Бугарите го произведоа својот прв патнички автомобил

  • Креатор на темата Креатор на темата c i t r o
  • Време на започнување Време на започнување
Очекувано многу гадост се излеа. :D

Инаку брендот се стреми да биде конкурент на low-cost нивото (како Dacia пример).Цената во моментов специјално кај нас е со 1500 евра поевтин моделот од аналог при Dacia.
 
Реалноста се излеа друже овој автомобил не е ни дачија ни шкода туку е едноставно Кинески Производ кој за европскиот пазар ќе се произведува во Бугарија. Незнам што има гадно да си ја кажеме веста таква каква што е.
 
kultuzin, она што се излеа е за квалитет, без дури и да го виделе, камоли пробали возилото. Сите зборуваат за ниско начество на кинеските производи, а вистината е дека во моментов си пишуваме во овој форум, благодарение на сите компјутерски делови кои се произведуваат таму.

Ќе си зборуваме пак по некое време, кога ќе имаме реални податоци за квалитетот на автомобилот. А еве нешто што има - официјалниот сајт.

--- надополнето: Nov 17, 2011 10:42 AM ---
Малку стари слики на фабриката.

P1230377.JPG

P1230380.JPG

P1230389.JPG

P1230393.JPG

--- надополнето: Nov 17, 2011 10:45 AM ---
Image_563791_3.jpg

Следната година почнуваат другите 2 сали. Поздрав! ;)
 
И да ви кажам го делам мислењето со вас дека и ние треба да произведуваме автомобили, многу сме покретаивни и подобро барем од доста земји кои тоа денес го прават.

CIMG0028.jpg

nxcwk.png

http://www.satra.com.mk/Album_Proekt.aspx
 
Добро е се разбравме дека веста не е пренесена како што треба и дека всушност се работи за Кинески автомобил кој ќе се произведува и во Бугарија.
Што се однесува до квалитетот точно е тоа дека во моментов Кинеските автомобили неможат да конкурират со квалитет на Европските , Јапонските и Корејските.
Но така беше на почетокот со Корејските автомобили кој нудеа евтини автомобили со многу опрема но со слаб квалитет и со претежно копиран дизајн. Денес после 15 години Хундаи произведува автомобили кои се многу блиску на нивото на Германските и Јапонските автомобили, а Французите и Италијанците веќе ги имат понинато (мое субјективно мислење и се однесува на новите i30 и i40 на Хундаи. Затао јас верувам дека за некој 10 до 15 години Кинезите ќе произведуват многу квалитетни и конкурентни автомобили. Во секој случај ова е многу важна инвестиција за бугарската индустрија , но сепак треба малку да се биде поскромен со објавувањето на вестите.
 
Но така беше на почетокот со Корејските автомобили кој нудеа евтини автомобили со многу опрема но со слаб квалитет и со претежно копиран дизајн.
Корејски марки на автомобили: Daewoo, Kia, Hyndai. Сакаш да ти наведам и кои модели ги имаат произведувано од 90-та до 2000?
Прво: најди ми еден модел од гореспоменатите производители што е копија на било кој од европските.
Второ: Даеву Тико, Даеву Рејсер, Хјундаи Пони и ден денес ги има. Такси ги убија од возење. Модели од 90-тите. Тоа за тебе е слаб квалитет?

Денес после 15 години Хундаи произведува автомобили кои се многу блиску на нивото на Германските и Јапонските автомобили, а Французите и Италијанците веќе ги имат понинато (мое субјективно мислење и се однесува на новите i30 и i40 на Хундаи. Затао јас верувам дека за некој 10 до 15 години Кинезите ќе произведуват многу квалитетни и конкурентни автомобили.
трето: три производители се. Не се миљарда, како кај кинезите. Ако на три корејци им требаа 20 години да се пробијат на пазарот, на кинезиве ќе им требаат 100 години.
 
