Добро, тоа од фејсбук мојот капитен уште коа го видов си реков, Панче остани у фан клубот на Милан и не мрдај жити све, ама да го спуштате тука Занети на ниво на Легротаље маломорген ...
Дека Малдини е нумеро уно, е, бар според мене, најдобар дефанзивец убедливо и тоа у задњи 20 и кусур години, и уште нема некој за кого може да се каже дека е '' новиот Малдини '', ни приближно до него неам начекано, дефакто, Занети е ниво под него со остала багра имиња од фудбалот во пакет со Неста. Сега трофеи што нема у ЛШ јебига, не може да му се замери што покажал голема верност за клуб кој направил многу за него у животот ( а го бараа Реал кои имаа страшна генераицја на времето, исто и Барса и Јунајтед ), големите трофеи дојдоа у негови раце покасно во неговата кариера и то је то.
Како и да е, голем играч е, стана и играч од средина по потреба и тоа зашто Маикон дојде во Интер, и остана да игра таму и во ерата на Мурињо, што е реткост денес од еден класичен бек да направиш играч од средина кој на еден Меси,Чави плус Иниеста ( лани беа у топ 3 избор за Златна топка ), не им даде да дишат, таму се виде големината на Занети и тоа на 36 годишна возраст против тим кој е еден од најсилните воопшто во историјава на фудбалот.