Човечката реалност не може да биде објективна но тоа не го порекнува фактот дека ние го перцепираме постоењето на објектите кои не опкружуваат. Нашата реалност и подложи на способностите на нашите сетила, темпераментот и така натаму. Тука се согласуваме. Ние не ја создаваме реалноста, туку ја доживуваме, секој на различен начин поради различната перцепција.
Објективната реалност од друга страна не зависи од ничија перцепција. Тоа е она што ти го нарекуваш единствен факт дека нешто постои, и истото му го кажав и на nihilista.Она што постои во материјалниот свет, постои независно од нечија перцепција.
Каква е таа објективна реалност ако секогаш се дефинира во однос на перцепирачкиот субјект, и каква е објективноста односно независноста на таа реалност, ако за секој вид е поинаква?
Има еден легендарен текст на Томас Најгел, кој се вика Како е да се биде лилјак? Текстот е напишан за да се покаже независното постоење на свесното доживување, но може да послужи и за тоа да се покаже релативноста на на "надворешниот свет".
Вака, замисли една соба во која има една маса. Во собата има човек и лилјак. Човекот, горе долу ја перцепира собата како секој нормален човек. Значи гледа и допира се она што и јас и ти би виделе и допреле. И уверен е дека собата и масaта во неа имаат независно постоење од него.
Лилјаците од друга страна се многу специфични створења. Го перцепираат надворешниот свет со помош на некоја врста на сонар, кој испушта звуци во околината, и преку анализата на повратниот сигнал односно одбивањето на тој звук лилјаците ги детектираат предметите.
Дали можеш да замислиш како изгледа доживувањето на еден лилјак? Дали мислиш дека и тој, како и човекот таму, гледа соба со маса во неа? Јас би рекол дека неговото доживување е потполно различно од она на човекот. Која е тука објективната реалност? Собата и масата која ја гледа човекот, или доживувањето на лилјакот? Зошто свесното искуство на човекот би имало предност во однос на вистинитоста, и би било супериорно спрема доживувањето на лилјакот?
Од овој аспект погледнато, таму нема ниту соба, ниту маса, ниту пак она што е доживувањето на лилјакот. Се што можеме да кажеме е дека таму има нешто, односно дека нешто постои. Се преку тоа е како мали Џокица замишља универзум. Толку од независноста и објективноста на надворешниот свет...
Категориите како материја или свест се повторно посредувани од нашата перцепција, разум и јазик, и како такви имаат само прагматска вредност, ни помагаат да се соочиме со светот КАКО ШТО ние го доживуваме, но не можат да полагаат право на некаква апсолутно важење...