има едно златно правило во бизнисот.
прво лазиш, па одиш па трчаш.
се сеќавате на првите дачии пред 10 години.
а сега ги гледате новите дачии кои ги прогласија како најпродавани возила во европа.
што дека има делови кинески или незнам какви. каква тоа врска има. ако земите така 99% од се дома што имате од техника е кинеско.
но не е тоа муабетот, муабетот е ние што имаме, ние што произведуваме па да имаме право да збораме. и најглупата кола да е, со најповеќе дефеци и незнам што( како дачијата на времето), подобра е од нашата која ја немаме. дај прекините со детски муабети, тие го фатија возот. за неколку години ке имаат кола која е каде каде подобра од оваа, и ке се произведува а не ке се монтира во бугарија. за неколку години ние ке имаме што од кола ??
ставете си го прстот на главата , наместо да мрчите почнете да завидувате.
п.с да не ја спомнувам инвестицијата и бројот на вработени. вие пак мрчите како кинеска била , нечинела !! нашата кога ке ја направиме поубава ке биди, со мерцедес мотор :pos:
 
За неколку години се ке биде кинеско. Кинезите ги купуваат брендовите, европските и америчките компании се продаваат. Така да џабе веслате. И тоа пунто во србија е полно со осиромашен ураниум од бомбардирањето па си ќутат и продавааат. Тоа е тоа.
 
што дека има делови кинески или незнам какви. каква тоа врска има. ако земите така 99% од се дома што имате од техника е кинеско
Да, во право си. И јас купив кинески ајфон само за ташак. Дадов 3000 денари. Нека не чини, ќе го фрлам. Јаките пари.
Ќе купиш кинеска кола од 8000 евра за ташак?

но не е тоа муабетот, муабетот е ние што имаме, ние што произведуваме па да имаме право да збораме. и најглупата кола да е, со најповеќе дефеци и незнам што( како дачијата на времето), подобра е од нашата која ја немаме.
Не е тоа муабетот... темава е во автомобилизам, не во економија и политика. Така да тоа што имаат тие, а ние немаме... не е за овде.

Кинеските коли ќе ја преплават Европа. Само е прашање на време.
To така ти велиш. Јас би рекол дека возилата немаат иднина.
 
Да, во право си. И јас купив кинески ајфон само за ташак. Дадов 3000 денари. Нека не чини, ќе го фрлам. Јаките пари.
Ќе купиш кинеска кола од 8000 евра за ташак?

Не е тоа муабетот... темава е во автомобилизам, не во економија и политика. Така да тоа што имаат тие, а ние немаме... не е за овде.
не зборав за колку пари се, не ни видов нити ме заинтересира посебно.
незнам кај виде политика во муабетот, а за економија може да се каже.
ако збораме само за коли, ке речиме јасно и гласно германски и толку и да ја затвориме темата.
споредбата што ја направив беше со дачија , како тие почнаа и каде се сега.
прво кога излегоа какви беа нема ни да збораме.
сега би дал ти 8000 евра за дачиа логан., а би дал пред 10 години???? јас лично би дал, колата нема проблеми никакви, и вреди секоја пара што ке ја дадеш. е нема да биди мерцедес ама пак нема да кошта колку еден стан трособен.
ако си заљубен во ептен некој марки на коли и имаш да оддвоиш 30000 40000 евра тогаш да не збораме повеќе. и јас да имам пари знам што е убаво и квалитетно, не треба никој да ми кажи.
тука се збора за стереотипи , србите се попаметни од нас, а ние сме попаметни од бугарите. и по дефолт пунтото е супер кола само заради тоа што се прави во србија, оваа никогаш нема да чини само заради тоа што се прави во бугарија, а пошто сме ние попаметни од нив , а ние не произведуваме коли по дифолт таа нема шанси да чини ни сега ни никогаш.
ама ке кажи времето, ке збораме за неколку години.
а ако збораме финансиски би сакал некој и тука да отвори фабрика за коли па макар не од кина , од папуа нова гвинеја нека се.
 
Многу паметно. Да земиме и ние да продаваме снег? гарантирано ќе продајме појќе отколку кинезите шо ќе шитнат коли. Кај нас ги имаме Џонсон контрол. Подобро да се отворат уште 2 фабрики такви каде што ќе се произведуваат делови за автомобили, отколку еден кинески бренд кој што “можеби“ ќе склопува коли кај нас. Ене ги и бугарите, кинезите им увезиа 200 автомбили и склопија еден на нивна територија колку да замачкаат очи. Такво производство, имаме и ние. Ка-Дис, Аутомотив груп, Ми-Да моторс... сите ни увезуваат автомобили. Не ни треба кинез..

