо 30 мин... но толку ми дозволува јогата сега за сега за да не се мисли :)
 
Член од
1 јули 2009
Мислења
299
Поени од реакции
343
Како мислиш да ги оставам критиките на бихејвиоризмот? Ми нудиш бихејвиористички аргумент за независното постоење на објективната реалност, а ми велиш да не го критикувам бихејвиоризмот. Тоа звучи како кога на Македонската армија и беше забранувано да пука со топови по сецесионистите, со цел да не употребува прекумерна сила. :confused:
Инаку, експериментот само покажува дека двата субјекти слично се однесуваат, но никако и дека слично ја доживуваат таа реалност. Од тоа, по ниедна логика не следи дека таму надвор има за сите видови заедничка објективна реалност. Всушност, самата синтагма таму надвор е залажувачка. Еве тебе би те запрашал, дали мислиш дека лилјакот има свесно доживување на масата исто како што има човекот?

Јас би рекол дека двата субјекти на различни начини креираат слична реалност, но не и дека перцепираат објективна реалност. Една забелешка која остава простор за сите мистици и фантазери. Само малку фантазија е потребна да замислиме светови чија кокреација од страна на субјектите се поклопува многу малку, или воопшто не се поклопува. Со самото тоа, и животите на тие субјекти, како кокреатори на различни светови, многу малку или воопшто не би се поклопувале...

Овој вториот аргумент со отстранувањето но делови од мозокот на двата субјекти, после кој не би можеле да се снаоѓаат (кокреираат) во просторот, искрено не го разбирам. Тоа само докажува дека нашето свесно доживување на некој начин е врзано со мозокот, што никој не го спори, но не гледам како е доказ за некоја објективна реалност.

Моите мисловни акробации не се никако насочени против науката, но се насочени против нејзината претензија дека ни го открива светот по себе. После Кант, во најмала рака е смешно да се верува дека на дофат ни е некаква апсолутна реалност. Но од аспект на нашиот живот, прагматското дефинирање на науката е сосем доволно. Ако светот за нас е се што можеме да видиме и разбереме, самата дистинкција на свет за нас и свет по себе станува чисто терминолошка...
Експериментот покажува дека ако постои маса во платоновска смисла, и човекот и љиљакот имаат модел на идеалниот објект во нивните глави, и уште подобро, сето тоа може да се редуцира на математича функција која ја опишува геометријата, бојата, текстурата и останатите квалитети на масата, во обем достапен на човек или љиљак.
Не знам дали човекот воопшто има свесно доживување на масата и уште помалку какво е тоа, а камо ли љиљакот, можеби и двајцата се Чалмерсови зомбии. Се што знам е дека во нивните глави има еквивалент кој ја опишува масата како што споменав погоре. Можеш ли ти да кажеш дека било човекот или љиљакот имаат свесно доживување на масата? Можеш ли експериментално да покажеш дека имаат или немаат?
 
Tебе ти треба експериментален доказ за тоа дали имаш свесно доживување на собата и масата во неа?
Се разбира дека не постои Платоновска форма на масата, настрана од човекот. Не би можел да гарантирам, но мислам дека лилјаците немаат моќ да формираат општи поими...

Не, тебе ти треба експериментален доказ за тоа дали имаш свесно доживување на собата и масата во неа, за воопшто да можеш да прашаш какво е тоа. Исто важи и за љиљкот, мора прво да знаеш дека воопшто има свесно доживување на масата (или што и да е), за да прашаш какво е, или уште полошо, да земеш да споредуваш.
Ако а приори тврдиш дека љиљакот не може да формира општ поим, не можеш да прашаш какво е неговото доживување на конкретен објект.
 
Сега, како по правило на оваа тема, дискусијата ќе ни се претвори во муабет на глуви. Убаво вели Чалмерс дека неговата книга е само за оние кои се сложуваат дека постои проблем....
 
Токму така. Доволно е да ја следиш логиката на случајов за да сфатиш дека е ова лажна дилема.
 
Член од
19 март 2011
Мислења
18.984
Поени од реакции
40.199
Токму така. Доволно е да ја следиш логиката на случајов за да сфатиш дека е ова лажна дилема.
њет, њет...
;)

Тоа дека поседувам јасно изразено свесно искуство ми е алфа и омега на целото мое познание. Јас навистина не можам да разберам што сакаат некој филозофи да кажат кога велат дека света е илузија. Мислам, wtf ???
 
Kajgana Shop

На врв Bottom