Да, во право си. И јас купив кинески ајфон само за ташак. Дадов 3000 денари. Нека не чини, ќе го фрлам. Јаките пари.
Ќе купиш кинеска кола од 8000 евра за ташак?
Не е тоа муабетот... темава е во автомобилизам, не во економија и политика. Така да тоа што имаат тие, а ние немаме... не е за овде.
не зборав за колку пари се, не ни видов нити ме заинтересира посебно.
незнам кај виде политика во муабетот, а за економија може да се каже.
ако збораме само за коли, ке речиме јасно и гласно германски и толку и да ја затвориме темата.
споредбата што ја направив беше со дачија , како тие почнаа и каде се сега.
прво кога излегоа какви беа нема ни да збораме.
сега би дал ти 8000 евра за дачиа логан., а би дал пред 10 години???? јас лично би дал, колата нема проблеми никакви, и вреди секоја пара што ке ја дадеш. е нема да биди мерцедес ама пак нема да кошта колку еден стан трособен.
ако си заљубен во ептен некој марки на коли и имаш да оддвоиш 30000 40000 евра тогаш да не збораме повеќе. и јас да имам пари знам што е убаво и квалитетно, не треба никој да ми кажи.
тука се збора за стереотипи , србите се попаметни од нас, а ние сме попаметни од бугарите. и по дефолт пунтото е супер кола само заради тоа што се прави во србија, оваа никогаш нема да чини само заради тоа што се прави во бугарија, а пошто сме ние попаметни од нив , а ние не произведуваме коли по дифолт таа нема шанси да чини ни сега ни никогаш.
ама ке кажи времето, ке збораме за неколку години.
а ако збораме финансиски би сакал некој и тука да отвори фабрика за коли па макар не од кина , од папуа нова гвинеја нека се.