Добро де Џиш, и на Маркс и Спенсер на времето им се смееле што продавале глупости. Сега гледаш каков бренд се? Сакам само да ти доловам поента дека со самото отворање на вакво нешто кај нас ќе има поголем број на работни места како прво.

Aма ние сме македонски народ, едвај чекаме грците да банкротираат и бугарите ни се цигани, џоа ние аристократијата права.
 
незнам кај виде политика во муабетот, а за економија може да се каже.
Не видов... само фали уште да се јави некој и да кажи како заради Киро, Бранко или некој трет пропаднала зделка за произведување на Ауди а3 во 90-тите...

ако збораме само за коли, ке речиме јасно и гласно германски и толку и да ја затвориме темата.
споредбата што ја направив беше со дачија , како тие почнаа и каде се сега.
прво кога излегоа какви беа нема ни да збораме.
Изгледа малку ја знајш историјата на Дачиа. Не е брендот од вчера... Башка, Дачиа стално се под капата на Рено. Прво легендарната 12-ка ја произведуваа, па и се останато. И никогаш Дачија и Шкода не сум ги сметал за шкарт производители. Така да никогаш кинез нема да го клам на исто место со дачиа.

сега би дал ти 8000 евра за дачиа логан., а би дал пред 10 години???? јас лично би дал, колата нема проблеми никакви, и вреди секоја пара што ке ја дадеш. е нема да биди мерцедес ама пак нема да кошта колку еден стан трособен.
Не би дал 8000 евра за Дачиа. Нити за било каков нов автомобил, немам таков стандард. Ама ако би имал 8000 евра, сигурно ќе ги дадам за кинез кој што се произведува 0 години, а се склопува во бугарија.

и по дефолт пунтото е супер кола само заради тоа што се прави во србија, оваа никогаш нема да чини само заради тоа што се прави во бугарија
Пунто е супер кола затоа што не е од вчера. Видено е, веќе 10 години уназад се произведува, се дрнка по патиштата. А ти ако најдиш разлика измеѓу Пунто произведено во Италија и пунто произведено во Србија јас ќе фатам мечка од планина и поклон в зоолошка ќе ја дам.

Добро де Џиш, и на Маркс и Спенсер на времето им се смееле што продавале глупости. Сега гледаш каков бренд се? Сакам само да ти доловам поента дека со самото отворање на вакво нешто кај нас ќе има поголем број на работни места како прво.
Едно е да продаваш глупости, друго е да продаваш коли. Особено вакви скапи лименки. Не прајме муабет за играчки кои вредат 50-100 евра. Прајме муабет за коли кои со нашиот стандард тешко ги купуваме.
Инаку, шо е поарно да се отвори фабрика како Џонсон Контролс во Македонија или да дојди China Shit Rider и да отвори фабрика која можеби за 3 години нема да постои воопшто? Ако го гледате тој дел со Владе ок, секоја инвестиција е добра... ама ова на бугарите ќе му биди промашена инвестиција.

Ете Чери и Лифан се продава во Македонија. Нека се јават оние што седнале во нив (онака размислиле да видат што нудат кинезите споредено со остатокот од светот) и да споделат искуство. За купување не барам, знам дека нема таков на форумот.
 
Не видов... само фали уште да се јави некој и да кажи како заради Киро, Бранко или некој трет пропаднала зделка за произведување на Ауди а3 во 90-тите...

Изгледа малку ја знајш историјата на Дачиа. Не е брендот од вчера... Башка, Дачиа стално се под капата на Рено. Прво легендарната 12-ка ја произведуваа, па и се останато. И никогаш Дачија и Шкода не сум ги сметал за шкарт производители. Така да никогаш кинез нема да го клам на исто место со дачиа.

