Си беше еднаш едно Дечко од Мароко, фудбалерче кое беше доволно добро за да заигра во Европа, си пронајде дом во Франција и тоа во Бордо, иако веќе славен и сакан од тамошните навивачи реши да направи трансфер во лондонски Арсенал. Не му требаше многу време да ги придобие симпатиите на новите фанови, посебно ако се потенцира, а тоа нема да биде претерано, дека речиси самостојно го одржуваше Арсенал во трката за титулата. Но во Арсенал веќе подолго време живее едно Чудовиште, родено и одгледано во фудбалскиот пекол, поради кое веќе подолго време дефанзивците и голманите во Премиер лигата им поднесуваат жртви на сите знајни и незнајни богови, бидејќи сакаат што побрзо да ги заборават „непријатните“ средби со Него. Поради Него Виктор Валдес секоја втора ноќ има кошмари, а најчесто сонува како прима гол од мртов агол. Неговиот првотимски статус е неспорен и константен како што е константа доаѓањето на следното утро, како што е изгревањето на Сонцето од Исток. Тоа Чудовиште, чие земско име е Роби Ван Перси, и поради температурната разлика меѓу фудбалскиот Пекол и фудбалската Земја е често повреден, реши да се врати од повреда токму кога Дечкото од Мароко ги решетеше мрежите во Англија како што Бата Живоиновиќ решетеше Шваби за време на Други Светски Рат. Бидејќи е толку проклето добар, Тоа чудовиште, дури му ја уништи кариерата и на скромниот Дечко од Мароко, кој мислеше дека е дволно добар за да му парира.
Но како што кажавме малку погоре, прашање на време е кога Чудовиштето пак ќе се повреди, и кога скромниот мароканец ќе мора да одговори на предизвикот, бидејќи играта на Брзоногиот Тапчо познат како Тео Волкот, кој обично игра десно а сака да биде централен напаѓач, не ветува многу.