Единствен факт е дека нешто постои. Што постои и како, никогаш нема да знаеме. Она што ти го нарекуваш објективна реалност, е само реалност за човечкиот род. Нашето знаење за реалноста е посредувано од нашите сетила, нашиот ум и нашиот јазик. Затоа не е погрешно да се каже дека ние на некој начин ја создаваме реалноста. Реалноста е наша креација, затоа терминот објективна реалност настрана од перцепиентот односно кокреаторот е филозофска недокваканост...
Човечката реалност не може да биде објективна но тоа не го порекнува фактот дека ние го перцепираме постоењето на објектите кои не опкружуваат. Нашата реалност и подложи на способностите на нашите сетила, темпераментот и така натаму. Тука се согласуваме. Ние не ја создаваме реалноста, туку ја доживуваме, секој на различен начин поради различната перцепција.
Објективната реалност од друга страна не зависи од ничија перцепција. Тоа е она што ти го нарекуваш единствен факт дека нешто постои, и истото му го кажав и на nihilista.Она што постои во материјалниот свет, постои независно од нечија перцепција.
--- надополнето: Nov 17, 2011 3:01 PM ---
Ti taka tvrdis da ne bese ti ni toa nemase da postoi se e vo svesta postoeckoto von svesta bi bilo ednakvo na nepostoecko bidejki nikoj ne bi znael deka postoi.
Точно е дека токму тој електро-хемиски процес немаше да постои, но постојат уште седум милијарди мозоци истовремено и истите работат на ист принцип како мојот и во нив се извршуваат истите електро-хемиски процеси кои би се извршувале во мојот доколку би постоел.
Но мислам значи постојам потенцира дека реалноста е плод на мислата а не обратно. Доколку ова што го кажав погоре и тоа што го кажа ти е точно, тогаш мислата е производ на реалноста(фактот дека постојам) и тоа повторно докажува дека Мислам значи постојам е апсурд.