Фан Клуб: Арсенал

gooner4life

Arsenal-Maniak
Член од
11 јули 2008
Мислења
7.037
Поени од реакции
1.567
http://bleacherreport.com/articles/940645-arsenal-fc-20-facts-about-arsenal-so-far-this-season/page/3
видете ова што се случува кога ремзи ке даде гол :eek:
Да да , кога почина Гадафи се правеа разни сликички со Ремзи... ама мислам дека од тогаш навака има постигнато уште еден и нема никој починато.. или се лажам? хахахах
--- надополнето: Nov 15, 2011 4:06 PM ---
http://bleacherreport.com/articles/940645-arsenal-fc-20-facts-about-arsenal-so-far-this-season/page/3
видете ова што се случува кога ремзи ке даде гол :eek:
Да да , кога почина Гадафи се правеа разни сликички со Ремзи... ама мислам дека од тогаш навака има постигнато уште еден и нема никој починато.. или се лажам? хахахах
 

derrain

артилерец
Член од
4 февруари 2009
Мислења
364
Поени од реакции
205
Си беше еднаш едно Дечко од Мароко, фудбалерче кое беше доволно добро за да заигра во Европа, си пронајде дом во Франција и тоа во Бордо, иако веќе славен и сакан од тамошните навивачи реши да направи трансфер во лондонски Арсенал. Не му требаше многу време да ги придобие симпатиите на новите фанови, посебно ако се потенцира, а тоа нема да биде претерано, дека речиси самостојно го одржуваше Арсенал во трката за титулата. Но во Арсенал веќе подолго време живее едно Чудовиште, родено и одгледано во фудбалскиот пекол, поради кое веќе подолго време дефанзивците и голманите во Премиер лигата им поднесуваат жртви на сите знајни и незнајни богови, бидејќи сакаат што побрзо да ги заборават „непријатните“ средби со Него. Поради Него Виктор Валдес секоја втора ноќ има кошмари, а најчесто сонува како прима гол од мртов агол. Неговиот првотимски статус е неспорен и константен како што е константа доаѓањето на следното утро, како што е изгревањето на Сонцето од Исток. Тоа Чудовиште, чие земско име е Роби Ван Перси, и поради температурната разлика меѓу фудбалскиот Пекол и фудбалската Земја е често повреден, реши да се врати од повреда токму кога Дечкото од Мароко ги решетеше мрежите во Англија како што Бата Живоиновиќ решетеше Шваби за време на Други Светски Рат. Бидејќи е толку проклето добар, Тоа чудовиште, дури му ја уништи кариерата и на скромниот Дечко од Мароко, кој мислеше дека е дволно добар за да му парира.

Но како што кажавме малку погоре, прашање на време е кога Чудовиштето пак ќе се повреди, и кога скромниот мароканец ќе мора да одговори на предизвикот, бидејќи играта на Брзоногиот Тапчо познат како Тео Волкот, кој обично игра десно а сака да биде централен напаѓач, не ветува многу.
 
Член од
13 август 2009
Мислења
9.544
Поени од реакции
5.772
Ухуууууу во моите 5-6 форумџиски години, немам прочитано појак текст !! :)))
 

Sura

Gooner 4 Life
Член од
6 мај 2010
Мислења
3.422
Поени од реакции
1.923
Туууууууу ќе падне тешко работење во соблекувална наредниве денови.....Германија-Холандија 3-0.(многу нормално не играше царот ). А Пер и неможе многу да се цепа со победава дека имаше лошо прво полувреме, но затоа подобро второ полувреме.
Се надевам ќе се одмори малку РвП, па ќе скуца за викенд едно 2-3 голчиња......
 
Член од
4 февруари 2009
Мислења
7.733
Поени од реакции
7.549
Campbell им лупна гол на Шпанците, ај нека добие работа дозвола па за 2-3 години да растура за Арсенал!
 

gooner4life

Arsenal-Maniak
Член од
11 јули 2008
Мислења
7.037
Поени од реакции
1.567
Член од
4 септември 2010
Мислења
439
Поени од реакции
148
Уметност.. :) Се надевам ќе ја извади дозволата и ќе растура за нас :)