Не би дал 8000 евра за Дачиа. Нити за било каков нов автомобил, немам таков стандард. Ама ако би имал 8000 евра, сигурно ќе ги дадам за кинез кој што се произведува 0 години, а се склопува во бугарија.

Пунто е супер кола затоа што не е од вчера. Видено е, веќе 10 години уназад се произведува, се дрнка по патиштата. А ти ако најдиш разлика измеѓу Пунто произведено во Италија и пунто произведено во Србија јас ќе фатам мечка од планина и поклон в зоолошка ќе ја дам.

Едно е да продаваш глупости, друго е да продаваш коли. Особено вакви скапи лименки. Не прајме муабет за играчки кои вредат 50-100 евра. Прајме муабет за коли кои со нашиот стандард тешко ги купуваме.
Инаку, шо е поарно да се отвори фабрика како Џонсон Контролс во Македонија или да дојди China Shit Rider и да отвори фабрика која можеби за 3 години нема да постои воопшто? Ако го гледате тој дел со Владе ок, секоја инвестиција е добра... ама ова на бугарите ќе му биди промашена инвестиција.

Ете Чери и Лифан се продава во Македонија. Нека се јават оние што седнале во нив (онака размислиле да видат што нудат кинезите споредено со остатокот од светот) и да споделат искуство. За купување не барам, знам дека нема таков на форумот.
јас битно не спомнав. што било било.
за дачија знам дека биле под рено, зборувам за првите дачии кои се појавија на нашиот пазар пред дестина години, а и следниот модел после нив не ми текнува како се викаше. живо срање.
но после излезе логан па следна мислам дека беше сомбреро.
муабетот е дека од тие дачии пред неколку години со овие последните модели допирни точки немаат. инаку да кога ке се спомнеше за кола прво на памет романија ми паѓаше на ум како врвен производител на коли. сега е малце друга приказната.
за пунтото од луѓе што подслушнав, што значи дека не е од прва рака муабетот викаат дека далеку се од пунтото италијанско по квалитет. мнооогу далеку. можеби личат исто ама не е злато се што сјае.
и кангото се прави во словенија ама сите тука што се на пазарот наш донесени од словениа сите скапани праговите. неке да е исто така? и друго е рено од франција , друго е рено од турција.
да не навлегувам сега во детали.
и ај да скратам. можеби овој модел нема да чини за парите, ама по некоја година од кога ке им поминат породилните маки малце друга ке биди приказната. прво лазиш, па одиш па трчаш. секогаш е така, никогаш обратно.
 
Прво беше Дачија копија на Рено 12, потоа модифицирана копија на рено 12, па излезе Соленца (Solenzza), па после тоа е Logan, и сегашните модели Sandero и неговите варијации и Duster.

муабетот е дека од тие дачии пред неколку години со овие последните модели допирни точки немаат. инаку да кога ке се спомнеше за кола прво на памет романија ми паѓаше на ум како врвен производител на коли. сега е малце друга приказната.
за пунтото од луѓе што подслушнав, што значи дека не е од прва рака муабетот викаат дека далеку се од пунтото италијанско по квалитет. мнооогу далеку. можеби личат исто ама не е злато се што сјае.
и кангото се прави во словенија ама сите тука што се на пазарот наш донесени од словениа сите скапани праговите. неке да е исто така? и друго е рено од франција , друго е рено од турција.
да не навлегувам сега во детали.
Јас пак имам малку поинакви информации, нити тогаш чинеле, нити сега чинат. Ништо не е сменато :)

и ај да скратам. можеби овој модел нема да чини за парите, ама по некоја година од кога ке им поминат породилните маки малце друга ке биди приказната. прво лазиш, па одиш па трчаш. секогаш е така, никогаш обратно.
Како и да е, ова бебе да е едно можеби и ќе дојди до одење. Ама мајка Кина има уште едно 10-15 вакви. Кога на сето тоа ќе се додаде економската криза, шансите да го видиш бебето кај шо трча знајш колкави се? Кога компании како Форд, Џенерал Моторс, Дајмлер Крајслер, Фиат беа пред колапс, а Ровер, Сааб умреа... мислиш дека кинезов ќе опстои со овие цени?
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom