Ваша поезија!

Член од
21 август 2008
Мислења
6.500
Поени од реакции
1.321
Samoubistvo

Tie se sitat likuvaat sto se obesi
tek sega bil nad niv
a on se spasil od makite
 
Член од
7 ноември 2011
Мислења
431
Поени од реакции
934
Небаре стварност

Небаре сум дел од овој град
ако сум ги втиснала чекорите
по неговите улици и сокаци.
Небаре сум спокојна,
дури во мене беснее бура од емоции.
Небаре сум јас една и единствена,
таа од вчера, денес и утре
сепак и пак не сум истата.
Небаре сум мирна,
а наоколу пулсира толку налудничавост.
Небаре сум сама,
во свет со седум милијарди како мене
и толку исти и толку различни.
Небаре е лесно да плукнеш дел од себе
на нем сведок во облик на хартиен лист.
Небаре е ова живот,
или па се монотони репризи на навиката?!
 

Medea

Облинеса
Член од
25 април 2007
Мислења
2.973
Поени од реакции
3.269
Времиња

Храбро е да се сетиш
на болката
и од неа
да остане
само признание:

"Toгаш, вредеше".

Во животов
растеме
и
умираме
постојано.

Но, дали живееме...
Во исечениот прст додека лупиме јаболко
во наоблачените прозорци додека водиме љубов
во поткршените нокти од грабање сегашност
Храбро е да се сетиш
на глетките.
Со гласно издишување.

"Тогаш, вредеше".
 
С

Сатори

Гостин
Ако се измијам себе од сите гревови,
ќе ме сакаш ли?
Ако ги скршам сите прозорци и ги тргнам од тебе сите тегови,
ќе ме сакаш ли?
Ако се претворам во се што си замислувал кога си бил мал,
ќе ме сакаш ли?
Ако те претворам преку ноќ во крал,
ќе ме сакаш ли?
Ако ти ветам прекрасен живот во Прага,
ќе ме сакаш ли?
Ако ја избришам цела тежина и тага,
ќе ме сакаш ли?

Ако ме прифатиш обична и луда
ќе те сакам ли?
Ако засекогаш ме ослободиш од кафезот
ќе те сакам ли?

Не знаеш.
Не знам.
 

Medea

Облинеса
Член од
25 април 2007
Мислења
2.973
Поени од реакции
3.269
Љубов и глад



Во врзопчињата јуфки
скриј се
лукот и моцарелата
по мирис ќе ги фатам.
Танц на пареата
да се клатам
на ливчиња спанаќ
да се лизнам
на маслиново масло
да шизнам

Кога ќе се стркала домат
ситен, битен, буен,
Фрс!
Тавата зборува
мирисни ми ја
женственоста.
Од колк љубов
Од срце глад.
Погледни ја чинијата.

*јуфки во спанаќ сос со лук и домати*
 

burn84

Говорете Македонски
Член од
4 февруари 2006
Мислења
6.579
Поени од реакции
1.500
Вистинска идила на внатрешен страв
Преточена крв во исконски мрак

Сиот ум една голема драма
Толпи од луѓе но ти уште си сама

Денес е црно со демонска пот
Летам над тебе и твојот дом

Зајди си тука во сончева прегратка
Изгуби го прстенот и...
 
Член од
16 февруари 2007
Мислења
2.779
Поени од реакции
8.235
Вистинска идила на внатрешен страв
Преточена крв во исконски мрак

Сиот ум една голема драма
Толпи од луѓе но ти уште си сама

Денес е црно со демонска пот
Летам над тебе и твојот дом

Зајди си тука во сончева прегратка
Изгуби го прстенот и...
Јоцо, мрзо една...ццц. Ама, затоа се тука пријателите. :D

"
..и остани.
Во прегратката на стерилниот Бог

Танцувај со ѓердани од волчји грклани
Под крвавата месечина која завива за заборав

Распарчена од примордијален грев
Со солзите на амбисот ????? гнев

Во жиците на мојата гитара таа утеха бара
Не дека ова има врска со песната ама се фалам дека свирам на гитара

И тоа добро свирам, посебно ствари од Нирвана
???????? ??????????? рана

И така таа остана во целосен тремор и стрес
Од пост ефектот на мојот ејакулативен бес "

Повели и другпат. :)
 

burn84

Говорете Македонски
Член од
4 февруари 2006
Мислења
6.579
Поени од реакции
1.500
Јоцо, мрзо една...ццц. Ама, затоа се тука пријателите. :D

"
..и остани.
Во прегратката на стерилниот Бог

Танцувај со гердани од волчји грклани
Под крвавата месечина која завива за заборав

Распарчена од примордијален грев
Со солзите на амбисот ????? гнев

Во жиците на мојата гитара таа утеха бара
Не дека ова има врска со песната ама се фалам дека свирам на гитара

И тоа добро свирам, посебно ствари од Нирвана
???????? ??????????? рана

И така таа остана во целосен тремор и стрес
Од пост ефектот на мојот ејакулативен бес "

Повели и другпат. :)
Преубаво ми го дофати концептот на игра со зборови без никакво значење (или можеби не)
Раско љуби те бато :pos:
 
С

Сатори

Гостин
Посакувам​

Низ сите прашливи ќошиња во мојот дом со прстите се надевам на тебе,
пишувам врз пајажините затоа што тие личат на мене
и се молам да не ја видиш маската што стои закачена на ѕидот,
затоа што комплетно ќе те изгубам,
претендирам кон невиност
за таков како ти
понекогаш,
како сега.

И крадам зумбули и темјанушки и бели рози и кали,
за тивко да ја провлечам мојата похотност преку вкусот на млекото,
ги слушам ѕвончињата
и ехото,
таму некаде далеку,
во твојот скут
или во мојот.

Заборавам само на момент дека вчера те сонував,
како ме бакнуваш,
без најлонски ќесиња,
егзистирам под твојата кошула,
а како добро ти стои,
кошулата и јас,
под неа,
во неа.

Посакувам.
 
S

Stef Bachatero

Гостин
Што велиш

Велиш дека јас летам во облаци
но самата седиш дома
и замислуваш како си со некој во туѓи прегратки

Велиш дека јас сум Дон Жуан
но јас сум нормален човек
кој само подарува љубов
до последниот здив,до крајот на мојот век

Велиш дека се пуштам во нови авантури
но кој не сака да се забавува
а камоли сам дома да останува

Велиш дека за љубов се потребни двајца
незнам што помислуваш и не ми е гајле
направи ми услуги биди моја
и секогаш ќе бидеш среќна
кога ќе погледнеш
во прозорецот рано сабајле

Во постела мека ти си легнуваш
спиеш како кротко маче
и сонуваш илузии
на својата иднина
но јас познавам една вистина
јас и ти во една прегратка
над нас полна месечина
и една тивка песна
на љубовта
која ни дава сила
да кога ние се разделиме
секој пат кога ќе се видиме
таа врска секогаш да биде поцврста
и никогаш да не се губи
Што му остана на старецов
освен до крајот на животот тебе да те љуби
 
Член од
4 мај 2009
Мислења
2.476
Поени од реакции
5.545
Lord of the Female Hearts​
(Хаику снегулка посветена на мојот пријател Стеф Ангел)​

Дали ти, кој рутински пенетрираш во срцата на најкомплицираните девојки
си
само обичен дечко или форумски шизик кој ноншалантно ги мами воздишките на најхардкор
цурите?

Speak to us, o initiated one, of thy many virile conquests!
 
S

Stef Bachatero

Гостин
Lord of the Female Hearts​
(Хаику снегулка посветена на мојот пријател Стеф Ангел)​

Дали ти, кој рутински пенетрираш во срцата на најкомплицираните девојки
си
само обичен дечко или форумски шизик кој ноншалантно ги мами воздишките на најхардкор
цурите?

Speak to us, o initiated one, of thy many virile conquests!
Јас сум најнормален дечко кој некогаш сака да полудува,а кога ќе полуди ништо не го спречува :)
 
Член од
4 мај 2009
Мислења
2.476
Поени од реакции
5.545
Јас сум најнормален дечко кој некогаш сака да полудува,а кога ќе полуди ништо не го спречува :)
Секундарно те стаив у потпис. Со твоја дозвола, се разбира.
 

Toecutter

Biafran Baby
Член од
12 мај 2009
Мислења
5.243
Поени од реакции
2.444
Hamburger

The meat grinder fed
With moronic notions of good and bad
Revolving palm bleeding onto the remains
You absolute bastards of ancient fame !

Tell me the tale, my favorite one,
nutritional value of bourgeois shit
Honest to be, could jizz a bit
Promise i`ll behave as a kid so sweet

The meat grinder fed
with notions ahead
of good and evil, my ignorance instead.
Twisting palm, hostage of shame, as i dwell again
why blood and guts run so quickly through the drain

Grind me gently
my cheap shit machine
Run past me a sales pitch
Wont go much a stray

Promise ! :)
 
Член од
21 август 2008
Мислења
6.500
Поени од реакции
1.321
Badijala

Na [to se sveduva se?
Нema radost...
Кrajot e taжen
Вeќe so samoto toa шto e KRAJ
Ќe umreш toa ne e straшno
Кo da spieш dlabok son
Кolku pati si uvidel
Дeka svesnata sostojba e stresna
И дека смртта е полесна
И posle za da ne se usmrdiш
Ќe pobrzaat ќe te zakopaat
И pod zemja crvi ќe te jadat
А studeniot vetar
Кojznae za kogo ќe bide studen
Нad tvojot grob...
И nekogaш nekade
Мoжebi nekoj ќe praшa
Аbe шto praвi toj kako e?
be toj umre odamna ne znaeш?!
 

Kajgana Shop

На врв Bottom