Него кажете ми што се дешава со Wellington, момчето дое како голем талент, отиде во Леванте на позајмица, не заигра, ни глас ни траг од него нема. За 2 месеца ќе направи 19 години..
Wellington - Levante
Apps: 0 Goals: 0
Loan started:
July 10 Loan due to end: End of season
Last match:
Yet to play

League position:
4th in La Liga


...и дечкото за кој се надевам дека неговото време во Арсенал тек доаѓа и од наредна година ќе почне да гази...
Carlos Vela - Real Sociedad
Apps: 5 + 2 Goals: 0
Loan started:
August 16 Loan due to end: End of season
Last match:
Rayo Vallecano 4-0 Real Sociedad
League position:
20th in La Liga
 

gooner4life

Arsenal-Maniak
Член од
11 јули 2008
Мислења
7.037
Поени од реакции
1.567
Уметност.. :) Се надевам ќе ја извади дозволата и ќе растура за нас :)

Него кажете ми што се дешава со Wellington, момчето дое како голем талент, отиде во Леванте на позајмица, не заигра, ни глас ни траг од него нема. За 2 месеца ќе направи 19 години..
Wellington - Levante
Apps: 0 Goals: 0
Loan started: July 10Loan due to end: End of season
Last match: Yet to play
League position: 4th in La Liga

...и дечкото за кој се надевам дека неговото време во Арсенал тек доаѓа и од наредна година ќе почне да гази...
Carlos Vela - Real Sociedad
Apps: 5 + 2 Goals: 0
Loan started: August 16Loan due to end: End of season
Last match:Rayo Vallecano 4-0 Real Sociedad
League position: 20th in La Liga
За Велингтон никој не знае, во веќе втора година на позајмница има само 2 или 3 настапи вкупно и тоа од клупа.... незнам што е!
А за Вела... ЅВЕРЧИШТЕ! Нема што да се објаснува и дрдори, човекот мора да има место во нашиот тим барем од втор план, веќе со години и години трпи тортура од наша страна, ако има волја за бар уште една ќе се докаже.
 
Член од
13 август 2009
Мислења
9.544
Поени од реакции
5.772
Таман сме си. Вела имаше доооооооволно време да се покажи ! Но, и покрај шансата која ја добиваше, ништо ! Не би сакал пак да се врати, мое мислење.

А за Кембел го делам мислењето, дека еден ден ќе растура за Нас..
 

Факе

Highbury–the Home of Football
Член од
6 март 2010
Мислења
9.484
Поени од реакции
10.220
Каков Вела какви бакрачи.Имаше шанси да се покаже,но ништо.Мене лично ме разочара ! Така да нејкам Вела Мела.Поарно да го даиме таму,колку му извадиме извадиме.Здрави и живи да сме ! Мене никој неможе да ме разубеди дека најдобар трансфер на нашиот чичко Венгер оваа лето ќе му беше Бастош,али ајде.

Во сабота очекувам петарда.Се освен петарда се смета за неуспех :pos:
 

gooner4life

Arsenal-Maniak
Член од
11 јули 2008
Мислења
7.037
Поени од реакции
1.567
Таман сме си. Вела имаше доооооооволно време да се покажи ! Но, и покрај шансата која ја добиваше, ништо ! Не би сакал пак да се врати, мое мислење.

А за Кембел го делам мислењето, дека еден ден ќе растура за Нас..
Има постигнувано погодоци , и тоа прекрасни...
Посебно лобови!
Оваа сезона ја започна перфектно, само тој погодуваше во подготовките додека сите беа мизерни освен Рио... и пак ништо не покажуваше?
 
Член од
13 август 2009
Мислења
9.544
Поени од реакции
5.772
Има постигнувано погодоци , и тоа прекрасни...
Посебно лобови!
Оваа сезона ја започна перфектно, само тој погодуваше во подготовките додека сите беа мизерни освен Рио... и пак ништо не покажуваше?
Оти не остана ? Немој да кажиш конкуренцијата, оти ја немаше ко си замина ! :)
 

Makaveli_Gunner

The_Motherfucker*
Член од
4 февруари 2011
Мислења
647
Поени од реакции
274
Дечки во последно време мн играчи се поврзуваат со АРСЕНАЛ кои би сакале да ги видите во нашиот клуб јас лично мислам дека доволно би било да дојдат Гетце и Подолски и мислам дека тогаш имаме шампионски тим
 

Kajgana Shop

На врв Bottom